post

SWOT анализа за социјални медиуми – Маркетинг средство 91

SWOT анализа за социјални медиуми

SWOT анализа за социјални медиуми

Концептот за примена на SWOT анализа за социјални медиуми претставува навистина корисен концепт кој може да ви помогне во успешно градење на присутноста на Вашиот бизнис на социјални медиуми. Како 91-во маркетинг средство го избрав токму овој концепт – спроведување на SWOT анализа за социјални медиуми.

Што престатвува SWOT анализа за социјални медиуми?

SWOT анализа е тема која повеќе пати беше обработувана на претприемач, како од научен така и од практичен аспект. Да се потсетиме првин за тоа што претставува SWOT анализа.

Во SWOT анализа во 4 чекори наведовме дека:

SWOT анализа е алатка за планирање, особено за стратешко планирање. Се користи за проценка на Јачините (Strengths) и Слабостите (Weakness) како внатрешни елементи на бизнисот, Можностите (Opportunities) и Заканите (Threats) како надворешни елементи на бизнисот.

Кога станува збор за социјалните медиуми оваа анализа ќе се однесува на проценка на јаките и слабите страни на вашиот бизнис на социјалните медиуми како внатрешни елементи и можностите и заканите како надворешни елементи.

Оваа анализа може да ви помогне при изготвување на стратегија за социјални медиуми која беше опфатена како 90-то маркетинг средство.

М-р Илија Чубровиќ (се надевам дека од утре ќе го именувам како Д-р) како дел од неговата магистерска работа дизајнираше прашалник за спроведување на SWOT анализа. Тој прашалник содржи прашања актуелни за тоа време, но како пример како да се спроведе една ваква анализа може да користи и денес, нормално со редизајн на некои прашања прилагодени кон вашиот бизнис.

И во овој дел ќе се обидам да дадам еден таков приод за спроведување на SWOT анализа за социјални медиуми преку одговор на минимум прашања.

Прашања кои ќе треба да ги одговорите?

И во овој дел ќе се обидам да дадам еден таков приод за спроведување на SWOT анализа за социјални медиуми преку одговор на минимум прашања. Прашањата треба да бидат групирани во два дела – внатрешни и надворешни елементи.

Прашања за внатрешни елементи

Внатрешните елементи треба да ви ги покажат јаките и слабите страни на вашиот бизнис на социјалните медиуми. Одговорете колку што можете повеќе прашања. Бидете реални и не ги одбегнувајте слабите страни. Со одбегнување нема да го подобрите вашиот бизнис.

  1. Колкаво е досегашното искуство на вашата команија на социјални медиуми?
  2. Што е она што го правите добро на социјални медиуми, а што е она што го правите лошо?
  3. Каква е опременоста со кадри за градење на присутноста на социјалните медиуми?
  4. Каква е мотивираноста на тие кадри за градење на присутност на социјалните медиуми?
  5. Дали мате соодветна технологија за градење на присутноста на социјални медиуми?
  6. Како ја користите таа технологија?
  7. Какво е знаењето и оспособеноста на вработените за користење на таа технологија?
  8. Дали вработените во вашиот бизнис користат различни социјални медиуми во нивниот приватен живот?
  9. Доколку користат како можете да го искористите тоа за целите на Вашиот бизнис?
  10. На какво ниво е соработката помеѓу вработените во вашиот бизнис?
  11. Дали менаџментот е подготвен за користење на социјални медиуми?
  12. Дали менаџментот знае како да ги обучи вработените за користење на социјални медиуми?
  13. Дали вашиот бизнис има барем малку забавна карактеристика во дневното функционирање?
  14. Дали можете тоа да го искористите за градење на присутност на социјалните медиуми?
  15. Колкаво е нивото на креативноста во вашиот бизнис?
  16. Дали веќе имате веб сајт или блог на кои креирате вредна содржина?
  17. Дали вие или вашиот бизнис користите социјални медиуми за лични или бизнис цели?
  18. Кои социјални медиуми ги користите и колкав е нивниот број?
  19. Каква е вашата експертиза за индустријата во која оперирате?
  20. Каква е глобалната експертиза на вашиот бизнис за индустријата во која оперира?

Ова се 20 прашања кои ве водат низ процесот. Не значи дека се комплетни или целосни. Слободно додавајте уште прашања за кои сметате дека се валидни како внатрешни елементи кои ќе ви покажат кои се вашите слаби или јаки страни за присутноста на социјалните медиуми.

Прашања за надворешни елементи

Надворешните елементи треба да ви ги покажат можностите и заканите кои вашиот бизнис треба да ги искористи или избегне на социјалните медиуми. Одговорете колку што можете повеќе прашања. Бидете реални и не ги одбегнувајте заканите. Тие имаат цел да ви покажат каде треба да внимавате.

  1. Развојот на технологијата во подрачјето на социјалните медиуми претставува можност или закана за вашиот бизнис?
  2. Како ве ценат вашите потрошувачи?
  3. Дали вашите потрошвачи користат технологија за присутноста на социјалните медиуми?
  4. Дали присутноста на социјалните медиуми на Вашите потрошувачи е компатибилна со вашата присутност?
  5. Дали присутноста на социјалните медиуми на Вашите потрошувачи е компатибилна со присутност на вашите вработени?
  6. Како сакаат вашите потрошувачи да комуницираат со вашиот бизнис?
  7. Како сакаат вашите потрошувачи да соработуваат со вашиот бизнис?
  8. Дали вашите потрошувачи имаат потреба од едукација за да ги користат вашите производи и/или услуги?
  9. Каква стратегија за социјални медиуми користат вашите конкуренти?
  10. Како вашите конкуренти комуницираат со нивните потрошувачи?
  11. Како вашите конкуренти ги едуцираат нивните потрошувачи?
  12. Каде се наоѓаат потрошувачите на вашите конкуренти?
  13. Каква е експертизата на вашите конкуренти?
  14. Каква технологија користат вашите конкуренти?
  15. Дали вашите снабдувачи се присутни на социјалните медиуми?
  16. Какво влијание може да имаат вашите снбдувачи врз вас и вашиот бизнис на социјалните медиуми?
  17. Постои или закана дека вашите снабдувачи можат да навлезат и на вашиот пазар?
  18. Многу нелегални бизниси се обидуваат да продаваат преку социјални медиуми. Какво влијание има ова врз вас?
  19. Дали во вашата околина има доволен број на луѓе обучени за да бидат дел од вашиот бизнис тим?
  20. Дали едукативниот систем во вашата околина опфаќа и обука за користење на технологија?

Ова се 20 прашања кои ве водат низ процесот на анализа на можностите и заканите за користење на социјални медиуми. Не значи дека се комплетни или целосни. Слободно додавајте уште прашања за кои сметате дека се валидни како надворешни елементи и кои ќе ви покажат кои се вашите можности и закани за присутноста на социјалните медиуми.

Што понатаму?

Понатаму продолжете со станардната оперативна процедура за спроведување на SWOT анализа која опфаќа:

  • Конструирање на SWOT матрица и
  • Дефинирање на стратегии.

Чија е одговорноста?

Доколку навистина сакате да успеете мора да постои одговорност. Но, прашањето кој ќе биде одговорен за спроведување на една ваква SWOT анализа за социјални медиуми?

Првин, најдоговорен сте вие како еден претприемач. Потоа тимот кој ќе го изберете да работи на анализата и подготовка на стратегијата и на крајот сите вработени во Вашиот бизнис ќе бидат одговорни за градење на присутноста на социјалните медиуми.

post

Стратегија за социјални медиуми – Маркетинг средство 90

Стратегија за социјални медиуми

Стратегија за социјални медиуми

Ќе продолжиме со серијалот маркетинг средства на претприемач. Во изминатиов период во овој
серијал опфативме повеќе различни видови на социјални медиуми кои може да се користат за градење и зголемување на присутноста на вашиот бизнис на интернет. Но, често пати се поставуват прашања во
вид на што, како, кога или каде. Ние опфативме само еден мал дел од различните платформи кои постојат, реалноста е инаку една џунгла без некои добро воспоставени правила на игра. Затоа за да се постигне одредена успешност за секој бизнис потребно е да се примени стратешки приод. Мора да имаме стратегија за користење на социјални медиуми бидејќи сите напори без една таква стратегија ќе бидат залудни.

Што е стратегија за социјални медиуми?

Стратегија претставува план на акции за остварување на поставените цели. За имплементација на една стратегија потребно е да имаме повеќе тактики. Секоја тактика се исполнува со активности кои имаат одредени датуми на остварување, одговорни лица за остварување на тие активности и потребни финансиски средства за остварување. Значи стратегија за социјални медиуми ќе ни биде средство со кое ќе ги оствариме поставените цели.

А кои цели ги има поставено нашиот бизнис кои треба да ги оствари преку социјални медиуми? Овие цели не се толку опипливи како другите, но може да бидат во вид на:

  • градење на присутност,
  • зајакнување на препознатливоста на брендот,
  • зголемување на листа на потенцијални купувачи,
  • помош и подршка на купувачите,
  • едукација на купувачите и потенцијалните купувачи,

Ова е само еден мал дел од можни цели на еден бизнис за настап на социјални медиуми. Стратегијата треба да даде листа на активности за остварување на тие цели кои што ќе си ги поставите. Морате да бидете свесни и за ресурсите, особено временски.

Градење на стратегија за социјални медиуми

Стратегијата за социјални медиуми треба да ни даде одговор минимум на следниве прашања:

  • Кои социјални медиуми ќе ги користиме?
  • Како ќе ги користиме тие социјални медиуми?
  • Кои се нашите следни активности?

Да навлеземе накратко во сите 3 пршања.

1. Кои социјални медиуми ќе ги користиме?

Одговор на ова прашање зависи од:

  • целите кои ги имате поствено и кои треба да се остварат преку социјални медиуми,
  • видот на бизнисот како и пазарот и индустријата во која стопанисува истиот и
  • одговор на прашањето каде се моите потенцијални потрошувачи.

Откако ќе дојдете до листа на најважните социјални медиуми веќе ќе знаете кде треба да го насочите Вашето внимание.

2. Како ќе ги користиме тие социјални медиуми?

Второто прашање на кое ќе треба да дадете одговор е како ќе ги користите тие социјални медиуми до
кои дојдовте преку одговор на првото прашање. Во овој дел кога одговарате на како размислувајте веднаш на 4 елементи:

  • Комуникација – Со кого, што и како ќе комуницирате?
  • Едукација – Кого, што и како ќе едуцирате?
  • Забава – Со кого, што и како ќе се забавувате? Во овој дел е потребна и внимателност, не за секој бизнис функционира забава.
  • Соработка – Со кого, за што и како ќе соработувате?

3. Кои се нашите следни активности?

Претходните две прашања ни дадоа одговор за тоа кои социјални медиуми ќе ги користиме и како ќе ги користиме. При одговор на оваа прашање преточете ги тие одговори во листа на активности за периодот кој следува во кој треба да ги остварите поставените цели.

Во Премиум материјалот на претприемач во модулот за социјални медиуми овој процес го поминуваме подетално и е следен со темплејти во вид на алатки кои ве водат низ процесот.

post

Маркетинг – Најдоброто на претприемач во 2010

Маркетинг - Најдоброто во 2010

Маркетинг - Најдоброто во 2010

Четвртата тема од серијалот најдоброто на претприемач за 2010 година е маркетинг. Маркетингот е најзастапената тема на претприемач во изминативе две години со 213 постови межу кои и серијалот од 100 маркетинг средства кој сакав да го завршам оваа година но, реално не успеав.

Маркетингот е тема која доминира заради тоа што претставува една од најважните ако не и најважна функција на еден бизнис. И оваа година би се потсетил на цитатот на Peter Drucker:

Маркетинг и иновација се единствените бизнис функции кои генерираат приход и креираат бизнис. Се останато е трошок.

Листата на најдобрите постови од категорија маркетинг за 2010 година на претприемач се следниве:

  1. Подобар Маркетинг План – 5 Прашања и една табела. Во овој пост ќе прочитате како преку одговор на 5 прашања и креирање на една табела ќе можете да изработите маркетинг план за Вашиот бизнис.
  2. 10 Чекори за Подобро Разбирање на Потребите на Потрошувачите. Во постот ќе прочитате за 10 чекори кои можат да ве водат низ процесот преку кој подобро ќе ги разберете Вашите потрошувачи.
  3. Што Можеме Да Научиме од Amazon за Бизнис? Овој пост ги извлекува принципите, методите и техниките, како и креативноста на оваа компанија кои се користат кај успешните офлајн бизниси во градење на нивната онлајн империја.
  4. RFM Формула за Сегментација на Потрошувачи. Овој пост се однесува на една техника наречена RFM формула за сегментација на потрошувачите.
  5. Како До Најмоќното Маркетинг Средство? Во постот се дадени 4 начини за тоа како да постигнете вирозен ефект во Вашите маркетинг кампањи.
  6. Демографија VS Активности на потрошувачите. Секој од потрошувачите во истата група има исти или слични карактеристики, додека еден потрошувач од една група и друг потрошувач од друга група имаат различни карактеристики. Во постот ќе прочитате за комбинација на демографијата и активностите за соодветна сегментација на потрошувачи.
  7. Интересна дефиниција за Маркетинг Успех. Преку една дефиниција за маркетинг успех се разгледани сите активности кои ќетреба да ги направите за да го постигнете тој успех.
  8. Портфолио приод за менаџирање на потрошувачи. Портфолио приод за менаџирање на потрошувачи претставува една квалитетна алатка во процесот на менаџирање на потрошувачи и секако соодветна алокација на ресурси кон оние вистинските потрошувачи.
  9. Успешна маркетинг кампања во 10 чекори. Во постот се дадени 10 чекори како да подготвите и спроведете успешна маркетинг кампања за Вашиот бизнис.
  10. Како да бидете еден чекор пред конкуренцијата? Постојат 4 чекори за да успеете да бидете подобри од Вашите конкуренти. Три се однесуваат на собирање на знаење додека четвртиот на примена на тоа знаење во подобрување на Вашите бизнис процеси.
post

SlideShare – Маркетинг средство 89

SlideShare - Маркетинг средство

SlideShare - Маркетинг средство

Како 89-то маркетинг средство на претприемач избрав една платформа SlideShare која спаѓа во групата на платформи за објавување на содржина. Кога станува збор за содржина веќе ја опфативме како посебно маркетинг средство, но можете да забележите дека кога станува збор за онлајн маркетинг средства секаде се споменува содржина која всушност претставува една пајакова мрежа околу Вашиот бизнис.

Што претставува SlideShare?

SlideShare претставува место на интернетот каде може да се споделуваат презентации (јавно или приватно) подготвени во PowerPoint, PDF или OpenOffice.

Како што самите се опишуваат на нивниот веб сајт:

SlideShare е бизнис медиа сајт за споделување на презентации, документи и pdf фајлови. SlideShare се карактеризира со активна заедница на професионалци кои редовно коментираат, фаворизираат и симнуваат содржина. Содржината се шири вирозно преку блогови и социјални мрежи како  LinkedIn, Facebook and Тwitter. Индивидуалците и организациите аплоадираат документи на SlideShare за да споделат идеи, за да се поврзат со другите корисници и за да генерираат потенцијални потрошувачи за нивните бизниси. Секој може да види презентации и документи од теми кои ги интересираат. Сајтот расте брзо со над 25 милиони посетители месечно.

Презентациите и документите може да се означат со клучни зборови за да се обезбеди полесен пристап на оние кои се заинтересирани за темата за која се однесува презентацијата. Исто така истите може да се симнуваат или залепат на веб сајт или блог како и лесно да се споделат на социјалните мрежи што дава вирозен карактер на истите.

Како може да се користи?

Освен што може да се користи за споделување на Вашите презентации, можете да додадете и аудио на истите, можете да го рекламирате настанот кој го организирате или на кој сте присуствувале, можете да се приклучите на група во која се споделуваат документи од исто подрачје на интерес како Вашето и секако да го зголемувате Вашето знаење преку симнување на презентации или документи.

Оваа платформа ви овозможува и да ги залепите Вашите презентации на Вашиот блог или пак веб сајт многу едноставно.

Дали треба да го користите?

Имање на бизнис презентации е нешто што спаѓа во категорија на мора, без разлика дали станува збор за продажна презентација или карактеристики и полезности на Вашите производи и/или услуги. Па дали постои пречка ако таа презентација биде видена или забележана од повеќе луѓе, или пак споделена или пак симната за понатамошно користење? Сметам дека одговорот е не. Па затоа и би ребало да го користите.

post

Маркетинг план за 2011

Маркетинг план за 2011

Маркетинг план за 2011

Бизнис кој не вложува во маркетинг не може да очекува соодветно ниво на продажба. Затоа секој бизнис има повеќе маркетинг активности кои ги спроведува за да поттикне продажба кај постојните потрошувачи и за да внесе свежа крв во бизнисот преку нови потрошувачи.

Она што треба да се знае е дека постојат илјадници или пак милиони потенцијални потрошувачи за Вашиот бизнис, но пред да станат потрошувачи тие првин мора да дознаат за производите и/или услугите кои ги нуди Вашиот бизнис. Тука стапуваат на сила Вашите маркетинг активности.

Се надевам дека веќе имате подготвено бизнис план за 2011 во кој се опфатени севкупните бизнис цели на Вашиот бизнис или барем ги имате одговорено 10-те прашања пред да започне 2011 година . Маркетинг планот треба да ги следи тие бизнис цели за 2011.

Во овој пост ќе се обидам да ви помогнам да наравите една рамка за маркетинг план за 2011 преку одговор на следниве прашања:

  1. Каде се моите потенцијални потрошувачи?
  2. Дали таму постои доволно голем проблем кој мојот бизнис го решава?
  3. Дали таму постои доволно голема желба за решението кое ние го нудиме?
  4. Дали таму постои спремност да се плати за нашето решение?
  5. Дали имаме доволен капацитет за да настапиме таму?
  6. Кои се нашите противници (конкуренти) кои се борат за истиот пазар?
  7. Што нудат тие наши противници (конкуренти)?
  8. Како го нудат тоа што го нудат нашите конкуренти?
  9. Можеме и имаме ли капацитет за подобра понуда?
  10. Кои ќе бидат нашите маркетинг активности за да ги поддржат нашите бизнис цели?
  11. Што сакаме да постигнеме со нашите маркетинг активности?
  12. Дали маркетинг целите се на оптимално ниво за кое имаме капацитет да ги оствариме?
  13. Дали поставените цели се мерливи?
  14. Како ќе ги оствариме поставените маркетинг цели?
  15. Што ќе треба да превземеме за да тие цели постанат реалност?

Ова се основните прашања кои треба да ги одговорите за составување на маркетинг план за 2011. Одговорите пишувајте ги во еден докумант, листите и активностите во табела, останатото е само форматирање заради подбар изглед.