post

РАЗЛИКА ПОМЕЃУ МАЛИ И ГОЛЕМИ БИЗНИСИ

Често пати може да се слушне од малите бизниси дека големите им прават пречки и не можат да успеат токму заради тие големи бизниси. Често пати добри бизнис идеи на претприемачите не супеваат заради тоа што тие бизнис идеи се слични со некои големи бизниси. Иако бизнис идеата е добра, и има голем потенцијал и можеби се разликува токму во клучниот фактор за успех од големиот веќе постоечки бизнис, таа не заживува. Но, тоа е само покривање на слабостите на претприемачот. Многу е полесно да се бараат грешките кај друг отколку кај себе. Тоа е недостаок на храброст тие претприемачи да се борат со големите.

Но која е разликата помеѓу малите и големите бизниси? Да тргнеме со некои од карактеристиките на големите:

  • Имаат огромна финансиска моќ
  • Имаат голем потенцијал на човечки ресурси
  • Имаат големи потрошувачи
  • Вложуваат многу пари во маркетинг
  • Имаат пониски цени, заради попусти на обемот на нарачки што ги добиваат
  • Имаат големи залихи
  • Грешките можат да се толерираат
  • Не даваат дополнителни услуги
  • Тешко се менуваат или им требе повеќе време
  • Не можат да имаат лични односи со потрошувачите

Некои од карактеристиките на малите бизниси се:

  • Немаат финансиска моќ
  • Слаби се со човечки ресурси
  • Немаат големи потрошувачи
  • Немаат доволно финансии за маркетинг
  • Добиваат повисоки набавни цени заради мал обем на нарачки
  • Не држат големи залихи
  • Грешките можат да бидат кобни
  • Даваат дополнителни услуги на потрошувачите
  • Имаат голем потенцијал за брзо прилагодување
  • Одржуваат лични и блиски односи со потрошувачите

Од овие неколку карактеристики на мали и големи бизниси може да се забележи дека тие се дијаметрално спротивставени. Но, каде е клучот на успехот на малите бизниси? Предноста може да се побара и да се искористи во следниве карактеристики:

  • Бидејќи немаат големи финансии за маркетинг, малите бизниси се инвентивни и користат различни ниско буџетни маркетинг тактики кои може да бидат поинтересни и поблиски за потенцијалните потрошувачи.
  • Бидејќи не држат големи залихи, не плаќаат за складишта, како ни за трошоци за одржување на залихи. Со тоа компензираат дел од повисоките цени за набавка во однос на големите бизниси.
  • Бидејќи грешките може да бидат кобни како за претприемачот така и за бизнисот воопшто претприемачите на малите бизниси се доста претпазливи. Тие имаат посебна карактеристика да превземаат вкалкулиран ризик.
  • Заради повисоките цени воведуваат различни дополнителни услуги (без потребна бирократија на големите)кои можат да бидат од големо значење за потрошувачите што претставува предност во однос на големите бизниси.
  • Малите бизниси имаат особина на брзо прилагодување што кај големите заради бирократијата потешко се изведува што претставува вистинска предност на малите.
  • Малите бизниси се поблиски со потрошувачите и на секој потрошувач (голем или мал) можат да му обрнат посебно внимание при услужување што претставува предност во однос на големите бизниси.

Веројатно сте забележале дека малите кучиња се многу повоинствени од големите. Сте забележале како некое куче од мала раса се нафрлува на некое куче од голема раса, а големото го гледа не знае што се случува (а, можеби и не може да го види од големината). Но, во моментот кога големото зарже малото веднаш се повлекува, што значи дека му е мил животот. Токму такви може да бидат и малите бизниси, напаѓаат постојано, но без ризик да бидат смачкани од големите бизиниси.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Стуки says

    мал бизн нема бизнис со бизнис

Speak Your Mind

*