post

SEO Основни столбови On-Page оптимизација

On-Page фактори за SEO оптимизација

On-Page фактори за SEO оптимизација

Да продолжиме со вториот и третиот столб на еден процес на оптимизација за пребарувачи (SEO). Досега поминавме нешто општо за SEO, потоа разграничивме за тоа што претставува SEO и го претставивме првиот основен столб на еден ваков процес – истражување и анализа на клучни зборови.

Треба да напоменам дека овие таканаречени столбови на еден SEO процес претставуваат континуирана работа и активност. Оваа материја или проблематика е променлива. Трендовите се менуваат многу често, така да за некои подрачја или ниши на пазарот еден тренд може да биде сега додека по еден час да се појави нешто ново како тренд. Затоа барем на месечно ниво морате да следите што се случува со клучните зборови и секако да го ажурирате и применувате сето она до што ќе дојдете. Значи SEO e стратешки и континуиран процес за еден бизнис.

Првин, што претставуваат On-Page фактори за оптимизација? Тоа се сите фактори и елементи на кои што вие имате влијание и се наоѓаат на Вашиот сајт и слободно можете да ги менувате, едитирате или организирате, а во исто време имаат влијание на појава на вашата веб страна на резултатите на пребарувачите.

Во овој дел ќе се обидам да ги наведам главните елементи што спаѓаат во оваа столб на еден процес на SEO.

1. Title Tag – Наслов на страната

Насловот е она што се појавува на врвот на интернет пребарувачот кога посетуваме една веб страна. На сликата подолу е даден пример на насловот на страната:

Наслов на страна - Title Tag

Наслов на страна - Title Tag

Забележувате дека оваа веб страна во насловот го има клучниот збор кој го пребарував на Google (Welded Steel Pipe). Не можам да кажам дека овој наслов е нешто најдобро оптимизиран, но сепак за индустријата во која се наоѓа овој бизнис и секако слабото познавање на SEO од страна на други конкуренти го прават најдобар. Еве друг пример да видите една страна која воопшто ја нема до 10-та страна од пребарувачите, а е од иста индустрија:

Веб страна без наслов

Документ без наслов, тоа е значењето на насловот на оваа веб страна.

Ова е еден од најважните On-Page фактори кои еден пребарувач го гледа и препознава како прво нешто на една веб страна. Затоа со помош на зборовите кои ги анализиравте претходно определете квлитетни наслови за секоја страна или за секој текст артикал или некој опис што ќе го користите на таа веб страна.

2. Клучни зборови и Опис

Клучните зборови и опис се елементите кои Вие ги наведувате на секоја веб страна, а кои за разлика од насловот не се директно видливи за посетителот на веб страната, но се користат од страна на пребарувачите за да ја најдат и да препознаат за што се однесува Вашата веб страна. Овие елементи немаат огромно влијание и важност како во минатото, но сепак играат важна улога во SEO. Ова особено се однесува на описот бидејќи истиот се појавува на страната со резултатите на Google (види слика подолу).

Резултати - Наслов и опис

Резултати - Наслов и опис

А еве што е она што пребарувачите го читаат во кодот на Вашата страна:

Позадински код - Наслов, опис и клучни зборови

Позадински код - Наслов, опис и клучни зборови

Уште еднаш да напоменам, дека овој пример не е пример за добро оптимизирана веб страна. Туку само како пример каде што се наоѓа што Вие можете да го оптимизирате. Забележувате одредено претерување во примерот во однос на опис и клучни зборови, ми се чини дека имаат повеќе клучни зборови отколку број на зборови во текстот на страната. Дали тоа Google нема да го забележи? Секако дека ќе го забележи само што во овој случај конкурентите се уште послаби од овој бизнис па затоа и котира високо на резултатите од пребарување.

3. H1, H2, H3 Tags – Поднаслови

Третиот елемент по важност кои што пребарувачот ги гледа во проценка на релевантноста на една веб страна се поднасловите или зборувано на технички јазик H1, H2, H3..

Ова е исто како кога во MS Word пишувате некој текст и ги означувате поднаслови во вид на стил: Heading 1, Heading 2…

MS Word споредба со SEO

MS Word споредба со SEO

Да напоменам дека важноста во определување на релевантноста на Вашата веб страна во однос на некој збор кој се пребарува за да се појави на резултатите на пребарувачот се движи од 1 нагоре. Ова значи дека поднасловот означен како h1 е поважен од поднасловот означен како h2 и h2 e поважен од h3 итн.

Бидејќи страната која што ја анализирав нема вакви поднаслови (h1,h2,…) па затоа ќе го претставам позадинскиот код на една страна од претприемач:

Поднаслови h2

Поднаслови h2

4. Содржина – Густина на зборови

Забележувате дека одиме од горе према надолу на една страна. Досега ниту ние ниту пребарувачите не погледнавме во текстот што е содржан на една страна. Пребарувачите не се живи суштества и не можат да разберат што е значење и каков е квалитетот на содржаниот текст на една веб страна. Но, затоа можат да препознаат каква е густината на зборовите за кои Вие ја оптимизирате Вашата страна.

Густина на зборови претставува зачестеност на појава на еден збор во содржината на веб страната. На пример ако имаме текст кој содржи 100 збора и нашиот клучен збор се повторува 2 пати тоа значи дека густината ќе биде 2% (2/100).

Внимавајте да не претерате со повторувања на зборови бидејќи веднаш ќе бидете отфрлени, или казнети од страна на пребарувачот и вашата страна нема да биде земена во предвид при прикажување на резултатите.

Втората работа која сакам да ја напоменам тука е да се обидете сите зборови кои ќе ги имате во клучни зборови да ги искомбинирате и во текстот или пак доколку ги немате воопшто не ставајте ги како клучни зборови.

5. Слики

Мислам дека не постои веб страна која не користи некакви слики. Се вели дека сликата менува 1000 зборови. Но, пребарувачите не можат толку едноставно да ја прочитаат сликата односно текстот на сликата. На пример, доколку имам една ваква слика:

Мој клучен збор - Слика

Мој клучен збор - Слика

Пребарувачот гледа дека има некоја слика но, не знае што е на таа слика. Во овој случај – Мој клучен збор. Но затоа, во има начин на кој што пребарувачот ќе може да знае и да ја прочита текстуалната замена на сликата. Тоа се т.н. alt tags. Така да доколку во позадинскиот код каде што е сликата направам вака:

Alt tag на слика за SEO

Alt tag на слика за SEO

сликата ќе биде препознатлива за пребарувачите или барем дел од она што треба да означува таа слика ќе биде прочитано од страна на пребарувачите. Забележувате дека ние не правиме тука никаква измама, туку едноставно им олеснуваме на пребарувачите подобро да ја разберат нашата страна.

Како дополнителен елемент претставува и името на сликата. На пример име на една слика е попрепознатливо за пребарувачите доколку е moj_klucen_zbor.jpg отколку 2010-06-10_142707.jpg.

Ова би биле основните On-Page фактори за оптимизација за пребарувачи. Постојат и различни дополнителни елементи кои може да се разгледуваат како на пример болдиран текст, внатрешни хиперлинкови, вкупен број на зборови… Некои до тие ги опфатив во Како на прво место за неколку минути? Но, во секој случај ова се најважните елементи кои би требало да ги разгледате и имплементирате за секоја страна од Вашиот веб сајт.

Продолжете со следниве написи:

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Анонимен says:

    Навистина немам зборови. Многу добар мини прирачник за секој што сака да направи SEO на својата веб страна. Јас ќе го препорачам овој пост на секој што сака да разбере што значи Search engine optimization.

    Јас само би додал следниве работи:

    -Треба да се внимава на насловот (title tag) кој не би требало да надминува 7 зборови, и клучниот/те збор/ови да бидат на почетокот на насловот

    – Описот не треба да биде подолг од 140-150 каратктери (колку еден твит)

    – Не треба да се претера со бројот на клучни зборови

    Уште еднаш, Драганблагодарам на одличниот пост

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Благодарам Игор,
      Јас сеуште сум во фаза на истражување и анализа на овие елементи кои ги напоменуваш тука, за некои веќе пишував во Како за неколку минути на прво место на Google. Но, точно е не треба да се претерува. Обично мислиме дека ако претераме ќе биде подобро, незнаејќи дека само си правиме негативни ефекти.

  2. Добро објаснето, но јас би сакал да опфатиш примери со македонски страници. Колку е битно да бараш на Google на пример „челични конструкции“ и "celicni konstrukcii" и колку тоа се одразува на резултатите.

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Примерите ги давам затоа што работам со компании кои сакаат да се најдени на глобален пазар бидејќи македонскиот пазар е само 1-3% од нивниот севкупен капацитет. Една од страните е македонска кој сака да се натпреварува на глобално ниво во прикажаниот пример. Во услови кога бележиме дебакал во надворешно трговска размена, во услови кога веќе 20 години сме во некоја транзиција, во услови кога нашите компании се чудат како може компанија од Јапан или Кина да учествуваат во работи во регионот што пред 15-20 години било незамисливо сметав дека ваквите примери ќе бидат повредни.
      Инаку, ова не мора да се однесува за големите капацитети, зошто една мала фабрика за мебел од нашата земја да не го прошири својот пазар и 10-кратно да го зголеми сопствениот извоз. Зошто македонски консултант во услови на постоење на интернетот да не продаде услуга во САД. Затоа и сметав дека ова ќе биде повредно за овој тип на претприемачи.
      Инаку идејата не ти е лоша, во иднина може да опфатам и еден втор серијал кој повеќе би се однесувал на македонски услови.

Trackbacks

  1. Tweets that mention SEO Основни столбови On-Page оптимизација – Столб 2 — Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by darko156, Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: SEO Основни столбови On-Page оптимизација – Да продолжиме со вториот и третиот столб на еден проце… http://ow.ly/17PRS6 […]

  2. […] SEO – Основни Столбови -Столб 2 – On-Page оптимизација […]

  3. […] и анализа на клучни зборови и вториот столб – On-Page оптимизација или неколку најважни фактори за оптимизација кои се […]

  4. […] SEO – Основни Столбови -Столб 2 – On-Page оптимизација […]

  5. […] и анализа на клучни зборови, вториот столб – On-Page оптимизација или неколку најважни фактори за оптимизација кои се […]

  6. Драган Шутевски – За 30 минути целосно функционален блог напиша:

    […] детали за овие т.н OnPage SEO елементи може да прочитате во SEO Основни столбови OnPage оптимизација на претприемач. За овие подесувања ми требаа 10 минути. SEO […]

Speak Your Mind

*