post

Предизвик за бизнис блог – ден 18: Вовед и заклучок

Да продолжиме со осумнаесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да користат бизнис блог за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба.

бизнис блог

Претходниот, односно од четиринаесетиот до седумнаесетиот ден од овој предизвик за подготовка на бизнис блог се однесуваше на пишување на текстот за секој од поднасловите кој доколку не сте го поминале би било добро да се вратите на тие денови пред да продолжите со активности од овој осумнаесети ден од подготовка на вашиот бизнис блог.

Продолжи…

post

Бизнис блог – ден 14-17: Пишување на постови

Бизнис блог Да продолжиме со четиринаесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот тринаесети ден од предизвикот се однесуваше на пишување на поднаслови на насловите кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој четиринаесети ден.

Ден 14-17: Пишување на постовите

Досега имаш завршено голема работа. Листовите не се празни, туку има наслови и поднаслови што едноставно сега треба да се поврзат со текстот кој се однесува на секој поднаслов. Доколку поднасловот е прашање одговорете го. Напи за што се однесува самиот поднаслов. Дај ги потребните одговори што твојот потенцијален купувач би се запрашувал за темата од поднасловот. Така ќе стигнете до една функционална целина.

Овие 3 дена потрошете ги да ги напишете сите пасоси кои се однесуваат на поднасловите. Користете обичен (човечки) јазик, не стручни зборови кои не се разбираат.

Додека пишувате запрашаувајте се за следниве работи:

  • Која ќе биде корисноста за читателот?
  • Дали е доволно јасно да се разбере од обичен човек?
  • Дали е доволно интересно?

Следува: Бизнис блог – ден 18: Вовед и заклучок за секој пост

post

Бизнис блог – ден 13: Поднаслови за секој наслов од претходниот ден

Бизнис блог - поднаслови

Бизнис блог - поднаслови

Ќе продолжиме со тринаесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот дванаесети ден од предизвикот се однесуваше на конечно дефинирање на наслови  кој доколку не си го поминали би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дванаесетти ден.

Ден 13: Напишете ги поднасловите за секој наслов од претходниот ден

Доколку се оди како што треба од овој предизвик би требало веќе да имаш барем 100-тина наслови за твојот бизнис блог. Тоа е доволно за една година однапред да се осигураш дека ќе нема да имаш проблем со недостаток на содржина.

Повторно тука би напоменал дека постојат различни мислења од страна на експертите дали прво да се пишува содржина или пак да се започне со наслов и потоа да се структурира и довршува постот. Сепак сметам дека многу е полесно доколку започнеш да пишуваш кога страната не е целосно бела (има барем наслов), а подтоа доколку има потреба ќе извршиш потребна измена и во насловот.

За секој наслов од претходниот ден размисли за можните поднаслови. Овие поднаслови во голема мерка ќе го поедностават процесот на пишување на постовите бидејќи едноставно ќе знаете за секој дел што треба да напишете. Внимавајте во поднасловите да бидат содржани или примарните или секундарните зборови (сепак не треба да се претерува).

Целта е на крајот од овој ден да имате за секој наслов нешто вакво:

Наслов (примарен збор + други зборови)

Поднаслов 1 (Секундарен збор + други зборови)

Поднаслов 2 (Секундарен збор + други зборови)

Поднаслов N (Секундарен збор + други зборови)

Сакам уште еднаш да напоменам (иако во е-книгата која што ќе произлезе од оваа содржина ќе навлеземе подлабоко во оваа проблематика) немора секој поднаслов да содржи секундарен збор, туку може и без него. Сепак основната цел е да пишуваш за читателот, а не за пребарувачите. Од друга страна не можете, но и не е соодветно со еден пост или една страна да ги таргетирате сите клучни зборови (примарни, секундарни, терцијални…). Ова е поради фактот што секој клучен збор има одредено значење и соодветна тема која може да ја опише и која се разликува од останатите теми. Секој збор има свои приказни зад него кои не се соодветни со другите зборови. Замислете каква каша попара ќе стане доколку се обидете во еден пост да опфатите се и сешто. Забележувам многу грешки кога се „лупаат“ зборовите во meta tags само колку да ги има, но едно нешто ми е јасно од анализите кои ги правам на оваа поле – последните резултати се дека keyword meta tag има корелација 0 во однос на резултати од пребарување. Мислам дека само уште еден пребарувач (и тоа маргинален) ги користи и тоа со многу слаба корелација.

Сепак овој ден ја имате структурата на секој наслов, така да она што од утре и следните неколку денови што ќе треба да го правите ќе биде многу поедноставно.

Следува: Бизнис блог – ден 14-17:  Пишување на постови

post

Бизнис блог – ден 12: Дефинирање на конечните наслови

Бизнис блог Продолжуваме со дванаесеттиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот единаесетти ден од предизвикот се однесуваше на бреинстормирање на идеи на наслови  кој доколку не си го поминали би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дванаесетти ден.

Ден 12: Дефинирање на конечните наслови за идеите до кои дојдовте претходниот ден

Доколку ги следеше советите и упатствата од претходниот ден веќе денес треба да имаш можеби и 200 идеи за наслови во вашиот тефтер од овој предизвик за блогирање. Но, не се сите приоритетни или пак добри за твојот бизнис. Денешниот ден е повеќе за анализа на тие наслови и нивно прилагодување за твојот бизнис блог.

Кога веќе знаеш што ќе пишуваш (имаш 200-тина идеи) сега е време за секоја од тие идеи да направиш наслов во вистински смисол на зборот. Она на што треба да внимаваш е во тие наслови да биде содржан и твојот клучен збор (ден 5 и ден 7). Второ нешто на што треба да внимаваш е тој наслов да биде инспиративен за превземање на акција од страна на оној кој ќе дојде до него, барем за да кликне и да го прочита.

Да ги дефинираме практичните чекори кои ќе треба да го направиш токму овој ден:

  • Провери ги сите идеи-наслови од претходниот ден и едноставно претвори ги во наслови за твојот бизнис блог кои ќе одговараат на твојата индустрија и секако на потребите на твоите потрошувачи.
  • Осигурај се дека во секој од насловите ќе биде содржан по еден клучен збор (примарен или пак секундарен). Не обидувај се во еден наслов да сместуваш повеќе клучни зборови, тоа нема да ги даде резултатите кои мислиш дека ќе се добијат, но може да направи твојот наслов да изгледа глупаво и невредно.
  • Провери дали се инспиративни тие наслови или пак дали поттикнуваат некаков вид на акција. Дали се доволно информативни или не се? Доколку не се инспиративни, ориентирани кон акција или пак информативни, тогаш направи ги такви.

Следува: Бизнис блог – ден 13: Поднаслови за секој наслов од претходниот ден

post

Бизнис блог – ден 11: Бреинстормирање на наслови

Бизнис блог Ова е единаесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот десети ден од предизвикот се однесуваше на инсталација на додатоци кои ќе ја зголемат функционалноста на твојот бизнис блог кој доколку не сте го поминале би било добро да се вратите пред да одите со активности од овој единаесети ден.

Ден 11: Бреинстормирање на наслови

Насловите се многу важни елементи од вашиот бизнис блог, но можеби и за вашиот иден бизнис успех. Постојат различни мислења дали да се оди првин со пишување на содржината, па од неа да се извлече насловот или обратно, првин насловот а потоа содржината. Во секој случај можеш да ги користиш и двата начина, но идејата во овој предизвик е да започнете со наслови заради полесно обезбедување на содржина во иднина.

Овој ден ќе биде многу важен ден за идниот развој на вашиот бизнис блог. Вие веќе ги имате категориите и тие може да бидат стартна позиција за бреинстормирање на наслови. Едноставно обидете се од секоја категорија да извлечете барем по 10 можни наслови. Од друга страна ги имате и 50-те идеи за блог постови во книгата блогирање за бизнис. Вашата задача за овој 11-ти ден е да дојдете до колку што можете повеќе наслови. Иако овој предизвик е на дневна основа, сепак секоја активност можете да ја имплементирате онолку колку што ви е потребно време. Врз основа на тие 50 идеи можете да дојдете до 100 уникатни наслови за вашиот бизнис блог. Тоа би било доволно за цела година доколку објавувате по 2-3 наслови неделно.

Од друга страна, тука ќе ја најавам ексклузивно уште едната алатка која скоро е подготвена и се однесува токму на овие наслови, а тоа се 100 идеи-наслови за блог постови преку претприемач каде првите 50 ќе бидат оние опфатени во книгата блогирање за бизнис, додека останатите 50 ќе бидат сосема нови и спремни за прилагодување кон твојата индустрија.

Да ги дефинираме практичните чекори кои ќе треба да го направиш токму овој ден:

  • Добро разгледај ги твоите категории и во тефтерот или нотесот кој ви служи за овој предизвик определете по една страна за една категорија.
  • За секоја категорија размислете што е она што првин би го прашал твојот потенцијален купувач. Врз основа на одговорите напиши ги насловите на таа страна која е определена за таа категорија. Истото повтори го и со останатите категории. Доколку имаш 8 категории ќе имаши 80 наслови.
  • Искористете ги 50-те идеи од книгата блогирање за бизнис и едноставно дојдете до уште 100-тина наслови. Запомнете дека колку повеќе наслови толку подобро и за вас и за вашиот бизнис блог.

Следува: Бизнис блог – ден 12: Дефинирање на конечни наслови

post

Бизнис блог – ден 10: Инсталација на додатоци

WordPress лого Да продолжиме со десетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот девети ден од предизвикот се однесуваше на подготовка на технологијата кој доколку не сте го поминале би било добро да се вратите пред да одите со активности од овој десети ден.

Ден 10: Инсталација на додатоци

Word Press е одлична платформа која во старт ќе ти обезбеди многу функционалности. Сепак додатоците (Plugins) само уште повеќе ќе ја подобрат функционалноста на твојот бизнис блог, а ги има премногу. Сакам да напоменам да не се залетувате со се и сеште. Секогаш запрашајте се дали навистина ќе ви биде потребно нешто.

Овој ден е за да ги инсталирате додатоците (plugins) за Word Press со што ќе му ја зголемите функционалноста на истиот. Во книгата блогирање за бизнис ги наведовме основните кои би требало да ги инсталирате. Но, тука би напоменал уште некои (можеби некои и ќе се преклопат со книгата). На пример, инсталирајте WP Backup, All In One SEO Pack, Akismet, Google Analytics, Google XML Sitemap Generator, и Contact Form 7.

Врз основа на темата која ќе ја користите некои може и да нем потреба да ги инсталирате. На пример, јас веќе не го користам All in One SEO Pack бидејќи самата тема која ја користам ми го обезбедува се она што ми го нуди тој додаток.

Да ги дефинираме практичните чекори кои ќе треба да го направиш токму овој ден:

  • Инсталирајте ги гореспоменатите додатоци.
  • Извршете ги неопходните подесувања за истите.

Следува: Бизнис блог – ден 11: Бреинстормирање на наслови

post

Бизнис блог – ден 9: Подготовка на технологија

WordPress лого Ќе продолжуваме со деветиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба.  Претходниот осми ден од предизвикот се однесуваше на дефинирање и подготовка на категориите и основните страни кој доколку не сте го поминале би било добро да се вратите пред да одите со активности од овој девети ден.

Ден 9: Подготовка на технологија

Како што можете да забележите од овој предизвик технологијата е само мал дел (само еден ден) од овој предизвик за блогирање за бизнис. Но, сепак мора да се помине без разлика дали тоа ќе го направи твојот дизајнер или ќе бидеш направи сам претприемач. Пред да продолжиме со овој ден сакам да напоменам дека постојат повеќе платформи за блогирање, но како препорака во овој предизвик ќе го користиме WordPress.

Овој ден ќе го искористиш за инсталација на платформата за блогирање. Имаш 10 видео материјали во првиот email доколку сте регистрирани за двонеделните билтени на претприемач кои ќе ве водат низ процесот на инсталација на WordPress. Направете ги неопходните подесувања како General Settings и Permalinks, направете ги категориите и подкатегориите кои ги определивте претходниот ден.

Да ги дефинираме практичните чекори кои ќе треба да го направиш токму овој ден:

  • Инсталирајте го WordPress.
  • Во општите сетинзи напишете го насловот како и поднасловот на твојот бизнис блог. Обиди се и во насловот и во поднасловот да користиш некои од примарните клучни зборови. Во истиот овој дел подесте ги URL-ата како и временската зона.
  • Следното важно подесување, ако не и најважно е да ги подесиш permalinks. Овие подесувања ќе го определат изгледот и структурата на URL-ата кои ќе се покажуваат за страните и постовите на твојот бизнис. Не избирајте ја опцијата со бројчаник, туку изберете описен изглед. На пример: www.tvojblog.mk/naslov-post.
  • Направете ги сите страни кои ги одготвивте вчера.
  • Креирајте ги категориите и подкатегориите кои ги подготвивте вчера.

Слдеува: Бизнис блог – ден 10: Инсталација на додатоци

post

Бизнис блог – ден 8: Категории и основни страни

Убиство на сопствениот бизнис Продолжуваме со осмиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Помина една недела од овој предизвик.  Претходниот ден (седми) од предизвикот се однесуваше на анализа на клучните зборови кој доколку не сте го поминале би било добро да се вратите пред да одите со активности од овој осми ден.

Ден 8: Категории и основни страни

Доброто структурирање на самиот блог значи и голема работа завршена за тебе кога станува збор за блогирање за бизнис. Оваа структурирање освен што има потенцијал да обезбеди добар однос со вашите потенцијални потрошувачи бидејќи тие треба лесно да се снаоѓаат и доаѓаат до она што им е потребно, има потенцијал и за подобрување на самата оптимизација на твојот бизнис блог. Без добра структура воопшто не размислувајте за продолжување понатаму. Ова е една од најголемите грешки кои гледам дека се прават, но и самиот сум поминал преку оваа грешка.

Блогот освен блог постови ќе има и категории и некои основни страни како контакт страна и за нас страната. Овој ден искористете го за дизајн на структурата на вашиот блог, односно кои ќе бидат главните категории, а кои подкатегории како и сите страни кои што ќе ги има (може да имате и специфични влезни-целни страни преку кои ќе се обидете да навлезете во процесот на конверзија). Кога станува збор за категории сите примарни зборови може да претставуваат категории додека сите секундарни зборови подкатегории (доколку имате подктегории).

  • Одлучи за самата категоризација на твојот бизнис блог. Колку категории ќе има? Кои можни категории би влегле во потесен круг за избор? Дали се доволни само категории или ќе требаат и подкатегории.
  • Наврати се на анализата на клучни зборови од вчера и провери дали некои од примарните зборови може да влезат како категории за твојот бизнис блог и дали некои од секундарните зборови може да влезат како подкатегории на главните категории.
  • Донеси конечна одлука за категоризацијата на твојот бизнис блог.
  • Донеси одлука за основните страни кои ќе ги содржи блогот. Тоа се најчесто страните за компанијата, контакт страната, страната за архива и целни страници доколку сакаш веднаш да започнеш со одреден вид на конверзија на твојот бизнис блог.
  • Направи ја содржината на тие страни од претходниот чекор.

Следува: Бизнис блог – ден 9: Подготовка на технологија

post

Бизнис блог – ден 7: Анализа на клучни зборови

Враќање во училиште за да станеш одличен Ќе продолжуваме со седмиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот ден (шести) од предизвикот се однесуваше на одлука за домен и хостинг кој доколку не сте го поминале би било добро да се вратите пред да одите со активности од овој седми ден.

Ден 7: Анализа на клучни зборови

Ова е ден во кој можете и треба да дојдеш до многу интересни информации кои ќе ги применуваш во иднина за твојот бизнис блог. Твојата досегашна анализа беше да видиш што прават другите (можна конкуренција) и што твоите потрошувачи сакаат. Кога ги анализираше потрошувачите размислуваше за можниот одговор на прашањето: Како тие би дошле до мојот блог?

Секако дека вие во 5-тиот ден сте бреинстормирале доволно зборови, но сепак треба да проверите дали тие зборови се барани или пак да до јдете до некои други зборови. Затоа повторно преку Google Keyword Tool проверете ги сите зборови и дојдете до дополнителни. Класифицирајте ги на примарни, секундарни и терцијални зборови како во е-книгата блогирање за бизнис.

Да одиме практично со некои чекори што ќе треба да ги превземеш токму овој ден:

  • Подготви ги сите клучни зборови до кои преку анализите од претходните денови дојдовте. Уште еднаш ставете се во положба на еден ваш потенцијален потрошувач или пак доколку имате повеќе потрошувачки персони обиди се да одговорише на прашањето доколку секоја од тие персони бара решение на проблем кој твојот бизнис го решава кои зборови би ги впишал во пребарувачите.
  • Сите тие зборови стави ги во Google Keyword Tool кој ќе ти даде една анализа на самите тие зборови како и дополнителни зборови како сугестија на она што е поврзано со вашите и што е барано преку пребарувачот.
  • Рангирајте ги зборовите по бројот на пребарувања на месечно ниво, за да видите што е она што е барано и колку е барано.
  • Врз основа на рангирањето обидете се да ги класифицирате клучните зборови на примарни, секундарни и терцијални клучни зборови како во е-книгата блогирање за бизнис. Тоа ќе бидат зборови на кои ќе се насочите преку вашиот бизнис блог во идниот период.

Следува: Бизнис блог – ден 8: Категории и основни страни

post

Бизнис блог – ден 6: Одлука за домен и хостинг

Сервер Хостинг Продолжуваме со шестиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Петиот ден од предизвикот се однесуваше на клучни зборови кој доколку не сте го поминале би било добро да се вратите пред да одите со активности од овој шести ден.

Ден 6: Одлука за домен име и хостинг

Сега веќе е време да донесеш конкретни одлуки во однос на домен името и хостингот, односно како ќе обезбедиш веб простор за твојот бизнис блог. Домен името всушност претставува веб адреса на твојот бизнис блог и може да има критична улога во градењето на брендот на твојот бизнис.

Доколку веќе имате веб сајт прашањето за хостинг не ви е потребно. Домен името може да биде како фолдер на основниот домен или пак како поддомен на основниот домен.  Можете да одлучите, доменот да биде врз база на некој клучен збор што го имате бреинстормирано предходниот ден и во тој случај преминете на анализа преку Google Keyword Tool. Обидете се и со додавање на географска локација доколку сте локален бизнис. На пример, клучен збор и Охрид, доколку вашиот бизнис е лоциран и о перира само во Охрид. Врз база на резултатите, оние најголеми пребарувања проверете дали постои таков домен во регистарот.

Да одиме практично со некои чекори што ќе треба да ги превземеш токму овој ден:

  • Одлучете дали ќе одите со блог на веќе постоечкиот домен на вашиот веб сајт или пак ќе одите со еден вид на дескриптивен домен кој ќе содржи некој клучен збор.
  • Доколку одлучи да одиш со дескриптивен домен започни со анализа на клучните зборови од претходниот ден и разгледај ги најбараните зборови преку Google Keyword Tool.
  • Разгледајте ја опцијата за вклучување на локација доколку твојот бизнис е локациски базиран бизнис.
  • Проверете во регистарот на домените дали е слободен или зафатен оној за кој сте се одлучиле.
  • Разгледај ги хостинг компаниите кои нудат такви услуги. Скоро сите имаат веб сајт на кој можете да ги видите основните карактеристики и цена. Особено внимание обрни на препораките, односно дали ги имаат и кои компании ги користат нивните услуги.
  • Барај на форуми или блогови доколку има некаде да најдеш нешто за репутацијата на хостинг провајдерот, сепак компанијата која ќе биде задолжена за овие услуги е многу важна за обезбедување на брзина и стабилност. Важно пршање е и дали имаат сервисен центар на кој во секое време ќе можеш да се обратиш доколку постои некој проблем. Повеќе за ова можеш да прочиташ на хостинг и видови на хостинг услуги.
  • Кога веќе имате донесено одлука регистрирајте го домен името и обезбедете веб простор каде ќебиде сместен вашиот бизнис блог.

Следува: Бизнис блог – ден 7: Анализа на клучни зборови