post

Совет за еден мал бизнис: Создади неодолива понуда

Совет за мал бизнис

Совет за мал бизнис

Уште еден пост од неделниот серијал совет за еден мал бизнис: создади неодолива понуда.

Што е она што ќе донесе долгорочна конкурентска предност и благосостојба за твојот бизнис?

Одговорот е понуда, но не било каква понуда, туку неодолива понуда.

Како еден претприемач, ти секогаш ќе сакаш твојот бизнис да има неодоливи понуди кои ќе конвертираат повеќе потенцијални купувачи во купувачи. Ова значи дека ќе имаш повеќе купувачи за твојот бизнис, поголем приход и секако поголема профитабилност. Тоа е твојата долгорочна конкурентска предност.

Како и да е вие ќе имате различни понуди кои користат различни медиуми и канали за презентација. Сите тие понуди мора да содржат компоненти кои ќе обезбедат неодоливост во очите на потенцијалните купувачи. Така на пример, ќе имате една понуда:

  • која ќе обезбедува влез во вашата email листа преку вашиот веб сајт или блог,
  • која ќе ја користите на состаноци во живо,
  • која ќе ја користите на различни настани на кои ќе присуствувате,
  • која твојот продажен тим ќе ја користи во самиот продажен процес,
  • за вашата листа на потенцијални купувачи,
  • за вашите купувачи…

Како што можете да забележите сите овие се различни понуди со различни цели зад нив. Доколку сакаш да ги постигнеш најдобрите резултати за твојот бизнис, ќе мора сите од нив да ги направите да бидат колку што може повеќе неодоливи.

Клучните компоненти кои што една понуда ја прават да биде неодолива се следниве:

  • Корисност. Понудата треба да ги содржи корисностите кои купувачот ќе ги добие доколку ја прифати твојата понуда. Во реалноста луѓето не ги е гајле за она што ти и твојот бизнис го правите или како го правите. Единствената работа за која им е гајле е што ти можеш да направиш за нив. Корисностите се едноставно одговорите кои потрошувачот ќе ги добие на прашањето: Што има тука за мене?
  • Проблеми. Таа треба да решава специфични проблеми на твојот целен пазар. Твојот целен пазар секогаш ќе има одредени видови на проблеми. За да ги најдеш вистинските проблеми на пазарот, ќе мора да ја анализираш сегашната состојба на твојот целен пазар и да ги откриеш нивните вистински проблеми кои ќе ги вклучиш во самата понуда.
  • Желба. Не е доволно да ги објасните само проблемите на твоите потенцијални купувачи. Мора да постои и доволна желба за решавање на тие видови на проблеми. Мора да ги подготвите вашите понуди на таков начин за да инспирираат моментална желба за вашите решенија.
  • Повик за акција. Дали имате потреба од понуда доколку немате повик за акција? Што сакаш твојот потенцијален купувач да направи во однос со твојата понуда? Целта секако ќе биде одреден вид на акции од кои некои напоменавме погоре. Затоа, вметни јасен повик за акција во твојата понуда.
  • Социјален доказ. Луѓето сакаат да го следат мнозинството. Затоа, важно е да имате социјален доказ во вид на приказни, препораки, искуства… Вашите потенцијални купувачи треба да знаат дека тие не се сами во пронаоѓање на решенија за нивните проблеми и дека токму вие сте вистинската личност за тоа.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*