post

Саем – Маркетинг Средство 32

Крајот на минатата и целата оваа недела ќе биде недела на маркетингот на претприемач.

Саем како маркетинг средство

Ова е веќе 32-рото маркетинг средство од овој серијал на маркетинг средства на претприемач. Саем, можеби едно од најконтроверзните маркетинг средства во последно време. Контроверзно затоа што за едни претприемачи е успешно, додека за други претставува едноставно трошење на пари. Но, сепак може да бидат навистина корисни, бидејќи ретко на кое друго место можете да најдете бизниси од иста или пак слична индустрија на исто место во исто време.

Што претставуваат саеми?

Саемите едноставно претставуваат изложбени простори на кои еден претприемач може да ги изложи и претстави своите производи и услуги пред потенцијалните потрошувачи.

Давателот на саемската услуга (изнајмувачот на просторот) се грижи за сите маркетинг активности за тој саем на кој ќе се изложува. Вообичаено на еден саем се изложуваат група на производи или услуги од една индустрија.

Предности на саемите?

Да разгледаме некои предности кои саемот ги нуди за еден претприемач:

  • Високо таргетирана група на посетители. Некој кој не е заинтересиран за технологијата и технолошките достигнувања нема да биде присутен на Технома. Додека оној кој е заинтересиран да го обнови својот интериер ќе го посети саемот за мебел. Ова значи дека на еден саем ќе бидат присутни луѓе кои на некој начин имаат интерес за одреден производ или пак услуга кои што ќе бидат изложени на тој саем.
  • Високо претставително маркетинг средство. Потенцијалните клиенти во бизнисот што ќе го видат на еден саме сметаат дека се професионалци бидејќи навистина понудувачот на самските услуги и самиот претприемач направат едно привлечно катче од штандот на кој се претставуваат производите.
  • Голема посетеност. Како и да е сепак саемите се доста посетени во тие неколку дена колку што трае. Вообичаено доаѓаат луѓе од сите градови кои се заинтересирани за некој производ или пак услуга бидејќи сметаат на некаков саемски попуст кој сакаат да го искористат.
  • Можност за комбинација на други маркетинг средства. На саемите освен прикажување на производот или услугата кои ги нудите како претприемач можете да делите и други маркетинг средства како бизнис картички, флаери, брошури
  • Можност за демонстрација во живо. Оваа предност ниедно друго маркетинг средство не ја нуди. Во живо потенцијалниот купувач има можност да ги види сите карактеристики на производот што е изложен.

Недостатоци на саемите?

Како и секое друго маркетинг средство и саемите имаат свои недостатоци:

  • Висока цена. Како еден од најголемите недостатоци кои ги погодуваат малите бизниси и претприемачот е високата цена за изнајмување на еден штанд на саемот на кој ќе се изложуваат производите и услугите.
  • Кратко време на изложување. Саемите имаат краток животен век. Тие траат неколку дена и за тие неколку дена потребно е да направите доволно зделки за да успеете да ги извадите трошоците. Се смета дека почесто зделките доаѓаат по завршување на саемот, што може да значи и дека оваа не е недостаток. Во секој случај, имате многу кратко време за да се претставите Вие како претприемач и Вашиот бизнис во вистинското светло.
  • Голем процент посетители за да бидат видени. Се почесто саемите се користат од луѓето да си го поминат времето и за да бидат видени како би седнале на кафе со своите пријатели и би се пофалиле дека биле на тој и тој саем. Овој недостаток директно ја намалува предноста на големата посетеност на саемите.
  • Голем процент на посетители – конкуренти. Саемите се користат и од конкурентите кои не изложуваат одблиску да дојдат и да го видат производот за кој се заинтересирани и тие да го понудат. Така да, кога Вие како претприемач, го користите саемот како маркетинг средство знајте дека одреден процент на „потенцијални потрошувачи“ ќе бидат испратени од Вашите конкуренти.

Препораки за еден Претприемач

  1. Бидете внимателни при избор на оваа маркетинг средство. Разгледајте дали имате можности и дали ќе ви се исплати саемот како маркетинг средство. За секој бизнис оваа маркетинг средство не е соодветно.
  2. Доколку сакате да освоите други пазари, надвор од државните граници разгледајте ја можноста да учествувате на меѓународни саеми надвор од Македонија.
  3. Разгледајте ги како опција алтернативните штандови. Вообичаено саемите имаат мали простори кои не се скапи (на пример, простој преку кој се поминува од хала во хала). Доколку сте мал бизнис со ограничен буџет, а сакате да се претставите на некој начин на саемот ова е одлична варијанта за Вас како еден претприемач.
  4. Делете различни маркетинг средства како што се брошури, флаери, бизнис картички, каталози… Секој кој ќе се приближи до Вашиот изложбен простор дајте му рекламен материјал.
  5. Обидете се да остварите комуникација со секој заинтересиран за Вашите производи или услуги.
  6. Нека не ви биде тешка презентацијата на Вас и Вашите вработени за секој кој ќе биде заинтересиран.
  7. Направете го изложбеното катче колку што може да биде поинтересно за да привлече доволно внимание на потенцијалните потрошувачи.

Кога ќе започнеме со презентација на онлајн маркетинг средства ќе стане збор за еден друг вид на саем – електронски саем и за кој веќе пишувавме на претприемач во еСаем за Бизниси – MakExpo.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] идеи може да произлезат од посетата на саеми и електронски […]

  2. […] на саеми. Ова е вообичаена продажба каде преку директна […]

Speak Your Mind

*