post

Што е она што не запира?

Животот се сведува на патување од А до Б, каде А е позиција каде што се наоѓаме во моментов, а Б претставува нашата дестинација, успех или она што сакаме да бидеме или постигнеме.

Но, тоа патување не е права линија, и не е без препреки. Постои и секогаш ќе постои нешто што ќе не запира за да стигнеме во точката Б.

Што е она што не запира да станеме она што сакаме да станеме?

Што е она што не запира да го преземеме тој следен чекор? Што е она што не запира да ја имплементираме промената која ќе не донесе до посакуваната позиција?

Што е она што не запира да стигнеме до успехот за кој сонуваме?

Сте си кажале ли некогаш “не денес, можеби утре”? Но, утре никогаш не доаѓа за тие чекори бидејќи повторно имаме утре се додека не биде предоцна. Го живееме нашиот живот денес. Денешноста постои, а сонуваме за утрешноста.

Доколку не преземеме нешто што ќе не доближи до сонуваната утрешност нема да можеме да ја направиме поубава утрешнината. Мора да го елиминирате двоумењето во самите себеси. Мора да го елиминирате то големо НЕ кое е складирано во вас самите.

Можеме ли да направиме нешто за да ја смениме таа status quo ситуација во која се наоѓаме? Да можеме, но како?

Прво мора да најдеме што е она што не запира да бидеме она што сакаме да бидеме. Мора да откриеме што не запира да ги правиме работите кои што сакаме да ги правиме. Мора да ги најдеме сите препреки кои не попречуваат да ги преземеме чекорите кон нашиот сопствен успех.

Размисли за следниве прашања:

  • Дали сте вие личноста што си ја ограничува сопствената успешност?
  • Дали е тоа ваш недостаток на самодоверба?
  • Дали е тоа нешто наречено како “самосаботажа”?
  • Дали е тоа вашиот страв од сопствениот успех?
  • Дали се тоа вашите родители?
  • Дали се тоа вашите пријатели?
  • Дали е тоа вашиот сопружник?
  • Дали се тоа вашите учители, наставници, професори…?
  • Дали е тоа вашиот менаџер?

Постојат многу елементи кои може да ве ограничуваат, ова се само некои можности, што не значи дека мора да бидат 100% вистинити. Мора да ги откриете и елиминирате доколку сакате да кажете да, јас можам да направам разлика. Не се двоуми. Не кажувај не. Само напред!

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*