post

SEO – Оптимизација за пребарувачи – Маркетинг средство 60

Стигнавме можеби до најважното маркетинг средство за малите бизниси особено кога станува збор за онлајн маркетинг средства. Тоа е оптимизација за пребарувачи или попопуларно кратенката SEO. Ова маркетинг средство ќе се обидам да го разработам на претприемач малку поинаку од другите поради фактот што ќе биде премногу долго за да го сместам во еден пост. Затоа и излегувам од распоредот секој вторник да биде резервиран за маркетинг средство и во овој случај ова ќе биде серијал од неколку написи за SEO.

Досега неколку пати пишував за оваа маркетинг средство и тоа особено за некои мои анализи и резултати од тестирања на еден реален веб сајт. Тие тестирања и натаму продолжуваат и базата на податоци се полни со навистина квалитетни информации кои едноставно ми овозможуваат одредена математичка релација помеѓу она што произлегува како резултат. Некои од сознанијата ги напишав во Како на прво место на Google за неколку минути. Она што можам сега да го претставам е дека навистина тој наслов кој го претставив во тој пост е најчитан во последниве месеци гледано на месечно ниво.

Кога сум веќе тука би сакал и да ги презентирам резултатите од примена на тие принципи наведени во тој напис за број на посетители добиени од органско пребарување на Google.

Ова е споредбен график за два периоди: првиот од 01.02.2010 до 31.03.2010 и вториот од 01.04.2010 до 31.05.2010. Овој период го избрав затоа што ги користев тие препораки кои ги наведов во гореспоменатиот пост. Она што може да се забележи е дека благо започнува да се зголемува број на посетите кои што доаѓаат од пребарување на Google. Заради подобра претстава подолу се и графиците кои се однесуваат на поединечен период за точно да се види бројот на посети и секако број на клучни зборови кои донеле посета.

Ова е график кој се однесува на периодот Февруари-Март, период кога започнувам да обрнувам внимание на клучни зборови, структура на текстот, линкови итн. Можете да забележите дека веќе при крајот на март започнува веќе да се зголемува бројот на посетители кои доаѓаат преку пребарување и секако во тој период оваа веб страна имала 1821 посетители преку 867 клучни зборови. Да видиме сега како е во следниот период:

Во следниот период веќе има над 1000 посетители повеќе и тоа преку 1505 клучни зборови. Ова значи дека и фондот на зборови за кои оваа веб страна е забележана од пребарувачот е зголемен за скоро двојно. Ова не се некои огромни резултати за кратко време, сепак на оваа веб страна се работи скоро една година. Но, сепак може да се заклучи дека претставуваат стратешка инвестиција кога станува збор за онлајн маркетинг средства.

Зошто серијал од постови за SEO?

Се одлучив на еден ваков чекор поради фактот што сметам дека проблематикава сеуште е слабо разработена кај нас, дури и претставув непознаница. Така да може да забележите понуди од веб дизајнери кои нудат ваква услуга, а она што го навеле не е ни С од SEO. Од друга страна последниве две години инвестирав многу време и пари во истражување на оваа проблематика и она што е најважно тестирав различни стратегии, тактики, алатки… Од сите тие тестирања произлегоа различни заклучоци и сознанија. Тестирањето не го вршев на претприемач туку на една друга веб страна (Entrepreneurship in a box) која е на англиски со цел да дојдам до сознанија кои ќе им помогнат на македонските компании – извозници да бидат видливи кај пребарувачите. Како еден пример кој го обработив на претприемач можете да прочитате во следниве написи:

Што ќе биде опфатено во овој серијал за SEO?

  • Што претставува SEO? Потребно е јасно разграничување на тоа што претставува оптимизација за пребарувачи. Тука лежи и најголемата грешка која може да се направи сите други активности да бидат бесцелни. Ова ќе биде еден посебен напис во кој ќе разграничиме што претставува SEO, а што не претставува SEO.
  • Основни столбови на SEO. Во овој дел од овој серијал ќе навлезам во трите најосновни столба на оваа оптимизација: Клучни зборови, Фактори на самата веб страна (On-Page) и фактори кои не се на самата веб страна (Off-Page).
  • Блогирање како дел од SEO стратегија. Моќта на содржината и блогот како едно средство за производство на содржината има големо влијание на оптимизација на пребарувачи. Затоа како надополнување на блогот како маркетинг средство ќе ја разгледаме и оваа дополнителна улога.
  • Дали размена на линкови вреди? Оваа прашање го анализирам повеќе време и веќе во последниот месец дојдов до квалитетен одговор. Се вклучив активно во примена на овие стратегии за да видам како влијаат, но се случи нешто за што подетално ќе опишам во постот кога ќе дојде ред.
  • Користење на алатки. Како последен наслов ќе биде користење на одредени алатки во еден ваков процес.

Продолжете со следниве написи:

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] на написи. Како што најавив во претходниот напис SEO – Оптимизација за пребарувачи – Маркетинг средство… потребно е јасно разграничување на тоа што […]

  2. […] за пребарувачи (SEO). Досега поминавме нешто општо за SEO, потоа разграничивме за тоа што претставува SEO и го […]

  3. […] пост од овој серијал на постови за SEO како маркетинг средство се однесува на трите основни столба на кои се базира […]

  4. […] мало влијание врз истите. Досега поминавме нешто општо за SEO, потоа разграничивме за тоа што претставува SEO, го […]

  5. […] стана збор. Досега во овој серијал поминавме нешто општо за SEO, потоа навлеговме во  тоа што претставува SEO, го […]

  6. […] станува збор за SEO. Во овој серијал поминавме нешто општо за SEO, потоа навлеговме во тоа што претставува SEO, го […]

  7. […] во овој процес. Во овој серијал поминавме нешто општо за SEO, потоа навлеговме во тоа што претставува SEO, го […]

  8. […] средство на претприемач по еден турбо серијал за SEO. Досега бевме сконцентрирани околу креирање на […]

  9. […] SEO – Оптимизација за пребарувачи – Маркетинг средство…. Овој напис беше најава на серијалот за оптимизација за пребарувачи како еден вид на маркетинг средство на претприемач. Тука навлегов во некои основи на SEO и некои претходни постови во кои ја чепнав оваа проблематика. […]

Speak Your Mind

*