post

Социјализација преку FeedBurner – Видео 10

Стигнавме до десетото видео од овој серијал на премиум видео материјали за беплатна презентација на Вашиот бизнис.

Досега го направивме следново:

  • Во првото видео регистриравме домеин име и бесплатен хостинг
  • Во второто видео инсталиравме WordPress платформа преку која ќе објавувате содржина на Вашата веб страна
  • Во третото видео изберавме и инсталиравме тема на WordPress која го смени оној дифолт изглед на нашата веб страна.
  • Во четвртото видео ја ажуриравме содржината на нашиот нов веб сајт.
  • Во петото видео видовме каде да најдеме и како да инсталираме додатоци кои ќе ја подобрат функционалноста на нашата веб страна.
  • Во шестото видео опфативме нешто за персонализација, односно промена на темата која сте ја избрале. Таму најдовте и користевте две бесплатни алатки за вршење на измените. Овие алатки ќе ги користите и понатаму.
  • Во седмото видео изработивме една статична веб страна. Ова значи дека не е систем за менаџирање на содржина туку веб страна со неколку страни за Вашиот бизнис. Исто така во тоа видео видовме како Word Press да се направи како статична веб страна и ќе симнеме една бесплатна алатка за едитирање.
  • Во осмото видео изработивме едно видео кое го поставивме на веб страната и во Word Press и на статичната страна.
  • Во деветото (дополнително) видео видовме една тема за Word Press која има неверојатни можности за персонализација и со која за 10 минути можете да дојдете до уникатен дизајн.
  • Во оваа десето видео ќе додадеме малку социјален карактер на Вашиот нов веб сајт. Социјализацијата ќе ја изведеме преку FeedBurner на Google. Ќе отвориме акаунт на FeedBurner и ќе поставиме опција за е-маил регистрација и едноставна RSS регистрација.

Едноставно кликнете на сликата и ќе ве одведе до видеото:
http://www.pretpriemac.com/myPictures/Video-10-FeedBurner.jpg

Чекори кои ќе треба да ги превземете:

  • Да се регистрирате за акаунт на www.feedburner.com
  • Да поставите RSS икона на Вашата веб страна
  • Да поставите можнјост за регистрација преку е-маил за добивање на написите.

Ова е последно видео во овој серијал на премиум видео материјали на претприемач. Набргу ќе започнеме нов серијал. Можете кога сакате да пристапите до овие видео материјали преку лозинката што ја добивте преку маил.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*