post

Разгледај ги овие идеи за да го подобриш твојот бизнис

 

Синергија и анергија во бизнисот

Идеи за подобрување

Подобрување е секојдневна работа на секој од нас, како личности, но и како претприемачи. Дури и да не сме свесни, сепак како поминува времето сите ние се подобруваме.

Тука се 5 идеи кои можете да ги искористите уште денес за да најдете можни подрачја за подобрување за твојот бизнис, или едноставно искористете ги 77 бизнис подобрувања за 77 дена.

1. Погледни во твојот бизнис модел

Твојот бизнис модел е фундаментален елемент каде ќе ги најдеш можните подрачја за подобрување. Постави прашања за конкуренцијата, за потрошувачите, за вредноста која твојот бизнис ја нуди, за односите со потрошувачи, за твоите бизнис активности и за твоите бизнис ресурси.

Твојот бизнис модел е нешто што едноставно во една слика објаснува како твојата компанија креира, дистрибуира и комуницира вредност со твоите потрошувачи.

Можеш да прочиташ повеќе за дефинирање и редефинирање на твојот бизнис модел.

2. Погледни во твојот бизнис план

Еден бизнис план во исто време може да биде алатка за иницирање на подобрувања и предмет на самото подобрување.

Погледни во твојот бизнис плани и спореди ги актуелните постигнувања со оние планираните. Секаде каде што постои голема разлика е одличен знак дека нешто треба да се превземе за да се подобри подрачјето каде постои разлика.

3. Разгледај ги сите твои бизнис процеси

Твоите бизнис процеси се места каде што секогаш можете да најдете можности за подобрување. Тие секогаш може да бидат подобри утре за разлика од денес.

Затоа погледни во сите важни процеси во твојата компанија и обиди се да најдеш проблеми, „тесни грла“ или се што може да биде подобрено на некој начин.

Започнете со маркетинг процеси, продажни процеси, производствени процеси, процеси за регрутација на свежи кадри…

4. Погледни во историски податоци

Историските податоци претставуваат одлично место каде можеш да започнеш со барање на трендови и можни подрачја за подобрување.

Погледни во твоите податоци од продажба, во податоците за трошоци, или во било кои податоци кои во некаков облик се складирани на некаков начин во твојата компанија. Ќе најдеш огромен број на откритија кои може да се искористат за целите на подобрување на твојата компанија.

5. Погледни во твојата ценовна стратегија

И последно, и секако не и конечно место за можни подобрувања е твојата ценовна стратегија. Запрашај се и одговори ги следниве прашања:

  • Дали ценовната стратегија ми овозможува да ги покријам сите трошоци и да обезбедам доволен профит?
  • Каква ценовна стратегија се користи од страна на моите главни конкуренти?
  • Како можам да ја зголемам профитабилноста на мојата компанија?

Ова се само 5 места во кои можеш да започнеш со барање на можни подобрувања, но секако не се и единствени. Се што мислиш дека може да се подобри, вреди да се проба.

Затоа, започни со подобрувања на твојот бизнис уште денес!

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*