Вие како претприемач сакате Вашиот бизнис да продава колку што може повеќе производи и/или услуги. Но, не можете да продавате нешто што Вие сакате да продавате. Можете да продавате нешто што Вашите потрошувачи сакаат да купат и да потрошат пари за тоа нешто.

Среќни потрошувачи - Основа за успешен бизнис
Често пати претприемачите прават грешка и се обидуваат да продадат нешто за што мислат дека треба да продадат. На ваков начин, не ги разбираат потребите на потрошувачите и заради тоа имаат низок број на потрошувачи и секако мал приход.
Со една ваква грешка на неразбирање на потребите на потрошувачите, ќе постојат два различни негативни ефекти:
- Низок број на задоволни потрошувачи и губење на незадоволни потрошувачи.
- Готовината се инвестира во производи и/или услуги која ќе остане на Вашите полици или во залихи и нема да може да биде продадена.
Доколку потрошувачот не може да купи нешто што сака да купи, тогаш тој станува незадоволен потрошувач и ќе бара алтернатива на Вашиот бизнис каде ќе бара она што му е потребно. Како и да е, она што е уште поважно, е дека секој нов потрошувач кој нема да ги задоволи своите потреби со Вашиот бизнис ќе биде загубен. Ова значи дека сите Ваши инвестиции во маркетинг за да најдете нови потрошувачи ќе бидат залудни.
Да погледнеме еден пример. Доколку имате 1000 тековни потрошувачи за еден месец и Вашата маркетинг кампања е добра и донесува секој месец дополнителни 100 потрошувачи. Во табелата подолу е даден еден приказ за следните три месеци за број на потрошувачи кои ќе ги имате доколку 30%, 20% 10% или 0% се незадоволни потрошувачи.
% на незадоволни потрошувачи | 30,00% | 20,00% | 10,00% | 0,00% |
Број на потрошувачи по 1 месец | 770 | 880 | 990 | 1100 |
Број на потрошувачи по 2 месеци | 609 | 784 | 981 | 1200 |
Број на потрошувачи по 3 месеци | 496 | 707 | 972 | 1300 |
Како што можете да забележите, со 30%, 20% и 10% незадоволни потрошувачи вашиот бизнис постојано ќе губи потрошувачи и тоа претставува негативен ефект на пеперутка. Ова значи дека постојано ќе ја губите бизнис потенцијалната енергија во маркетингот и тековните потрошувачи. Секое подобрување од 30% на 10% ќе ви даде драматично зголемување на потенцијалната енергија. Но, со 0% незадоволни потрошувачи, ќе имате позитивен ефект на пеперутка.
Оваа позитивна бизнис потенцијална енергија ќе се трансформира во зголемен приход и профит за Вашиот бизнис.
Како втор негативен ефект од ова неразбирање од страна на еден претприемач е губење на бизнис потенцијалната енергија складирана во готовината и во производите кои се продаваат. Прво, готовината е нешто што има голема бизнис потенцијална енергија за секој бизнис. Без готовина, нема да можете да го финансирате функционирањето на бизнисот. Од друга страна и таа мала готовина ќе ја вложите во производи кои имаат слаба бизнис потенцијална енергија.
Во следниот напис можете да прочитате за 10 Чекори за подобро разбирање на потребите на потрошувачите.
[…] претприемач.Претходниот напис на претприемач беше за Разбирање на потрошувачите ја зголемува бизнис потенц… каде идентификувавме два негативни ефекти од […]