post

Сакате да бидете на врвот? Oбезбедeте внатрешна поддршка

Често пати кога го развиваме бизнисот размислуваме за надворешните елементи повеќе отколку внатрешните.

Така се наоѓаме во ситуација кога постојано очите ни се насочени кон купувачите, конкурентите, партнерите…

Но, што е со бизнисот и вработените, организацијата, системите…?

Вработените претставуваат клучна алка во синџирот кој обезбедува се да функционира онака како што треба да функционира.

Може се да се испланира онака како што треба, да се произведе онака како што треба, да се презентира онака како што треба, но сепак бизнисот да изгуби затоа што некој вработен задолжен за испорака не си ја заврши работата како што треба.

Мотивацијата вработените да бидат на нивото на потребите на работните задачи е еден од клучните елементи кои треба да обезбедат успешно функционирање на бизнисот. Но, мотивацијата е посложена од она што сметаме или го разбираме.

Како што и купувачите имаат потреби и проблеми за кои бизнисот бара решение, така и вработените бараат одредена нега за да можат повеќекратно да му вратат на бизнисот за кој работат. Различни потреби, различни проблеми, различни размислувања… Сето тоа го прави процесот многу посложен.

Прашањето е како да ги мотивирате вработените за да го дадат својот максимум за развојот на вашиот бизнис? Дали се тоа пари?

Финансиката награда и парите претставуваат навистина голем мотивирачки фактор, сепак треба да бидеме реални. Често пати можеме да слушнеме дека парите не се најважни. Не можам да кажам ниту дека не е вистина ниту дека е вистина таа изрека.

Зошто поголемиот дел од вработени преминуваат од една компанија во друга? Барем кај нас е повисоката финансиска придобивка. Многу се ретките случаи кога причината за трансферот е нешто друго неповрзано со парите.

Сепак, верувам дека сите сме прчитале нешто за хиерархијата на потреби од страна на Маслов, каде според неговите истражувања и теоријата базирана на тие истражувања можеме да забележиме дека парите не се единствениот мотивациски фактор.

Овој пост би претставувал еден вовед во темата која планирам во иднина малку подетално да ја разработам тука. Затоа би сакал да нафрлам некои факти, мисли и идеи кога станува збор за мотивацијата.

  • Помина времето кога мотивацијата можевме да ја базираме на идеите на Тејлоровиот научен менаџмент. Денеска луѓето се многу посложени од минатотот, но и работните задачи се многу посложени па затоа и нивната страндардизација и мерење на учинокот на вработените веќе не е можно.
  • Луѓето иако ги сакаат парите, да бидеме искрени, сепак не може да се најде линеарна врска помеѓу висината на финансиската награда и висината на мотивацијата на вработените. Мора да се разработи еден комплетно нов систем кој ќе биде доволно флексибилен за да се применува во различни бизниси.
  • Потребен е еден микс на мотивациски техники кои би можеле да се имплементираат во различни видови на ситуации, особено во делот на здодевни повторувачки активности и оние креативните.

Во прилог би ги препорачал следниве линкови кога станува збор за мотивацијата:

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*