post

Создавање на големи компании

Маркетинг Земјите покрај море или покрај пловните реки секогаш повеќе се ориентирани на надворешна трговија. Доколку се направи историски преглед, лесно ќе се утврди дека покрај големите реки настанале голем број на цивилизаци, во кои се развивала економска размена на добрата.

Исто влијание има и климата, која условува различна концентрација на населението. Особено е погодна студената клима за бизнис, бидејќи се развива заедничко дејствување на луѓето, додека кај планинските земји се развива главно изолационизам. Со развојот на државите, се создава потреба да се развиваат компании, кои би можеле да се носат со светската конкуренција и да обезбедат добра економска состојба во земјата.

Кординираното дејствување на повеќе субјекти од една држава на меѓународниот пазар дава поголеми резултати, а доколку и државата помогне успесите се неизбежни. За да го забрза развојот на компанијата, државата воведува стимулации како што се: даночно олеснување, извозни премии, доделување на евтини кредити и слично. Државата често воведува скриени субвенции за своите компании, за да не се создаде отпор кон тие компании, па другите држави да воведат антидампинг мерки.

Поради ограничените ресурси, државата треба да форсира индустрија која носи најголем профит. Во развиените земји, истражувачките центри им препорачуваат на владите, кон кои индустрии да се насочи влијанието и со симулирање да овозможат развивање на интересите на компаниите кон развој на овие индустрии, бидејќи не е исто доколку се развива индустријата на чипови или дрвната индустрија. Профитите се енормно различни.

Во таа смисла, за нас е важна една посебна “позиција” а тоа е сопственичката структура на компаниите. Таа може да биде државна, приватна или мешовита при што дел од компанијата е државна, а дел приватна. Секаде, па и во развиените земји, потребно е државата да ги контролира важните индустриски сектори, за да не се случи приватната компанија, задоволувајки го личниот интерес, да ги зголеми цените и да го наруши социјалниот мир.

За разлика од општествените компании, кај приватните компании постои “газда” во куќата и таквите компании полесно се справуваат со сите предизвици на современото работење. Сметаме дека со терминот “постоење на газда во куќа” може во значителна мерка да се објасни успехот на приватните компании, во однос на државните, бидејќи ова правило е запазено, како во развиените, така и во сиромашните земји.

Во голем број на државни компании, во целиот свет е воочено лошо работење и лоши деловни резултати поради доделените монополски позиции. Државната сопственост добива помалку внимание отколу приватната сопственост. Во државните компании вработените имаат мал поттик да ги намалуват трошоците, да вршат истражувања и други мерки, бидејќи со монополот се заштитени нивните интереси. Во секоја компанијата мора да се води сметки за краткорочните но и за остварување на долгорочните цели.

Краткорочно гледано, за менаџерскиот успех не е важно купување на определена машина или праќање на вработените на специјализација, бидејќи со тоа ќе ги намали финансиските средства кои можат да ги поделат како дивиденда на акционарите, со што би се прикажале као успешни менаџери. Долгорочното успешно работење овозможува вложување во луѓе, технологија, опрема, енергетика, освојување на нови пазари и слично, со што на долги стази се подобрува работењето на компанијата.

Кај социјалистичките држави (за што имавме искуство), сопствеништвото на компаниите беше во државни раце. Но, потребно е да се нагласи дека економскиот напредок доведува до развој на демократијата. Тоталитарните држави, ограничувајќи ја човековата слобода, го ограничуват развојот и се штетни за своите граѓани. Доколку нема економска слобода, нема и слободно изјаснување, бидејќи луѓето се плашат од репресивните мерки кои може да ги преземе владата со отпуштања од работа, апсење и слични методи на казнување.

Доколку две компании се конкуренти, тогаш се следат во голем број на акции. Пример: доколку едната компанија влезе на одреден пазар, тогаш и компанијата конкурент веднаш влегува на тој пазар, за да ги спречи преголемото одвојување и можните позитивни финансиски или други ефекти врз првата компанија, која би можела понатаму стекнатите ресурси, знаења и искуства да ги употреби против својот конкурент. Транснационалните компании по правило имаат многу мал број на конкуренти, но без оглед и да имаат само еден рамноправен конкурент, тие меѓусебно се следат во голем број на активности, за едната да не заостане зад другата и да не биде поразена или уништена. Доколку на пазарот дејствуваат само двајца конкуренти, тогаш е можно да постои премолчен договор за ред прашања кои се од заеднички инерес, по систем “не ме допирај, не те допирам”. Секојдневно сме сведоци на примери на такви “тајни договори”, последниот за непреземање на стручни кадри помеѓу Apple и Google.

Доколку едната компанија има приговор на работењето на конкурентската компанија, таа најчесто бара помош од матичната држава. Но, и зад интересите на првата компанија стои нивната матична држава, па така економската борба се префрлува на меѓудржавно ниво.

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*