post

ШТО Е ПОТЕНЦИЈАЛНА ЕНЕРГИЈА?

Од текст во текст се повеќе навлегуваме во бизнис потенцијална енергија. Прашања постојат многу. Дел ги одговоривме, а дел остануваат сеуште неодговорени. Но, едно по едно. Прво, како идеја за потенцијална енергија во однос на претприемништвото и бизнисот ми се појави пред неколку месеци кога вршев анализа на работењето на еден мал бизнис во Република Македонија. Од анализата забележав дека многу елементи влијаат на крајниот бизнис резултат, профитабилноста. Секој од тие елементи или е добар или е лош па така и профитабилноста во зависност од тие елементи или е ОК или не е. Секој од тие елементи се разгледува посебно, а на крајот како негов допринос во целиот систем. Кога ги гледам одвоено сватив дека секој од тие елементи има сопствен потенцијал во исполнување на бизнис целите. Збирот на тие потенцијали на секој од елементите го дава потенцијалот на бизнисот. Сватив дека доколку успеам да ги измерам потенцијалите на секој од елементите на бизнисот ќе можам да го измерам и потенцијалот на бизнисот воопшто. Па се отвори прашањето какод а се мери потенцијалот на тие бизнис елементи и кои се тие бизнис елементи (за ова веќе пишувавме во ШТО МОЖЕ ДА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛНА БИЗНИС ЕНЕРГИЈА).

Но, што е тоа потенцијална енергија во физиката? Најпросто кажано потенцијална енергија е енергија која е складирана во физичкиот систем. Но, зошто се нарекува потенцијална енергија? Затоа што таа енергија има потенцијал да се трансформира во кинетичка енергија која може да изврши некоја работа. Во физиката постои принцип за трансформација на енергија кој вели дека енергија не може да биде креирана или уништена, или веќе да не постои туку може само да се трансформира од еден во друг облик, а енергијата која не можеме да ја видиме во некој облик како работа претставува потенцијална енергија. На пример, потенцијалната енергија на бензинот во автомобилите, моторот ја трансформира во кинетичка енергија (движење на автомобилот).

Од друга страна, потенцијалната енергија математички кажано е функција од состојбата на системот. Состојбата на системот се изразува во вид на константа. На пример, доколку телото е во одредена позиција има потенцијална енергија 0. Или пак ако е во друга состојба има потенцијална енергија 1.

И како оваа да се искористи за бизнисите и каква помош ќе имаат претприемачите?  Доколку претприемачите успеат да ја измерат потенцијалната енергија на сите елементи на бизнисот ќе го знаат и потенцијалот на бизнисот. На ваков начин ќе можат:

  • Навремено да ги откријат елементите со слаба потенцијална енергија.
  • Да ја зголемат потенцијалната енергија на тие елементи и со тоа на целиот бизнис.
  • Да обезбедат систем на постојано подобрување на сите бизнис елементи бидејќи истите ќе бидат мерени во однос на потенцијалот.
  • Да бидат ефикасни и ефективни со тоа што ќе се насочат кон решавање првин на најголемите проблеми.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] од физиката претставува нешто што ја трансформира потенцијалната енергија на Вашиот бизнис во кинетичка енергија која […]

Speak Your Mind

*