post

Што ги чека компаниите и земјите на светскиот пазар?

Разноликост За да се разбере светската економска состојба, мора да се познава состојбата која владее во меѓународната економија и да се анализираат одредени податоци, бидејќи различни држави располагаат со различни богаства и ресурси.

Некои држави поседуваат природни и енергетски ресурси, други имаат исклучително висок човечки потенцијал, третите поседуваат техничка супериорност и слично. Постојат земји кои имаат природни богатства и се развиени технолошки, пример САД, Канада, потоа земји кои се богати и технолошки развиени, а не поседуваат големо природно богатство како Јапонија, Германија, потоа земји кои имаат големо природно богаство, а се со помал степен на индустриски развој, како Јужна Африка, Бразил и сиромашни земји како Индија, Пакистан.

Некогаш главна вредност на државата претставувала големината на земјата, потоа станало важно со колкав капитал располага државата, додека сега главна вредност со која располага државата претставува технологијата и знаењето. Знаењето и во иднина ќе биде главен фактор за развојот на една држава.

Во светот постојат повеќе од 180 земји, точен број не може да се утврди, бидејќи одредени мали држави се признати, најчесто само од своите сојузници или ментори. На ниво на земјината топка годишно се раѓаат околу 160.000.000 деца, а умираат околу 60.000.000 луѓе, што значи дека годишниот прилив на жители е околу 100.000.000 луѓе. (Овие податоци се променливи) На овој фактор мора да се смета, бидејќи демографските движења предизвикуваат голем број на случувања низ целиот свет.

Сите овие луѓе зборуваат на различни јазици.

Иако постојат повеќе јазици сепак во светот доминира англискиот јазик, а со оглед на неговата широка респространетост, сега е можно во сите земји да се користи при бизнис преговарања и договарања. Еден од значајните фактори за маѓународната економија претставува религијата и нејзиното учење.

Во христијанството, особено кај протестантите, верските учења се движат во насока на тоа дека е должност на луѓето да работат и да штедат. Овие учења претставуваат плодна почва за развој на бизнисите.

Религииските односи во Индија главно се насочени кон духовниот развој на поединецот, па создавањето на богатство за овие луѓе претставува второстепена задача. Бидејќи Индија е држава со голем број на жители, со изразени социјални проблеми, помладата генерација се почесто ги става економските прашања пред религииските.

Будизмот главно е распространет во Јапонија, каде што се промовира Конфучискиот начин на размислување, што подразбира лојалност на вработените кон компанијата, лојалност на подредените кон претпоставените, но и лојалност на претпоставените кон вработените. Овие ставови придонеле за големиот развој на Јапонското општество и Јапонската економија.

Луѓето од Исламската вероисповед не се против бизнис, бидејќи и самиот пророк Мухамед бил трговец. Нивното верско учење се спротивставува на нефер заработки, што се гледа во забраната за наплата на камати. Поради тоа во одредени исламски банки е забрането сметање на каматите. Бидејќи создавањето на профитот е дозволено, банките се снаоѓаат на тој начин што влегуваат во заеднички бизнис со заинтересираните компании и за сметка на успешно реализираниот бизнис земаат свој дел, кој е еквивалентен на висината на каматите, но не е директно назначен како камата.

Големината на пазарите претставува фактор кој треба да се истражува. Одредени пазари се големи (Кинески, Индиски) но населението е во просек сиромашно, па поради големата бројност, компанијата може да ги задоволи своите пазарни очекувања. Постојат и пазари кои се богати (Швајцарија) но мали, па компанијата треба да истражува дали во тие услови може да ги задоволи своите очекувања. На компанијата и е најдобро кога работи на големи и богати пазари, како пазарите на САД и ЕУ, но таму конкуренцијата е голема и немилосрдна, се работи за можен конфликт со предаторски и грабливи компании, подржани од страна на нивните државни апарати.

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*