post

РЕКЛАМИРАЊЕ – СРЕДСТВО ПРЕКУ КОЕ ВЕ ДОЗНАВААТ

Рекламирањето претставува елемент од пропагандна програма кој пак е дел од маркетинг миксот. Преку рекламата луѓето дознаваат за Вашиот бизнис и може да постанат потенцијални купувачи кои потоа може да се трансформираат во вистински купувачи.

Но, постојат многу средства за реклама (радио, телевизија, печатен материјал, директна пошта, e-mail кампањи, интернет, златна книга…) кои создаваат вистински проблем во однос на изборот.

Кај нас, посебно кај малите бизниси е забележителна отпорност кон рекламирањето што не значи дека не е оправдана. Оправдањето за отпорноста кон рекламирањето на малите бизниси ја гледам во следниве причини:

  1. Претходно искуство на претприемачот – платил премногу пари за реклама која не дала резултати
  2. Поголем дел од понудувачите на рекламни услуги се непрофесионалци, особено оние локалните кои за локални бизниси мора да бидат на високо ниво. (Можете да забележите дека секоја реклама на ТВ или радио е слична по концепт, по читање, по начин на претставување…)
  3. Незнаење на претприемачот или немање на можност да се измерат резултатите од секоја рекламна кампања како би знаеле дали кампањата дава резултати или не.

Како неоправдана отпорност ја гледам во некои претходни стереотипи во стилот:

  1. Се рекламира оној на кого не му оди работата (Дали на Coca Cola не и оди работата па мора да се рекламира?)
  2. Најважно е да започнам со бизнисот па потоа кога ќе се разработи ќе се занимавам со рекламирањето. (Но, како луѓето ќе дознаат за Вашиот штотуку започнат бизнис ако не го рекламирате?)
  3. Рекламирањето претставува трошок. Да, оваа е вистинито, но заради лоша реклама или лош медиум или лош избор на целен аудиториум на рекламата. Но, вистинската реклама не е трошок бидејќи ќе ви донесе повеќе купувачи, а со тоа и повеќе приход и поголем профит.

Но, запомнете дека единствен начин преку кој луѓето ќе дознаат за Вас и Вашиот бизнис е рекламата. Бизнис без реклами е бизнис кој влегува во тунел без да ги запали светлата и ништо не може да види. Исто како да сте избрале да бидете нем, да не зборувате, никој да не ве слуша, да бидете невидлив, никој да не ве види. Дали оваа е потребно. Секако дека не! Искористете ја моќта на рекламирањето, најдете ги вистинските медиуми за Вашиот бизнис и тргнете напред, но не заборавајте да анализирате постојано и да ги прекинувате активностите кои не допринесуваат.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*