post

Што претставува еден претприемач? Дизајнер на производ или бизнис?

Долго време се сметаше дека основата на претприемаштвото е да се дизајнира уникатен производ или услуга кој ќе ги импресионира купувачите. Сепак, оваа размислување денес не може веќе да се користи.

Ова не значи дека еден претприемач нема да дизајнира беспрекорен производ или услуга, особено поради фактот што тој производ или услуга е нешто што е во директен контакт со купувачите, оние од кои зависи бизнисот.

Но, постои и една друга страна. страната на бизнисот, поддршката, системите, стратегии, визија…

Можете да имате беспрекорен производ на хартија, но доколку нема кој да го изработи, да ги склопи сите коцкички во една целина за да навистина биде беспрекорен не на хартија и не во вашите очи туку во очите на вашите купувачи нема вашиот бизнис нема да спее.

Можете да имате беспрекорен производ, но сепак доколку потенцијалните купувачи не дознаат за него и неговата беспрекорност не можете да очекувате успех на бизнисот.

Може се да функционира како што треба, да имате беспрекорен производ, одличен маркетинг систем, но сепак да не успеете, доколку оние кои треба да го продаваат не знаат како да го продаваат.

Како претприемач вашиот фокус треба да биде насочен на градење на бизнис, а не само на производ или услуга.

Тоа значи градење на системи на кои ќе се базира бизнисот. Тој претставува организациски систем и логично е да се започне со градење на системи. Како еден од тие системи ќе биде и дизајн, инженеринг и производство на производот, но сепак тој систем ќе има и системи кои ќе поддржат негово успешно лансирање на пазарот, успешно администрирање на бизнисот, успешен развој на бизнисот…

Како еден мал бизнис вашиот фокус треба да биде насочен минимум на следниве три системи:

  • Производ/услуга (Се она што придонесува да се изработи еден производ или услуга како дизајн, инженеринг и производство на истиот),
  • Маркетинг/продажба (Овој систем има за цел да го доближи производот или услугата до купувачите и секако да го продаде. Бидејќи зборуваме за мал бизнис наместо два системи дизајнирајте еден) и
  • Администрација (колку и да изгледа непотребно сепак некој мора да се занимава и со администрација како процесирање на разна документација, водење на книги, контролирање…)
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*