post

Состаноци кои го прават вашиот тим непродуктивен

Состаноците се неизбежен дел од секојдневниот живот на претприемачите и менаџерите, но и членови на тимот на еден стартап, бизнис, компанија…

Тие може да дадат голем придонес во развој на бизнисот, но може и да бидат нешто штоедноставно ја црпе енергијата на секој учесник, при што тешко ќе може да се врати на нормала во следните неколку часа по завршување на истиот (нормално, доколку заврши).

Прашањето е кои состаноци не прават непродуктивни?

Побарајте ги следниве елементи во состаноците за да се обидете да ги елиминирате и зголемите вашата и продуктивноста на вашиот тим.

  1. Непотребни состаноци. Точно е дека состаноците се неизбежни активности на претприемачите и нивниот тим на луѓе. Но, точно е дека има и многу состаноци кои навистина се непотребни. Голем дел од формалните состаноци содржат точки за дискусија кои едноставно може да се решат побргу со иста ефективност и ефикасност и на многу други начини.
  2. Премногу луѓе на состанокот. Понекогаш состаноците се организираат така да на нив присуствува целиот тим, иако дел од тимот воопшто не е потребен за самиот состанок и прашањата во него. Поголем број на учесници на еден состанок ќе значи и потешко негово менаџирање, при што лесно ќе се излезе од точно дефинираната агенда и реализација на целите на тој состанок.
  3. Состанок без агенда. Едно од најсилните орудија за организација на продуктивни состаноци претставува агенда. Без агенда, состанокот ќе им овозможи на учесниците да излагаат и надоврзуваат теми кои се надвор од основната тема на состанокот.
  4. Состанок на кој се повикуваат луѓето во последен момент. Многу менаџери сакаат да организацираат состаноци со својот тим, но на тие состаноци да ги повикуваат луѓето во последен момент. Праќање на агенда денес за денешен состанок. Неподготвени луѓе тешко дека ќе придонесат за квалитетна работа на состанокот. Од друга страна, непланиран состанок на сите учесници ќе им ја разниша продуктивноста и тековниот план кој го имаат за реализација.
  5. Ставање на преголемо време за траење на состанокот. Знам дека е тешко да се предвиди точно времето, но сепак не е добро да се зголеми истото неколку пати повеќе отколку што навистина треба. Таквото време на траење ќе овозможи состанокот да почне да се движи во несакана насока. Од друга страна продуктивноста на сите учесници на таквите состаноци ќе биде доведена до најниско можно ниво.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*