post

СЕРИЈАЛ ОД ВИДЕО МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВЕБ ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Како што ветив во претходниот напис за изработка на веб презентација веќе 3 видео серии се изработени едното ќе биде достапно уште оваа недела за регистрираните за неделни билтени. Останатите 2 се во фаза на едитирање и ќе бидат готови наредната недела. Еве како ќе изгледаат насловите на видео материјалите:

  1. Видео 1: Регистрирање на бесплатно домеин име и бесплатен веб хостинг со 1500 мегабајти веб простор и 100 гигабајти месечен сообраќај. Повеќе за хостинг и она што треба да се спореди при избор можете да прочитате во насловот: Што треба да споредите при изборот на хостинг пакет.
  2. Видео 2: Инсталација на WordPress платформата. Во оваа видео ќе можете да видите неколку работи. Прво, каде да ја најдете и симнете WordPress, потоа каде да најдете, да го симнете и како да го подесите софтвер за File Transfer Protocol (FTP) кој служи за поставување на фајловите на веб серверот. И како трето ќе имате можност да видите чекор по чекор што треба да направите за да ја инсталирате WordPress платформата.
  3. Видео 3: Избор и инсталација на тема на WordPress. Ова видео ќе ви покаже како да најдете една од илјадниците бесплатни теми за WordPress кои служат за персонализација на изгледот на Вашата веб страна. Во видеото е прикажан процесот чекор по чекор.
  4. Видео 4: Објавување и ажурирање на содржини на Вашата веб страна. Ова видео сеуште не е изработено, но во текот на неделава ќе биде секако. Во видеото ќе ви биде поакажн процесот на објавување на нови содржини во вид на написи и веб страни, како и манипулирање со слики во написите.
  5. Видео 5: Додатоци – како да најдете и да ги инсталирате? Оваа видео ќе се однесува на додатоци кои што ја зголемуваат функционалноста на Вашата нова веб страна при што ќе бидат опфатени некои основни кои мора да ги инсталирате и да ги имате ставено во функција.
  6. Видео 6: Како да извршите персонализација на темата која што сте ја избрале? Оваа видео ќе ви покаже како можете да ја смените основната тема како менување на бои или пак превод од англиски на македонски.
  7. Видео 7: Како да изработите статична веб страна. Статична веб страна има неколку страни и не се ажурира често содржината. Се користи за едноставна презентација на Вашиот бизнис. Вообичаено има страна за контакт, производи и услуги и почетна страна. Во оваа видео ќе ви биде покажано чекор по чекор каде да најдете бесплатни темплејти и да ги искористите како Ваша веб страна.
  8. Видео 8: Персонализација на темплејтите. Во оваа видео ќе биде опфатено симнување на бесплатна алатка за едитирање на веб страници и чекор по чекор постапка за менување на темплејтот што сте го избрале.
  9. Видео 9: Изработка на видео и поставување на Вашата веб страна. Во оваа видео ќе ви покажеме како да направите видео, да го едитирате и да го поставите на Вашата веб страна на WordPress.
  10. Видео 10: Поставување на видео на статична веб страна. Она што го направивме со WordPress беше едноставно бидејќи се работи директно во WordPress, додека за статична веб страна ќе треба да изведеме уште неколку чекори.

Овие видео материјали не се едноставна презентација на слики туку реален приказ како изработувам една веб страна www.pretpriemac.co.cc која веќе постои при изработка на првите 3 видео серии. Можете да ја погледнете. Оваа веб страна ќе се менува како што ќе ги изработувам видео материјалите. Инаку оваа веб страна е само за презентација и нема да бидат објавувани некои реални содржини на истата.

Доколку сакате оваа листа да се надополни со уште некое видео слободно можете да оставите коментар при што секоја желба ќе се обидеме да ја оствариме. Инаку во моментов ми текна уште едно можно Бонус видео за Joomla. Всушност ќе претставува поглед на артиклите на претприемач во позадина на Joomla за да ги видите можностите и на оваа платформа.

Знам дека можеби ќе погодам некој со овие видео материјали, но не ми е тоа намерата. Едноставно ја следам мисијата на претприемач да биде извор на знаење за малите бизниси. Со развој на малите бизниси ќе се развие и македонската економија на која толку многу и треба развој. Со веб презентација на малите бизниси без да гледат во тоа како огромен трошок ќе се овозможи нивен излез пред светот. А, од друга страна се надевам на поконкурентски односи во однос на веб развојот во Македонија со што ќе се понуди и квалитет и квантитет на ваквите услуги врз основа на сопствен интелект на понудувачот.

Па, се гледаме во среда со првото видео: Регистрација на домеин име и хостинг.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. kirce says:

    EDNO prasanje kade bi mozelo da se izraboti web sajt , koj bi se zakacil najverojatno e da se hostira na internet vo vrska so otpocnuvanje na prodazba na recepti , se razbira za pocetok bi odele so optimalni sredstva vo pogled na cinenje i efekti koi ocekuvame da se postigant so ova . ZNACI se raboti da poseduvame licnost covek koj ima ogromno iskustvo vo visokoto kulinarstvo vo bivsi JU prostori bil i nekolkukraten sampion vo ladna kujna koja e visoka klasa zza priemi kokteli ,ladi bifea ,i e za biznis elita ,politicari i get set , znaci koj vo MAKEDONIJA bi mozel da izraboti takvo nesto koja e cenata na cinenje za se toa da se startuva kvalitetno a sem MAKEDONSKI bi odel ALBANSKI ,SRPSKI , SPANSKI i ANGLISKI MOZE i RUSKI JAZIK mislam na jazici na koi bi bil dostapna komunikacija . ZNACI za se bi se dogovarale i bi odele cekor po cekor pozdrav do pretpriemac se slusame

    (se izvinuvam ako nekade tehnicki gresam mislam se priznava so pomos na vas ke naucam pravilno sto e sto)

    • admin says:

      Рецептите се доста популарна ниша за интернет бизнис. Значи изработката на веб страна е најмал проблем бидејќи истата се изработува лесно како што ќе видиш низ видео материјалите. Првин дали ќе наплаќаш или не за таа работа? Колку што сватив би најмил професионалец за рецептите и најевројатно би требало да го материјализираш истото. Второ потребно е да извршиш одредено истражување на пазарот дали се бара тоа нешто и дали некој би бил спремен да плати за тие рецепти. Трето каков облик ќе биде производот што го продаваш: текстуални рецепти, видео материјали за изработка на нешто, електронска книга итн. Четврто дали ќе биде за еднократно купување (ти плаќаат и веднаш го имаат производот) или повеќекратно (во вид на членство за одредена сума да имаат пристап и страната ќе ја ажурираш со 10-20 нови рецепти секој месец). Како што гледаш има многу повеќе работа пред изработка на веб страна а самата изработка е едноставна бидејќи веќе по изработката на овој серијал на видео материјали гледам дека некои компании почнаа со нарачка на одржување да даваат бесплатна изработка. Што сметам дека претприемач изврши влијание на овој дел од пазарот во Република Македонија.
      Нишата со рецепти е профитабилна бидејќи извршив мало истражување на пазарот и на англиска верзија оваа ниша има добар износ на пребарување но и голема конкуренција 116.000.000 веб страни. Тројца први што се јавуваат на google плаќаат во просек 0,46 долари по клик што претставува дополнителен податок за профитабилноста на нишата. Мој совет е за англиска верзија бидејќи и самиот ја рагледував и проучував нишата одредено време. Второ за наплата преку интернет ние уште сме далеку.
      Значи самата изработка е најмал проблем. Сконцентрирај се во развој на самиот производ како ќе изгледа и како ќе се продава.
      Поздрав
      м-р Драган Шутевски

Speak Your Mind

*