post

SEO Основни столбови – Off-Page Фактори

SEO Off-Page фактори

SEO Off-Page фактори

Стигнавме до навистина најтешкиот столб на еден SEO процес, а тоа е Off-Page фактори за оптимизација или фактори на кои ние немаме или пак имаме сосема мало влијание врз истите. Досега поминавме нешто општо за SEO, потоа разграничивме за тоа што претставува SEO, го претставивме првиот основен столб на еден ваков процес – истражување и анализа на клучни зборови и вториот столб – On-Page оптимизација или неколку најважни фактори за оптимизација кои се наоѓаат на самата страна.

Велам дека овој столб потешко се менаџира бидејќи во голем дел зависи од други, а не од самите Вас. Сега реално може да се каже дека постојат начини и стратегии преку кои можете да влијаете на овие фактори, но сепак тие не се толку едноставни, а најдобро е доколку се остварат на природен пат. Основа на овој столб на еден SEO процес претставуваат дојдовни линкови.

Во Што претставува SEO накратко навлегов во една историја на развој на пребарувачите и дека се користи метод на рангирање врз основа на вкупен број на цитати или во овој случај вкупен број на линкови кон една веб страна. Тоа се дојдовни линкови од друга страна кон Вашата.

Основата на овој столб е да имате повеќе влезни линкови со подобар квалитет за да имате подобро рангирање на страната со резултати на пребарувачите.

Ќе се обидам во наредниот дел од овој пост да навлезам во неколку најважни Off-Page фактори:

1. Линкови од страни со висок авторитет

Кога станува збор за подобар квалитет на влезни линкови прво што ми паѓа на ум е линкови од веб страни со висок авторитет во очите на пребарувачите. Ова се веб страни кои имаат илјадници и илјадници линкови од други веб страни кон нивната содржина. На пример, линк од Wikipedia кон Ваша веб страна ќе значи многу повеќе отколку 1000 линкови од веб страна со никаков авторитет.

Зошто Wikipedia има толку висок авторитет? Затоа што скоро секојдневно некоја веб страна или блог се повикува на некоја дефиниција или нешто што е напишано на Wikipedia. Затоа и пребарувачите препознавајќи ги тие линкови сметаат дека Wikipedia претставува навистина авторитетен извор на информации. Е, сега тој авторитет на Wikipedia и доколку некаде постои цитат од Вашата веб страна и линк до вашата веб страна на страната на Wikipedia автоматски ќе го зголеми авторитетот и на Вашата веб страна.

Ова се веб страни кои имаат висок Page Rank. Линкови кои доаѓат од веб страни со поголем PR кој се движи од 0 до 10 ќе биде повреден за рангирањето на Вашата веб страна.

2. Anchor Text

Anchor Text претставува текст на кој е поставен хиперлинк. На пример, страна А поставува линк до Вашата страна а текстот е Кликни тука или Име на ваш бизнис или пак Ваш клучен збор. Еве уште еден пример: Претприемач. Текстот има линк до почетна страна на претприемач, а anchor text во овој случај е она што еден посетител го гледа – Претприемач.

Овој фактор е можеби еден од најважните фактори во Off-Page столбот на еден SEO процес. Она што е најдобро за еден ваков процес е anchor text да биде клучниот збор за кој вршиме оптимизација на нашата веб страна. Еден ваков линк со квалитетен збор како anchor text му кажува на пребарувачот дека Вашата страна има авторитет за таков збор.

Вие веќе имате клучни зборови од вториот столб, но сите тие клучни зборови не се подеднакво важни. Еден од нив претставува најважен збор за кој Вие се обидувате да ја оптимизирате дадената веб страна. Така да најценето од пребарувачите е дојдовниот линк да има anchor text кој ќе биде ист со Вашиот најважен клучен збор.

Ќе прикажам еден пример, кој се користи секогаш како еден училишен пример за прикажување на значајноста на овој anchor text. Ќе извршам пребарување на Google за зборот Click Here. Резултатите се следниве:

Резултати за пребарување на Click Here

Резултати за пребарување на Click Here

Забележувате дека на прво место на органско пребарување се појавува страната на Adobe која се однесува на нивниот производ Adobe Reader. Ако отидете на таа нивна страна ќе забележите дека воопшто зборот Click Here не се наоѓа на странатa ниту пак се користи како клучен збор во некој од факторите за On-Page оптимизација. Зошто е тоа така? Единствен логичен заклучок е дека на интернетот постојат многу веб страни кои даваат линк кон оваа страна на Adobe со Anchor Text Click Here.

3. Линкови кон специфична страна

Како трет фактор би го издвоил потреба од линкување кон одредена, специфична веб страна. Она што е важно тука е да се знае дека не можете за 100 зборови една веб страна да ја оптимизирате за пребарувачите. На пример имате почетна веб страна на основно домен име и сакате за 100 клучни зборови да ја оптимизирате. Оваа практично е невозможно, или пак доколку успеете нема да изгледа онака како што треба. Затоа, и се очекува да имате повеќе веб страни оптимизирани за различни зборови и успех за Off-Page оптимизација ќе биде доколку доаѓаат линкови од различни веб страни до тие ваши страни со anchor text кој е клучниот збор за соодветната страна.

Методи со кои ќе можете да влијаете на овие фактори

Значи ова линкување од надвор кон специфична ваша веб страна може да оди по т.н „природен пат“ и она што јас го нарекувам „неприроден пат“. Ова неприроден пат не значи дека Вие ќе мамите, туку едноставно учествувате во овој процес со градење на линкови кон Вашата веб страна. Со користење на овој начин ќе имате влијание и на anchor text и на специфичната страна со клучниот збор за кој се оптимизира таа страна.

Во овој дел би навел неколку стратегии. Некои сум ги користел и имам изградено сопствено мислење, некои ги анализирав врз основа на статистичкиот примерок од мојата база на податоци, но постот би бил предолг за да гиопфатам сите овие заклучоци. Затоа планирам овој серијал да го доработам и средам во една е-книга. Прво што ми падна на ум за овој дел се следниве 5 методи:

  1. Дистрибуција на артикли
  2. Купување на линкови
  3. Размена на линкови (ќе следи посебен пост од овој серијал)
  4. Коментирање на блогови
  5. Веб директориуми

Продолжете со следниве написи:

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Тотално се согласувам со вас Драган. Сепак дури и да направиме се како горе наведеното, ни останува уште многу да чекаме и да се надеме за поголем PR 🙂

    • Здраво Марија,

      Некако зборот чекање и надевање не ми се допаѓа, затоа што означуваат пасивност, што пак не е препорачливо. Ова е само еден мал дел од стратегии со акции за имплементација кои не даваат веднаш резултати. Но, постојаната активност, постојана нова квалитетна содржина и постојано прилагодување на сајтот кон корисниците е нешто што полека но сигурно ќе започне да дава резултати. Од друга страна PR-от иако е важен не е и најважен, игра улога, но не е единственото нешто што влијае на резултатите.

Trackbacks

  1. […] SEO – Основни Столбови -Столб 3 – Off-Page оптимизација […]

  2. […] SEO – Основни Столбови -Столб 3 – Off-Page оптимизација […]

  3. […] SEO – Основни Столбови -Столб 3 – Off-Page оптимизација […]

Speak Your Mind

*