post

Репутација – Маркетинг Средство 34

Маркетинг и маркетинг средствата се ништо без да градат една стабилна околина околу Вашиот бизнис. Се што работите мора да има една цел, а тоа е да изградите солидна репутација за Вас како претприемач и за Вашиот бизнис.

Репутација како маркетинг средство

Доколку успеете во оваа намера или оваа цел, Вие како претприемач ќе немате проблем со недостаток на купувачи, односно Вашата продажна инка ќе има потенцијал секогаш да биде полна.

Како 29 маркетинг средство на претприемач го претставивме кредибилитетот. Кредибилитетот и репутацијата се слични, но сепак две различни работи кога станува збор за еден бизнис.

Разлики помеѓу кредибилитет и репутација

Следниве разлики се однесуваат на кредибилитет и репутацијата:

  • Кредибилитет претставува верување, додека репутацијата претставува изграден став или мислење.
  • Кредибилитет може да е точно верувањето, но може и да не е точно бидејќи претставува објективно или пак субјективно верување. Репутацијата пак се однесува на нешто што веќе е докажано како точно, бидејќи луѓето веќе имаат изградено став или пак мислење.
  • Кредибилитетот за Ваш бизнис е познат за едно лице кое верува во тоа, додека репутацијата претставува став на заедницата, односно на група на лица кои мислат дека сте вредни.
  • Кредибилитетот се гради со уверување на лицата, додека репутацијата се гради со нашите претходни акции или пак активности кои на некој начин се евалуирани од заедницата.

Во секој случај, добро е да се тргне со градење на кредибилитетот, кој со помош на нашите активности ќе стане добра репутација за нашиот бизнис.

Што е репутација?

Во претходниот поднаслов за разликите можеби веќе приметивте што всушност претставува репутацијата. Но, како една дефиниција би ја искористил дефиницијата во Wikipedia за репутацијата:

Репутацијата претставува јавно мислење (или технички кажано социјална евалуација) на јавноста кон одредена личност, група на луѓе или пак организации…

Репутацијата може да се гледа како компонента на идентитетот дефиниран од страна на други луѓе.

Она што го нагласив во оваа дефиниција е:

  • Јавно мислење. Какво мислење има јавноста за Вас како претприемач и за Вашиот бизнис?
  • Социјална евалуација. Како заедницата ве евалуира Вас како претприемач и Вашиот бизнис?
  • Идентитет дефиниран од страна на други луѓе. Каков идентитет ви даваат другите луѓе?

Дали репутацијата е важна?

Во нашиот секојдневен живот ние сме судии за многу работи како бизниси, влади, политички партии, соседи… Тие пресуди ги носиме врз основа на репутацијата која ја имаат тие субјекти. Ние врз основа на таа пресуда донесуваме одлука каде ќе купуваме, што ќе купуваме… Во еден конкурентски пазар одлуката се носи врз основа на репутацијата која нам ни се допаѓа.

Па дали сакате во заедницата во која функционира Вашиот бизнис да имате добра репутација? Мислам дека одговорот секако ќе ви биде дека сакате.

Дали политичките партии се борат за подобра репутација која на наредни избори ќе им овозможи да ја добијат довербата од заедницата? Сигурно, Да.

Како до подобра репутација?

Врз основа на што политичките партии ја градат сопствената репутација? Врз основа на нивната работа во претходните 4 години како дел од власт или пак опозиција. Врз основа на маркетинг средствата кои ги користат. Врз основа на однесувањето на сопственото членство.

Но, она што е интересно за политичките партии може да сепримени и во бизнис светот. Тоа е дека за добра репутација на еден ентитет, огромна улога има и другиот – спротивниот ентитет (конкурентот). Колку конкурентот има послаба репутација, толку поголема ќе имате Вие како претприемач и Вашиот бизнис.

Но, репутацијата се добива и се губи. На едни избори заради висока репутација ќе победи една политичка партија, додека на други избори ќе победи друга политичка партија која ја подобрила сопствената репутација.

Можеме да заклучиме дека подобра репутација ќе имамо доколку:

  • Нашите активности постојано ја зголемуваат нашата репутација.
  • Постојано ја подобруваме нашата репутација.
  • Постојано ги искористуваме слабостите на нашата конкуренција во однос на нивната репутација.
  • Комуницираме постојано со нашата заедница како би им овозможиле да не евалуираат за да ни ја зголемуваат нашата репутација.

Како најважно нешто би ја издвоил комуникацијата, бидејќи без неа воопшто ќе немаме репутација. Комуникацијата се однесува во однос на комуникација со:

  • Наши тековни купувачи,.
  • Наши потенцијални купувачи.
  • Купувачи на нашите конкуренти,
  • Потенцијалните купувачи на нашите конкуренти,
  • Наши снабдувачи и
  • Снабдувачи на нашите конкуренти.

Што претставува менаџмент на репутација?

И за крај на оваа маркетинг средство би напоменал неколку збора за менаџмент на репутација кој во последните години се изградува како една посебна дисциплина на менаџментот како наука.

Постојат 2 функции на менаџмент на репутација:

1. Градење на репутација

Како што кажува самото име целта на оваа функција е постојано да се гради бизнис и претприемничката репутација. Ова функција не е потребна само на стартап бизнисите кои немаат никаква репутација туку и на оние кои имаат изградена но можат да ја доградуваат или пакподобруваат.

2. Одржување на изградената репутација

Кога веќе ќе изградиме одредена репутација оваа функција служи да ја одржуваме односно да не дозволиме да ја изгубиме таа веќе изградена репутација.

Така да менаџмент на репутацијата претставува еден циклус кој никогаш не завршува и се надополнува со сопствените функции – градење и одржување.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*