post

Систематизација на твојот бизнис

Кога зборувам за систематизација не мислам на подготовка на “систематизација” како организациска структура и документ кој ги опишува работните места и работните задачи на твојот бизнис иако и ова е дел од процесот како што ќе видите низ вебинарот. Во овој вебинар станува збор за систематизација како еден процес на градење на системи во твојот бизнис, на кои се останато ќе се потпира.

Ти си претприемач и веднаш по завршување на стартап фазата доаѓаш во позиција во која системите ќе ти бидат попотребни од било кога досега.

Постојат многу практики кои покажуваат дека и тој мал број кога ќе ја преживее стартап фазата и кога започнува одреден видлив раст на бизнисот да се случи да пропаднат. Зошто?

Затоа што во следните фази бизнисот не може да се потпира само на тебе, претприемачот или пак на истите принципи на кои го обезбедил успехот во стартап фазата.

Потребни се сосема нови принципи. Она што функционирало во стартап фазата, нема и не може да функционира во следните фази.

Во третиот вебинар на премиум претприемач стана збор за темата од теорија на системи и практична креација и користење на системите во твојот бизнис. Многу е важно твојот бизнис да се потпира на квалитетно изградени системи, отколку само на тебе – претприемачот.

Тука одговараме на следниве прашања:

  • Што се тоа системи и каква врска имаат со твојот бизнис?
  • Какво е влијанието на системите врз твојот бизнис?
  • Од каде да почнеш си креирање на системи за твојот бизнис?
  • Чекор по чекор систем за креирање на системи во твојот бизнис.
  • Акции кои треба да ги преземете.

Овој вебинар во времетраење од 55 минути е само вовед во она што следува во делот на вебинари, бидејќи уште оваа недела го подготвуваме вебинарот за градење на твојот бизнис блупринт, за во почетокот на новата 2012 година да преминеме со моделирање на твојот бизнис. Во еден таков случај ке имате применето еден системски пристап на градење на бизнисот, со што ќе можеме да одиме со примена на една теорија насловена како теорија на ограничувањата која ќе помогне едноставно да се надминат сите пречки во однос на напредување на бизнисот.

Првите 10 минути од овој вебинар можете да ги погледате во видеото подолу.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*