post

Супериорна Вредност – Маркетинг Средство 43

Стигнавме до 43-тото маркетинг средство на претприемач. Како 43-то маркетинг средство ја избрав супериорна вредност и нејзиното пренесување кон потрошувачите.

Reno Balloon Race (Sunday) 002
photo credit: Kari_Marie

Еден важен дел кој сакам да го напоменам тука е дека оваа пренесување на супериорна вредност претставува алатка која можеме да ја користиме за зголемување на нашата бизнис потенцијална енергија. Кога ќе навлезам подлабоко во оваа алатка можам да кажам дека веројатно оваа е една од најважните алатки кои можат да помогнат во градење на бизнисот. Кога стартап бизнисот ќе успее да изгради сопствена супериорна вредност и исказ на таа супериорна вредност со кој ќе се пренесува до потенцијалните потрошувачи, тоа е бизнис кој ќе преживее на пазарот и најверојатно ќе биде пазарен лидер во индустријата во која се наоѓа.

Зошто градење на супериорна вредност е толку важно?

Ќе се обидам преку моделот на бизнис потенцијална енергија да го дадам оваа објаснување. Бизнис потенцијална енергија е енергија која е складирана во бизнисот и која може да биде конвертирана во кинетичка енергија која ќе ја зголеми профитабилноста на бизнисот. Она што е поврзано со елементите кои имаат бизнис потенцијалната енергија и супериорната вредност се цените и готовината. Кога ги продавате Вашите производи или услуги за поголема цена која ги покрива сите трошоци и носи поголем профит за Вас, тогаш ќе имате и подобар готовински тек. Со готовината ќе ја зголемите бизнис потенцијалната енергија на другите бизнис елементи како знаење, производи и услуги, маркетинг, продажен тим итн. Доколку немате готовина Вашата бизнис потенцијална енергија ќе биде на ниско ниво.

Но, Вие нема да можете да ги покачите Вашите цени пред да изградите  супериорна вредност за Вас како претприемач, Вашиот бизнис и Вашата понуда. Супериорната вредност е нешто што ќе овозможи да ги продадете Вашите производи и услуги за повеќе пари без да ги загубите тековните потрошувачи.

Процесот на зголемување на бизнис потенцијалната енергија е да започнете да гради се посилна супериорна вредност за да наплаќате повеќе и повеќе и да можете да инвестирате повеќе и повеќе во подобрување на бизнис потенцијалната енергија на другите бизнис елементи.

Што е супериорна вредност?

Да започнеме со зборот супериорно. Во Wikipedia за овој збор се вели дека е:

Нешто што е повисоко во хиерархиската структура од било кој вид.

Ова значи декакога зборуваме за супериорна вредност мислиме на нешто што е позиционирано повисоко во однос на нешто друго. Супериорен бизнис значи дека има повисока позиција од другите конкуренти на пазарот. Супериорен производ или услуга значи дека има повисока позиција на пазарот од конкурентските производи или услуги. Супериорен претприемач значи дека има повисока позиција на пазарот од конкурентските претприемачи. Ова може да се изрази како подобар квалитет, подобар имиџ, подобар продажен тим итн.

Во Oxford Dictionary:

Вредноста е едноставно вредност на нешто изразена во пари или други производи кои може да бидат заменети за нешто.

Сега е веќе јасно. Оваа вредност ќе ни даде можност да ги продаваме производите или услугите за повеќе пари. Како и да е, доколку го додадеме зборот супериона пред вредноста ќе знаеме дека предмет на супериорност претставува вредноста. Понатаму, постои вредност на претприемачот, вредност на бизнисот и вредност на производите или услугите. Интересно е да се забележи дека претприемничката и бизнис вредноста може да ја зголемат вредноста на производите или услугите.

Сега што претставува супериорна вредност?

Супериорна вредност е вредност ан претприемачот, бизнисот и производите или услугите која е повисока отколку вредноста на конкурентските претприемачи, бизниси и производи или услуги.

Вториот елемент кој во однос на супериорната вредност има значење е распространување на таа порака за супериорна вредност.

Да претпоставиме дека Вашиот бизнис навистина има изградено супериорна вредност во однос на конкуренцијата. Но, што ќе значи таа супериорна вредност доколку за неа не знаат Вашите потенцијални потрошувачи.

Тука постојат две работи:

  • Супериорна вредност која е предложена, односно сугерирана и
  • Просудување или мислење за таа супериорна вредност на потенцијалните потрошувачи.

На пример, ние сугерираме дека имаме супериорна вредност, но и потенцијалниот потрошувач ќе си има свое мислење за тоа дали ние имаме супериорна вредност. Значи, потребно е да имаме елемент со кој ќе ги убедиме дека навистина имаме супериорна вредност. На таков начин оваа маркетинг средство треба да даде:

  • Исказ за супериорна вредност
  • Доказ за супериорна вредност
  • Средство за пренос на тој наш исказ и доказ до потенцијалните купувачи.

Процес на градење на супериорна вредност како маркетинг средство

  • Започнете со дефинирање на сите бизнис елементи кои се значајни за потенцијалните потрошувачи
  • Анализирајте ги и утврдете ја позицијата на секој елемент во однос на конкуренцијата
  • Онаму каде што сте посупериорни побарајте можност за зголемување супериорноста, а онаму кајшто сте послаби обидете се да ја подобрите и да бидете посупериорни.
  • Означете ги сите тие Ваши супериорности во однос на конкуренцијата.
  • Подгответе го исказот кој ќе ја отсликува супериорноста во сите тие елементи.
  • Побарајте докази на таа Ваша супериорност, како препораки и изјави од Ваши сегашни купувачи.
  • Комбинирајте ги тие две работи во секое Ваше маркетинг средство.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] На некој начин досега оваа маркетинг средство го претставивме како дел од маркетинг средството понуда од аспект на потрошувачите и супериорната вредност. […]

  2. […] користење нови стратегии и понуда на вредност за потрошувачите е нешто што ќе обезбеди преживување […]

Speak Your Mind

*