post

Социјална Бизнис Апликација – PeopleMaps

Случајно налетав на една навистина добра и вредна апликација за претприемачите. Едно е јасно. Работата на претприемачите се базира на постојано барање на нови купувачи и постојано одржување на релации со постоечките. Денес постојат голем број на веб апликации кои ги поврзуваат луѓето и бизнисите едни со други како на личен план така и на професионален план.

Станува збор за една нова и штотуку лансирана апликација наречена PeopleMaps. Оваа апликација овозможува луѓето автоматски да ги пребаруваат личните контакти од Outlook, Facebook, LinkedIn, Yahoo и Gmail и во исто време автоматски бара податоци од јавни извори на интернетот за тие контакти. За графичка презентација апликацијата користи Java, но доколку немате инсталирано автоматски ќе ве одведе до страната за симнување. Секој контакт е анализиран од апликацијата и ја дава патеката на конекција со тоа лице или пак компанија.

Има две алтернативи за користење на апликацијата:

  • Бесплатна верзија
  • Професионална верзија која чини 49,95$ месечно.

Бесплатна верзија

Во бесплатната верзија ќе ги имате следниве опции на располагање:

  • Патеки на конекција со лица и компании – Можност за Ваше претставување на некое лице или компанија
  • Мапа на лица и компании – Покажува графичка презентација на мрежи на лица и компании и претставуваат одлична алатка за истражување и анализа на продажбата.
  • Контакт менаџер – Менаџирање на Вашите лични контакти од Outlook, Facebook, LinkedIn, Yahoo и Gmail вклучувајќи целосна биографија на истите и силина на конекцијата со Вас.
  • Визуелен пребарувач на мапа на луѓе – Графичко пребарување за брзо и едноставно да научите за луѓето и компаниите во конекција со Вас.

Професионална верзија

Професионалната верзија за која се плаќа на месечно ниво 49,95$ ги има истите опции како и бесплатната верзија плус следниве:

  • Рангирање на мапи со потенцијални потрошувачи – Автоматско приближување со потенцијалните потрошувачи базирано на силината на конекцијата на секој потенцијален потрошувач.
  • Со еден клик претставување – Обезбедува топло претставување на Вашите клиенти со едноставно еден клик.
  • Интеграција со Salesforce.com – Овозможува целосна интеграција со Salesforce.com еден веб CRM (Customer Relationship Management) систем.
  • Импортирање од други CRM системи
  • Експортирање во други CRM системи
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*