post

Што значи доколку немате конкуренција?

Веројатно веќе ја имате вашата уникатна, одлична, најдобра и најпаметна бизнис идеја за вашиот бизнис. И во таков случај нормално е да мислите дека никој друг нема такво нешто.

конкуренција

Спремни сте да станете милионер. Но, сепак работите не се толку розови.

Дали мислите дека немате конкуренција?

Доколку така мислите, прочитајте го овој пост за да откриете кое е вистинското значење на вашето мислење.

Прво, не можете да најдете или откриете одлична бизнис идеја. Можете само да дојдете до подобра.

Тоа е точно. Потребата или проблемот кои постојат на пазарот веќе се задоволуваат или решаваат на еден или друг начин.

Се сеќавам кога пред неколку години еден клиент дојде со навистина одлична идеја. Тогаш, како што и секогаш правам, започнав прво со анализа на неговото лично размислување. Од првиот поглед на идејата таа навистина изгледаше одлично, уникатно и со голем пазарен потенцијал. Идејата беше нешто ново, нешто што сеуште не се служеше на пазарот. Но, кога започнав со мојата анализа на самата идеја трансформирајќи ја во форма на потреби проблеми кои ќе бидат решени со неа, брзо открив дека уникатноста не е баш толку уникатна. 80% од потребите и проблемите на пазарот веќе се задоволуваат или решаваат од страна на други компании. На таков начин, ние веќе знаевме дека ќе постои конкуренција, не во дирекнта форма од самиот почеток туку во индиректна форма.

Најлошото нешто кога започнувате бизнис или едноставно го проширувате веќе постоечкиот бизнис со нов производ или услуга е да мислите дека нема да имате конкуренција.

Што значи кога немате конкуренција?

Еве ги некои од можните одговори на оваа прашање.

  1. Нешто не е во ред со вашата идеја. Во повеќето случаи кога мислите дека вашата бизнис идеја нема конкуренција може да значи дека идејата и не е толку добра. Можеби веќе некој пред вас направил истражување на пазарот и утврдил дека пазарот нема потенцијал да поддржи одржлив бизнис.

    Во таков случај пред да се нафрлите на работа бидете внимателни и најдете одговор на прашањето зошто некој друг сеуште не е на пазарот со таква идеја.

  2. Истражувањето на пазарот е погрешно. Доколку вашата бизнис идеја е ОК, и сеуште не можете да препознаете дека постојат конкуренти на пазарот, тогаш нешто не е во ред со вашете истражување на пазарот.

    Во ваков случај пред да го започнете бизнис подобро е да се навратите на истражување на пазарот и да проверите дали постојат некои грешки особено во делот каде ги дефинирате главните конкуренти за вашиот бизнис.

    Понекогаш можеби навистина нема конкуренти кои нудат производи и услуги во идентична форма како вашата. Сепак, обидете се да ја трансферирате идејата во облик на потреби и проблеми и анализирајте како тие потреби се задоволуваат а проблеми се решаваат во моментов од страна на потенцијалните купувачи. Доколку откриете делумни решенија кои делумно задоволуваат некоја потреба, тоа се вашите конкуренти.

  3. Не постојат купувачи за вашиот производ или услуга. Доколку не постојат купувачи, логично е дека нема да постојат ниту конкуренти. Доколку сакате да креирате потреби и решенија кои сеуште не се идентификувани како такви од страна на пазарот мора да бидете спремни за макотрпна работа.

    Од друга страна, немојте да мислите дека вашите чекори нема да бидат набљудувани од некој друг потенцијален конкурент кој брзо ќе стане ваш конкурент кога ќе го открие вашиот успех. Бидете внимателни и не го потценувајте нивното влијание на вашиот бизнис.

Како што можевте да видите, не можете да започнете со размислување дека нема да постои конкуренција за вашиот бизнис. Конкуренцијата ќе постои во директна или пак индиректна форма или пак набргу ќе стане реалност во директна форма доколку сеуште не станала.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*