Еве помина една недела како ја тестирам најновата апликација за процесирање на email - Mailbox. Прв впечаток со еден збор - одлично. Кога ја инсталирав ме ставија на листа на чекање и чекав над 540000 луѓе да добијат пристап пред мене. Чекањето траеше неколку недели и еве веќе една недела можам да го користам и тестирам Mailbox. Се започна преку следење на еден одличен случај за лин стартап, неговиот брз раст и продажба на Dropbox. Но, самиот производ « Продолжи »
75 Алатки за градење на супериорен бизнис
За успешен бизнис потребен е труд и соодветна имплементација на разни активности кои полека но сигурно ќе ве направат посупериорни од вашата конкуренција. За да ги имплементирате дневните претприемачки активности во вашиот бизнис потребни ви се повеќе алатки, форми, темплејти, калкулатори... Подолу се дадени алатките кои би требало да ги имате и користите, а се дел од Премиум претприемач 1.0. Но, оваа е само почеток, оваа година како « Продолжи »
Алатки кои може да ви помогнат во зголемување на продуктивноста
Оваа година на претприемач темата за продуктивност се наметна како една од попотенцираните теми заедно со започнување на бизнис. Причината е што продуктивноста е доста значајна за успехот на еден претприемач. Продуктивност значи: Да се работи на вистинските работи од страна на еден претприемач. Она што ќе се сработи да биде навремено и квалитетно. За таа цел користиме различни алатки, системи, методи и помагала. Подолу се « Продолжи »
Идентификација на најверојатните прични на проблемите
Проблеми имало и ќе има во бизнисите. Задачата на претприемачот е да ги открие и да ги отстрани. Но, освен откривање и отстранување на проблемите претприемачот мора да обрне внимание и на нивно превентивно отстранување, што значи веќе никогаш да не се појават. Една од честите грешки кои што ги забележувам кај претприемачите претставува и површно решавање на проблемот. Што значи тоа површно решавање на проблемот? Одговорот е во « Продолжи »
15 Алатки за виртуелизација на Вашиот бизнис
Виртуелизација значи Вашата компанија да стане виртуелна или делумно виртуелна. Тоа значи одредени операции да се изведуваат и без лично присуство на Вас самите или некој од Вашите вработени. На пример, да присуствувате на виртуелен состанок наместо на реален физички состанок. Пред повеќе од 10 години во една книга за менаџмент од САД читав едно поглавје кое зборуваше токму за виртуелна компанија. Тогаш си мислев колку сме далеку од « Продолжи »
Алатки за содржина
Доколку сте сопственик на мал бизнис веројатно размислувате или веќе користите содржина како маркетинг средство за да привлечете нови потрошувачи или да ја зголемите комуникацијата со тековните потрошувачи. Содржината како маркетинг средство е нешто што може да се класифицира како едно од најважните маркетинг алатки на денешницата. Многу мали бизниси користат маркетинг стратегии во кои се опфатени и содржини за да ја зголемат « Продолжи »
BCG Матрица за раст наспроти учество на пазарот
Пред извесен период завршивме со серијалот за животни циклуси на производите. Како што можевте да забележите од тој серијал вие постојано следите, навбљудувате и анализирате како се однесува производот на пазарот за да би знаеле во која фаза е истиот. Затоа во овој пост ќе претставиме една алатка која може да се искористи за анализа на Вашите позиции на пазарот. Вие како претприемач, треба да знаете во секој момент каде се наоѓате « Продолжи »
Алатки за тимска работа
Пред некој ден на претприемач имавме гостински пост кој се однесуваше на тимска работа и тимска ефективност при што главен акцент беше ставен на улогата на менџерот во градење и управување на тимови. Во овој пост би сакал да наведам неколку алатки кои денес може да се користат со цел да ја поттикнат тимската комуникација помеѓу членовите на тимот без потреба од постојани очи во очи состаноци. Некои сигурно досега сум ги споменал на « Продолжи »
Setster – Алатка за Онлајн Закажување на Состаноци
Пред извесен период наидов на една навистина едноставна но, алатка која ми остави силен впечаток кога станува збор за полека но сигурно пренесување на дел од нашите секојдневни бизнис активности онлајн. Времето во бизнисот значи и пари, а пари значат можност за раст на бизнисот. Затоа и оваа алатка (релативно нова, од септември 2009) може навистина да биде корисна за претприемачите. Што претставува Setster? Setster претставува веб « Продолжи »

Добивате бесплатен пристап премиум претприемач 2.0 и е-книги маркетинг план и блогирање за бизнис и уште многу други изненадувања...






