post

Што вашите купувачи навистина сакаат?

Вашите купувачи претставуваат срцето на вашиот бизнис. Без нив, вашиот бизнис нема веќе да постои. Без нив не можете да очекувате вашиот бизнис да расте.

Се онаа што го правите за вашиот бизнис ќе биде на некаков начин поврзано со вашите купувачи. Мора да ги познавате. Мора да разговарате со нив. Мора да ги задоволите нивните барања и потреби.

Дали сакаат подобар производ или услуга? Дали сакаат подобра услуга од вашата компанија по завршување на купувањето? Дали сакаат брзо време на испорака на вашите производи или услуги? Дали сакаат квалитет на вашите производи? Дали сакаат карактеристики интегрирани во вашиот производ?

Постои огромна база на вакви прашања кои се поврзани со купувачте и онаа што тие навистина го сакаат. Секое од овие прашања постојано ќе ви се вртка низ главата.

Кој може да ви ги даде одговорите?

Едно прашање кое постојано ми го поставуваат претприемачите е дали можам да им ги дадам вистинските одговори на овие прашања. Тоа е невозможно да им ги обезбедам вистинските одговори. Никој не може да им ги даде тие одговори. Одговорите на тие прашања можат да ги добијат само од нивните тековни и потенцијални купувачи

Оваа прашање и одговорот што ви го дадов во последниот параграф е најдобрата стартна позиција за вашиот бизнис кога го барате одговорот на прашањето од насловот на овој пост. Мора да си ја завршите домашната задача, никој друг не може подобро од вас самите. Мора да направите истражување и да зборувате со вашите купувачи доколку сакате да ги најдете најдобрите и највистинските одговори.

Тоа е само ваша лична одговорност. нема бегање.

Мора да бидете специфични

Една од најголемите грешки кои сметам дека се правата од страна ан претприемачите кога работат на одговор на оваа прашање е тоа што тие се одста неспецифични при поставување на главните прашања.

На пример, тие сакаат да постават прашање во стилот што сакаат повеќе квалитетот на производот или услугата која ја добиваат со производот. Но, неспецифични прашања доведуваат до неспецифични одговори кои нема да ви бидат многу од помош на вас како претприемачи.

Мора да бидете поспецифични прашувајќи ги вистинските прашања кои ќе ви дадат специфични одговори. Запомнете дека вие ќе ја базирате иднината на вашиот бизнис токму на тие одговори. Тука не постои извини, погрешив. Станува збор за живот или смрт.

Наместо да прашате дали квалитетот на вашиот производ е онаа што тие навистина го скаат, прашајте дали брзината на вашиот производ е нешто што нив ги прави попродуктивни и што тие можат да предложат да се подобри оваа карактеристика на вашиот производ. Правејќи го истражувањето на ваков начин ќе бара да бидат поставени повеќе прашањ аи да се добијат повеќе одговори. Но, повторно, тука нема импровизација. Мора да бидете доволно специфични доколку сакате да дојдете до вистинските одговори.

Како ќе знаете дека сте го добиле вистинскиот одговор

Доколку вашиот приод кон вашите тековни и потенцијални купувачи е доволно искрен, ќе ги добиете и најискрените одговори од нив. Запомнете дека вашата цел е да ги подобрите вашите производи, услуги и вашиот севкупен бизнис не заради вас, туку заради нив и нивната потреба да решат проблем кој вашиот бизнис го решава.

Друг начин за да бидете сигурни дека сте на вистинскиот пат е да ги имплементирате нивните предлози во вашиот бизнис. Брзо ќе видите дали тие се задоволни со вашето ново решение кое пак е базирано на нивните предлози.

Важна работа за вашиот бизнис е секогаш да го имплементирате онаа што ќе го откриете од вашите купувачи за тоа што тие навистина сакаат.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*