post

Сигурни сте за вашите цели, но што потоа

Веќе доста имаме зборувано за важноста на поставување на лични и бизнис цели. Но, да се има цел не е гаранција дека ќе успеете во постигнување на вашите цели.

Едноставно, вам ви требаат цели, но само како цели нема да ви помогнат да биднете успешен претприемач или да менаџирате вашиот бизнис да стане успешен бизнис.

Важно прашање откако веќе ќе ги имате поставено вашите цели за оваа година, или пак следните три години е што треба да направите следно доколку сакате да ги постигнете тие цели.

Ајде да ги дефинираме сите следни неопходни чекори.

1. Поставете јасни рокови

Прво, вие веќе знаете дека вашите цели треба да бидат SMART цели кои што пак инкорпорираат во себе временска рамка која едноставно ви кажува кога ќе треба да ги постигнете тие цели.

Но, понекогаш овој дел од вашите цели не е доволно јасен за вас како претприемач.

На пример, можете да имате цел за 20% зголемување на вашата профитабилност за следната година. Да, оваа цел е временски специфична цел, но сепак не е доволно јасна за вашите следни чекори. Во оваа цел не можете лесно да утврдите што е почетокот, а што крајот на постигнувањето.

Затоа ако сакате да го избегнете можното одолговлекување од вашата страна и имплементирате чувство на ургентност во однос на вашите цели ќе треба да поставите конечни рокови за секоја од вашите цели со рок на започнување и рок на завршување.

2. Што треба да направите за да ја постигнете определената цел

Следниот чекор е да направите јасна листа на активности кои треба да ги преземете доколку сакате да ги постигнете вашите цели.

Ќе мора да започнете со бреинстормирање на се што може да биде дел од вашите напори за постигнување на вашите цели. Направете листа која едноставно ќе го визуелизира онаа што ќе треба да го направите.

Мора да напоменам дека овој чекор не може да се заврши одеднаш. Бидејќи зборуваме за процес на бреинстормирање, а од друга страна целите може да бидат постигнати на повеќе различни начини со повеќе различни комбинации на активности ќе мора повеќе пати да се навратите на вашата листа и да додадете се што сметате дека ќе ви помогне во вашите секојдневни напори за постигнување на специфичната цел.

3. Направете план кој ќе содржи се што треба да преземете

Постигнување на цели ќе бара различни активности и проекти со различни приоритети. Мора да одлучите што ќе треба да се имплементира како прво, а што како последно.

Во овој чекор вашата задача е да започнете со групирае и организирање на вашите претходно дефинирани активности во логичен редослед каде лесно ќе можете да ги најдете вашите индивидуални задачи.

На ваков начин кога веќе имате пишани цели, знаете што треба да направите за да ги постигнете тие цели и се е документирано на хартија, ќе бидете попродуктивен претприемач.

4. Започнете со имплементација на вашиот план

Вие создавате планови бидејќи сакате да ги имплементирате. Без имплементација на вашите планови за постигнување на целите не можете да очекувате да ги постигнете тие цели.

Во овој чекор, време е да започнете да правите нешто. Едноставно започнете со работа на активностите од планот кој веќе го подготвивте во претходниот чекор.

5. Но, не е доволно само да се започне со имплементацијата

Мора навистина да бидете посветен на вашиот план. Тоа значи да работите секојдневно на активностите кои веќе ги дефиниравте во чекорот 2 и ги организиравте во план во чекор 3.

Бидејќи веќе имате рокови за вашите цели, едноставно ќе можете да ги интегрирате сите активности кои ќе треба да ги изведувате во вашиот секојдневен распоред на активности. Доколку не го направите оваа, не можете да очекувате дека ќе ги реализирате вашите цели.

6. Не запирајте, едноставно продолжете да се движите

Последен, но исто така важен чекор е да продолжите со вашата работа секојдневно се додека не ги постигнете дефинираните цели.

Не запирајте, продолжете да се движите, чекор по чекор се до финишот кој значи дека вашите цели се постигнати.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*