post

Како да станеш претприемач?

Како да станеш претприемач? Ова е една од највозбудливите професии на светот. Возбудлива, но исто така и ризична за луѓето кои ја имаат.

Кога ќе почнеш да работиш со твојата компанија стануваш претприемач. Сепак, процесот не може да се дефинира од почеток до крај, затоа што ќе мора да превземеш многу повеќе активности, пред да започнеш со твојот бизнис за станеш претприемач.

Значи, како да станеш претприемач?

Во следните 87 точки, ќе споделам некои совети, мислења и акции кои треба да ги преземеш доколку сакаш да станеш успешен претприемач.

1. Биди уникатен

Мора да бидеш различен од остатокот на светот, доколку сакаш да станеш претприемач. Тоа значи дека треба да го погледнеш светот со други очи. Треба да ги видиш можностите, каде што сите другите гледаат проблеми. Твојата компанија ќе биде уникатна врз основа на тоа колку ти ќе бидеш уникатен.

2. Размислувај поинаку

Доколку си уникатен веројатно и размислуваш поинаку од остатокот од светот. Треба да најдеш различни начини за да ги решаваш истите проблеми. Тоа е разликата помеѓу претприемачите и остатокот од светот.

3. Размислувај за големи идеи

Успешните претприемачи имаат големи идеи кои се уникатни, различни и корисни за потенцијалните купувачи. Ако сакаш да изградиш компанија со голема бизнис потенцијална енергија и да станеш претприемач ќе мораш да размислуваш за големи идеи, а не за просечни. Помина времето на просечни производи за просечни луѓе.

4. Сонувај за промена на светот

Секоја одлична идеја може да го промени светот. Погледни го Apple и Steve Jobs, кои навистина го сменија изгледот на светот во однос на минатото. Ако сакаш да станеш успешен претприемач, треба да сонуваш. Сонувај за невозможн работи, бидејќи не постои ништо што е невозможно.

5. Следи ја твојата пасија

Доколку сакаш да станеш претприемач, вклучи ја твојата пасија во твојот бизнис. Тоа се твоите лични чувства и емоции кои овозможуваат да чувствуваш позитивнен афинитет за нешто што го правиш. Твојата пасија е потребна на твојата компанија.

6. Размислувај за најголемите проблеми

Во светот секогаш ќе има проблеми кои не се решени до денес. Најди ги најголемите, оние што можеш да ги решиш и да ги преточиш во твој бизнис. Тоа е начин да се стане претприемач.

7. Размислувај за најголемите потреби

На пазарот исто така постојат потреби. Треба да ги најдеш најголемите и да ги инкорпорираш можните начини на нивното задоволување во твојот бизнис.

8. Размисли за најдобрите решенија за проблемите и потребите

Секој проблем има потреба од решение, кое ќе задоволи некои од најголемите потреби на пазарот. Направи ги најдобрите решенија за постоечките проблеми и потребите на пазарот.

9. Размисли за тоа што те прави среќен

Да се стане претприемач, не значи дека треба да се биде несреќен. Ти си на првото место во твојата компанија. Размисли за тоа што те прави среќен, обиди се да го вклучиш тоа во твојот бизнис модел.

10. Не заборавај на твоите лични цели

Ти пред се си човечко суштество и пред и откако ќе станеш претприемач. Мора да размислуваш за твоите лични цели кои треба да ги оствариш кога ќе станеш претприемач.

11. Започни со вмрежување

Ќе имаш потреба од, колку што може повеќе мрежи за твојата компанија. Ти не можеш да стартуваш со твојот бизнис без мрежата, која ти овозможува или барем дава потенцијал за успешен почеток.

12. Почни да слушаш

Слушањето станува една од најважните бизнис функции денес. Треба да слушаш ако сакаш да ги дознаеш проблемите и потребите на твоите купувачи. Тоа се многу корисни информации кои можеш да ги искористиш за твојата компанија.

13. Најди ја твојата лична уникатност

Твојата лична уникатност е нешто што ќе те разликува од останатите претприемачи, и во исто време ќе ја разликува и твојата компанија од остатокот на компаниите.

14. Учи од успешните

Ако сакаш да станеш претприемач, мора да почнеш да учиш од успешни луѓе.

15. Читај книги од успешни претприемачи

Постојат многу книги од успешни претприемачи кои можат да ти дадат знаење како да станеш успешен претприемач.

16. Читај многу

Треба да читаш многу, бидејќи тоа е единствениот начин секогаш да го зголемуваш твоето знаење и на таков начин да ја зголемиш твојата бизнис потенцијална енергија.

17 .Читај блогови за претприемништво

Постојат многу блогови за претприемништвото кои ќе можеш да ги читаш секојдневно, за да го зголемуваш твоето знаење, за да дојдеш до некои корисни идеи или некои нови технологии.

18. Биди дисциплиниран

Ако сакаш да станеш претприемач заборави недисциплина.

19. Верувај во своите способности

Како можеш да очекуваш твоите купувачи да ти веруваат на тебе или на твојата компанија, доколку не веруваш самиот во своите способности?

20. Зголемувај ја самодовербата

Ако веруваш во твоите способности дека можеш да станеш претприемач ќе имаш доволно самодоверба за таков вид на работа. Доколку немаш, веднаш почни да бараш начини да си ја зголемиш самодовербата.

21. Најди ја твојата најголема инспирација

Што те инспирира? Твојата инспирација ќе ја води твојата компанија во иднина.

22. Престани да сонуваш, почни да правиш нешто

Време е да се престане со сонување и спиење. Луѓе кои само сонуваат не можат да станат претприемачи. Поради тоа почни да правиш нешто сега.

23. Не потпирај се на случајности

Случајностите не се правила во претприемништвото. Не потпирај се на нив во твојот бизнис.

24. Биди одличен за нешто

Ако сакаш да станеш претприемач, ти треба да бидеш одличен за нешто. Треба да бидеш подобар од сите други. Дали си?

25. Развивај ја твојата одличност

Ако мислиш дека не си толку одличен да започнеш со твојата компанија сега, започни со развој на твојата одличност.

26. Прави нешто подобро од сите други

Ти не треба да го откриеш тркалото, тоа веќе е откриено. Треба само да направиш нешто подобро од него.

27. Започни со прототип

Време е да го направиш твојот прв прототип на твоите производи или услуги.

28. Испробај се на пазарот

Можеби твоите прототипи на производи и услуги се најдобрите на светот, но ти не си оној кој суди. На пазарот, купувачите се судии за тоа.

29. Имплементирај ги повратните информации од пазарот во твоите производи и услуги

Зошто да се испробуваш на пазарот ако не ги имплементираш повратните информации во форма на подобрување на твоите производи и услуги или подобрување на твојот бизнис воопшто?

30. Направи ги твоите производи и услуги лесно разбирливи

Како да станеш претприемач Неможеш да се очекуваш дека ќе ги продаваш твоите производи и услуги, доколку тие не се разбирливи за твоите потенцијални купувачи. Направи ги да бидат лесно разбирливи.

31. Брендирај го твојот бизнис

Што е со твоето бизнис име или лого? Направи нешто навистина препознатливо.

32. Што е со сопствениот ризик?

Размисли за сопствениот ризик. Колкав ризик можеш да толерираш?

33. Не заборавај да зборуваш за тоа постојано

Сакаш да станеш претприемач, почни да зборуваш за твојата пасија, за иднината на твојот бизнис, за проблемите кои тој ќе ги решава…

34. Која е твојата визија?

Како ја гледаш иднината на твојата компанија? Каде ќе биде по пет или десет години.

35. Стратегијата

Ќе ти треба стратегија, ако сакаш твојата визија да стане реалност.

36. Јасен бизнис модел

Нацртај го твојот бизнис модел на парче хартија. Разгледај ги врските меѓу најважните бизнис елементи.

37. Планирај го твојот пат до успехот

Знаеш каде си сега, и знаеш каде би сакал да бидеш по пет или десет години. Следно што ќе ти треба е да ги поврзеш точките. Треба да ја нацрташ траекторијата до твојата визија. Тоа е твојот план.

38. Подготви се за следните 5 години

Мора да се подготвиш себе си за следните пет години.

39. Напиши бизнис план

Бизнис планот ќе биде твојот пат кон успехот. Се што ќе направиш до тука треба да се пренесе во одличен бизнис план.

40. Дефинирај SMART цели

Кога ќе ги поставиш твоите бизнис цели, провери дали тие се SMART (специфични, мерливи, остварливи, реални и временски ограничени).

41. Биди реален кога го планираш твојот бизнис

Не лажи се себе си со твојот бизнис план. Направи го тоа толку реално колку што е можно повеќе. Кога е потребно, прегрупирај да биде во корелација со реалноста.

42. Побарај помош ако ти е потребна кога го планираш твојот бизнис

Понекогаш сам не можеш да ги направиш сите предвидувања, анализи и пресметки во бизнис планот. Доколку ти е потребна помош не двоуми се да побараш помош.

43. Најдобар план е кога се содржани одговори од потенцијалните купувачи

Осигурај се дека твојот бизнис план ги има вградено одговорите од твоите потенцијални купувачи. Тие се важни затоа што нив твојата компанија ќе им служи.

44. Твојот план нека бидне колку што е можно поедноставен

Многу е поважно ти и твоите вработени да го разберете планот одколку комплексноста и правилата од училиштата.

45. Користи цртички во твојот план

Најдобрите бизнис планови кои сум ги видел до сега се бизнис плановите со цртички. Тоа е затоа што цртичките се наједноставна форма која обезбедува спроведување на самиот план.

46. Не ги заборавај одговорностите

Од друга страна, цртичките бараат јасни одговорности за имплементација. Не заборавај да ги вклучиш во секоја цртичка.

47. Јасно дефинирај го процесот на делегирање

Делегирање е важен дел за твојата бизнис иднина. Најдобро време да се дефинира процесот на делегирање е сега.

48. Ти не си сам

Мора да разбереш дека ти не си човек за се. Ти не си сам.

49. Неможеш да преживееш сам

Ако сакаш да бидеш човек за се, треба да разбереш дека ќе ја намалиш можноста да станеш претприемач.

50. Регрутирај паметно

Треба да создадеш процес со кој ќе ги регрутираш најдобрите вработени за твојот бизнис. Тие се твојата идна бизнис потенцијална енергија.

51. Мотивирај паметно

Вработените бараат мотивација доколку сакаш да го извлечеш најдоброто од нив.

52. Биди лидер

Ти си лидерот. Твојата работа е да бидеш лидер.

53. Неможеш да ги задоволиш сите

Разбери дека неможеш да ги задоволиш сите. Доколку се обидеш, ќе изгубиш поголем дел од твојата бизнис потенцијална енергија.

54. Сега, кој е твојот целен пазар?

Јасно дефинирај го целниот пазар, доколку сакаш да го дадеш најдоброто од себе за да го задоволиш.

55. Секогаш биди блиску до твојот целен пазар

Ќе треба секогаш да бидеш на местата каде што се твоите целни купувачи. Да ги слушаш, да ги едуцираш, да им помагаш…

56. Не заборавај да поставуваш прашања

Поставувај прашања. Поставувај многу прашања.

57. Твојот фокус секогаш нека биде кон твоите потрошувачи

Твоите потрошувачи се твоите шефови ако сакаш да станеш претприемач. Треба да се фокусираш на нив како нешто основно за тебе.

58. Креирај вредност

Ти ќе продаваш вредност, а не само производи и услуги.

59. Започни со испорака на вредноста

Вредноста не е за тебе. Таа е за твоите потенцијални купувачи. Поради тоа започни со испорака веднаш.

60. Направи навистина неодолива понуда

Неодолива понуда е нешто на што не може да му се спротивстави, нешто што ќе му обезбеди долгорочен успех на твојот бизнис. Обиди се да направиш навистина неодолива понуда.

61. Секогаш истражувај

Ако сакаш да станеш претприемач, треба да истражуваш секогаш околу твојот бизнис.

62. Набљудувај сè околу тебе

Како претприемач во иднина треба да бидеш добар набљудувач.

63. Евалуирај но исто така завршувај со евалуацијата

Твоја работа доколку станеш претприемач ќе биде да евалуираш, но не дозволувај твојата евалуација да трае вечно. Таа треба да заврши, а резултатите од неа да бидат спроведени во твојот бизнис.

64. Секогаш прашувај се зошто, што, кој, кога и како

Клучните прашања кои секогаш ќе треба да си ги поставуваш кога ќе станеш претприемач се: зошто, што, кој, кога и како, за се што се околу твојот бизнис.

65. Не заборавај на твоите силни и слаби страни

Секогаш обидувај се да ги подобриш твоите силни странии и во исто време елиминирај ги сите твои слабости.

66. Но, исто така гледај ги можностите и заканите

Ќе треба да погледнеш и надвор од твојата компанија. Таму постојат можности и закани.

67. Секогаш барај препораки

Препораките може да ја зголемат твојата бизнис потенцијална енергија драстично. Поради тоа, треба секогаш да барате препораки.

68. Користете паметен маркетинг, не скап маркетинг

Ти треба паметен маркетинг, а не маркетинг за кој само ќе се потрошат пари без резултати.

69. Секогаш обидувај се да инсталираш вирозност во твоите маркетинг средства

На твоите маркетинг средства им треба вирозност, доколку сакаш да бидат забележани од колку што е можно повеќе потенцијални купувачи.

70. Нека сите твои маркетинг средства ја комуницираат твојата вредност

Секогаш проверувај го твиете маркетинг средства, за да видиш дали јасно ја комуницираат вредноста која твојот бизнис ја нуди.

71. Одлучувај брзо, но базирај се на квалитетни информации

Твоите одлуки треба да се врз основа на квалитетни информации, во вистинско време и на вистинското место.

72. Секогаш биди транспарентен

Транспарентност ќе го направи твојот бизнис многу посилнен отколку што мислиш.

73. Биди трпелив, претприемништво не е стратегија за брзо богатење

Ти треба трпеливост. Претприемачите се трпеливи. Тие знаат дека успехот не се стекнува преку ноќ.

74. Подготви се за лоши сценарија

Треба да знаеш дека статистички гледано повеќе бизниси не успале. Тоа значи дека повеќе луѓе не станале претприемачи. Затоа треба да се подготвиш за лошото сценарио со твојот бизнис.

75. Имај план Б

Успешен претприемач секогаш има план Б во џебот.

76. Веројатно, ќе треба да го жртвуваш твојот животен стил

Да се биде претприемач може да бара од тебе да жртвуваш нешто, или во некои случаи целиот твој животен стил.

77. Развивај на план за повторување на продажбите

Успешните бизниси се потпираат на повторување на купување. Ќе треба да развиеш јасен план, за да се обезбеди повторување на купувањата.

78. Размисли два пати пред да почнеш

Почекај за момент и размисли повторно, пред да започнеш.

79. Размислете за outsourcing

Можеш да ја зголемиш твојата продуктивност ако outsourcing е дел од твојот бизнис модел.

80. Биди позитивен, дури и кога губиш

Никогаш не биди негативен, па дури и ако губиш. Доколку ја губиш битката, не значи дека си ја изгубил војната.

81. Почни со блогирање за твојот бизнис

Блогирањето е еден од најмоќните начини за споделување на некој збор за твојот бизнис. Зошто и ти не би го користел?

82. Едуцирај, не продавај

Кога ќе блогираш за твојот бизнис, не пробувај да продааваш туку едуцирај.

83. Не биди здодевен со твојот бизнис блог

Избегни ја филозофијата на добро познатите здодевни корпоративните блогови.

84. Избегни го јас, јас и јас синдромот

Како што научивме од претходните совети во овој пост, ти не си сам. Сето ова не е за тебе или за твојот бизнис. Ова е повеќе за твоите потрошувачи.

85. Перманентно елиминирај ги причините на проблемите кога ги решаваш

Доколку сакаш да елиминираш повторување на истите проблеми, ќе треба да ја елиминираш причината веднаш откако ќе го решиш проблемот.

86. Елиминирај ги сите твои препреки кон успехот

Ќе имаш многу препреки на твојот пат да станеш претприемач. Секогаш отстранувај ги истите.

87. Среќно! Ќе ти треба

post

Надминување на одложување преку елиминирање на причините

претприемач Дали си одложувач? Дали понекогаш за твоите важни задачи или активности велиш има време утре ќе ги завршам? Што мислиш за ова? Биди реален во твоите одговори на прашањата.

Како човечки суштества сите ние имаме одредени видови на одложувачи елементи во себе. Како и да е, кога зборуваме за бизнис и особено малите бизниси или пак за тебе како еден претприемач, одложувањето е нешто што може да го убие твојот бизнис.

Во Wikipedia, одложувањето е дефинирано како:

акт на замена на високоприоритетни акции со задачи од мал приоритет, поместувајќи ги важните задачи за подоцнежно време.

Како што можеш да забележиш, одложувањето те бутка наназад во однос на твоите најважни задачи.

Причини за одложување

Доколку сакаш да го избегнеш одложувањето во однос на твоите претприемнички активности, ќе мора да започнеш со причините за неговата појава.

Секогаш ќе постојат различни причини зошто како еден претприемач одложуваш, и твојата рабта е да ги најдеш и елиминираш истите.

Во најголем број на случаи, причините за одложување може да бидат следниве три:

  • Страв. Оваа причина се јавува кога чувствуваш страв поради можните последици од завршување на проектот или задачите содржани во тој проект. Секоја активност, секоја задача, секоја имплементција на одлука и секое завршување на проекти значи промена од актуелната status quo ситуација во нова состојба на системот. Овие нови состојби се непознаница за тебе и затоа чувствуваш страв од непознато.
  • Слабо менаџирање со проектот. Како втора причина за одложување може да биде слаб менаџмент со проектот. Кога проектот е лошо планиран, или лошо проектиран ќе имаш многу слабо дизајнирани чекори за акција. Во една таква ситуација ќе мора да го провериш дизајнот на проектот и да сеобидеш да го расчлениш во активности кои лесно се завршуваат.  Понекогаш подготовката на проектот те остава без неопходни информации кои ти се потребни за комплетирање на задачите од проектот.
  • Дали си вистинската личност за претприемништво? Доколку постојано одложуваш во однос на најважните задачи во твојот бизнис, можеби не си вистинската личност токму за тој вид на бизнис.

Елиминирање на причини за одложување

Ќе мора да ги елиминираш причините доколку сакаш да не одложуваш. Користи ги следниве прашања за да ги елиминираш причините:

  • Зошто одложувам?
  • Што можам да направам во однос на тоа?
  • Како можам да имплементирам можни стратегии за да ги елиминирам причините за одложување?
  • Како можам да ја подобрам мојата одговорност?
  • Како можам да се мотивирам себеси за секој прогрес кој ќе го постигнам?

Важно е да ги најдеш вистинските одговори на овие прашања бидејќи тие ќе ти кажат што мора да направиш за да ги елиминираш сите причини за одложување и ќе ти ги покажат сите стратегии кои ќе треба да ги имплементираш за да се подобриш себеси.

post

10 Вештини кои на секој претприемач му требаат веднаш

Вештини Една од највлијателната бизнис потенцијална енергија во тебе како еден претприемач се твоите вештини.

Можеби ќе ги имаш уште пред да започнеш со бизнисот но, исто така, можеш и да започнеш со твојот бизнис и да ги развиваваш сопствените вештини во текот на работата. Сепак, колку побрзо ќе се изградат тие вештини, побрзо ќе ја вбризгаат бизнис потенцијалната енергија во твојата компанија, што пак го гарантира успехот на твојот бизнис.

Поради тоа, овие вештини ти се потребно веднаш, и затоа мораш да започнешда ги развиваш уште сега.

1. Маркетинг вештини

Твојата компанија е ништо без купувачи. Како можат да се најдат купувачи за твојот бизнис, или уште подобро како твоите потенцијални купувачи ќе ја најдат твојата компанија?

Ќе ти требаат маркетинг вештини за да бидеш во можност да обезбедиш доволно купувачи кои ќе купуваат производи и услуги што ти ги продаваш.

2. Продажни вештини

Ова се можеби најважната претприемачки вештини. Твојата компанија не може да преживее ако не продава она што треба да го продава на купувачите. Веројатно утре ќе имаш свој тим за продажба, но ако си во стартап фаза, ќе треба да оствариш колку што е можно повеќе продажби за твојот бизнис.

Заради тоа ќе треба да имаш одлични продажни вештини што ќе овозможи континуиран готовински прилив за твојот бизнис.

3. Комуникациски вештини

Како претприемач ќе имаш секојдневна комуникација со твоите купувачи, твоите потенцијални купувачи, вработените и твоите добавувачи. Потребно е да овозможиш другата страна да те слуша кога зборуваш за твојата компанија. Ако никој не те слуша, тогаш зошто зборуваш?

Затоа ти треба да имаш силни комуникациски вештини.

4. Преговарачки вештини

Сè што е во бизнисот е врз основа на твоите преговарачки вештини. Мораш да преговараш со твоите купувачи, да направиш договор, мораш да преговараш со добавувачите, исто така да се направи договор во твоја корист, мораш да преговараш со твоите партнери, понекогаш мораш да преговараш со заедницата, каде што твојата компанија се наоѓа …

5. Вештини за вмрежување

Пред започнување, за време на започнување и после започнување на твојот бизнис се додека твојата компанија е жива треба да градиш твои лични и бизнис мрежи. Колку подобри и поголеми мрежи можеш да изградиш, ќе обезбедиш поголем успех за твојата компанија.

6. Менаџерски вештини

Без оглед на тоа дали ти се допаѓа или не, ти секогаш мораш да управуваш со твојата компанија. Мораш да планираш, да регрутираш, да мотивираш, контролираш и едуцираш. Менаџерските вештини се важни за успехот на твојот бизнис.

7. Финансиски вештини

Имаш бизнис кој продава нешто во замена на пари. Треба да имаш знаење и вештини за менаџирање на приходите, трошоците, профитот, даноците, готовинскиот тек, рентабилноста …

8. Самомотивациски вештини

Како претприемач ќе имааш многу задачи кои ќе бидат на твојот грб. Нема да имаш шеф, кој ќе ти каже што треба да направиш денес. Твојата сопруга/сопруг не може да ти каже нешто во врска со денешните задачи во твојата компанија.

Одложувањето е нешто многу опасно за твојот бизнис. Поради тоа ти требаат самомотивациски вештини кои ќе ти овозможат да знаеш кога ќе мораш да почнеш нешто, без одлагање, и кога ќе мораш да престанеш.

9. Вештини за управување со времето

Премногу активности и премногу задачи за кои е потребен твојот ангажман ќе го направат еден просечен ден да изгледа како хаос. Треба да ги знаеш сите важностите и приоритетите на твоите активности. Мора да знаеш што и кога треба нешто да се заврши.

Кога ќе се разбудиш наутро, мора да се будиш со јасен план за задачите на денот кој следи.

10. Лидерски вештини

Како претприемач ти мора да бидеш лидер. Сè што ќе направиш во твојата компанија истото и  вработените ќе го прават. Ако ти додадеш вредност со твоите активности, тогаш и твоите вработени, исто така, ќе додадат вредност. Мораш да бидеш во можност да споиш различни луѓе со различно потекло, знаење, вештини и искуство во твојата сопствена бизнис кауза.

post

Претприемништво: Дали си вистинската личност за ова…?

Претприемништво: Дали си вистинската личност? Дали мислиш дека ти си вистинската личност за претприемништво?

Дали си ти тој кој може да биде вистински претприемач?

Постојат различни сили – покренувачи за да се стане претприемач. Сепак,  дали тоа се вистинските сили, кои ќе ти донесат долгорочна успешност на твојот нов, или иден бизнис?

Една од најважните или највлијателните сили, кои ги туркаат лицата да станат претприемачи е обезбедување на подобар живот во иднина. Едноставно сакате да заработите повеќе пари со нешто што го знаете повеќе од другите.

Сакаш да го пренесеш твоето хоби и страст  во нешто што е вредно за бизнис. Но, дали е тоа доволно за да станеш успешен претприемач?

Сакаш да бидеш свој сопствен шеф, но дали сакаш повеќе шефови?

Сакаш да бидеш свој шеф. Но, да се биде шеф е различно од твојата страст или хоби. Да се ​​биде шеф не е исто што и твојот актуелен шеф на твојата моментална работа.

Како претприемач исто така, ќе имаш дури и повеќе шефови кои ќе управуваат со твоите дневни претприемачки активности и задачи.

Што мислш за твоите купувачи? Дали тие ќе ти бидат нови шефови? Ќе мора да ги решиш нивните проблеми. Мораш да ги исполнуваш нивните потреби. Мора да ги слушаш и спроведуваш сите нивни потреби во твојата понуда. Доколку не ги решаваш нивните проблеми, или не ги исполнуваш нивните потреби, или не ги слушаш и имплементираш тие потреби во твојата понуда, нема ни да имаш купувачи за твојот бизнис. Тоа значи дека ќе немаш ни бизнис воопшто. Бизнис без купувачине е бизнис, и претприемачи без бизнис не се претприемачи.

Твоите потрошувачи не се единствените газди во твојот бизнис. Тука се и твоите партнери, банки од кои си зел кредит, пријатели или семејството кои ти позајмуваат пари за стартување. Дали мислиш дека твојата сопруг/а и децата нема да бидеат твои шефови? Мора да им се објасни зошто не можете да им дадете се она што тие  би го сакале, бидејќи мораат да се купи нова опрема за поддршка на твојот бизнис.

Потребни се повеќе активности отколку што мислиш

Твојата потенцијална енергија е важна за твојот претприемнички пат. Ако сакаш да станеш претприемач, мораш да имаш знаење и искуство. Твојата пасија и хобито не се доволни. Посветеноста и парите не се доволни за да се стане претприемач. Ќе треба да преземаш ризик. Ќе мора да спроведеш многу повеќе активности отколку што мислиш дека треба. Ќе мора да ги маркетираш твоите производи и услуги за да најдеш купувачи за твојот бизнис. Мораш да ги менаџираш твоите вработени. Тоа значи да се  планира нивната работа, да се едуцираат и да се обучат, да ги контролираш, да ги мотивираш … Ќе треба да управуваш со сметководствените книги. Ќе мора да контактираш со сметководител и адвокат. Ќе треба да одговориш на жалбите од страна на твоите купувачи.

Дали и сега мислиш дека ќе го работиш само она што го знаеш? Мислиш ли дека си вистинската личност за претприемништво? Дали мислиш дека ова е вистинскиот момент за да станеш еден претприемач?

Претприемништвото не е формула за брзо богатење. За тоа треба да вложиш премногу време, пари и напор, како иден сопственик на бизнис. Размисли два пати пред да одлучиш да станеш претприемач. Скенирај се себеси за да ја најдеш твојата потенцијална енергија и скенирај ја твојата околина за да ги откриеш можностите кои ти се нудат.

post

Колкав ризик можеш да толерираш: Има повеќе…

Овој пост е вториот дел од постот насловен како: колкав ризик можешда толерираш?

Во првиот дел, опфативме некои можни ризици кои постојат за тебе како потенцијален претприемач. На крајот, дојдовме до некои конкретни бројки за тебе како потенцијален претприемач за можните заработки за следните 10 години.

Математиката беше дека 2.000.000 денари повеќе доколку започнете сопствен бизнис. Овие резултати водат до логичен заклучок за тебе да започнеш бизнис бидејќи би заработил повеќе пари кога би започнал бизнис и би бил свој сопствен шеф.

Дали е исто како и корпорациска работа?

Пред да продолжиме со математиката би сакал да направиме една споредба помеѓу твојата тековна работа и идните активности како еден претприемач.

  • Кога работиш за некоја компанија се она што ти е потребно хартија и пенкала до тоалет хартија го имаш обезбедено од набавната служба. Има луѓе чија работа е да ги обезбедат најдобрите можни работни услови за тебе. Како и да е, во твојот бизнис, особено во фазата на започнување ти ќе бидеш лицето кое ќе треба да обезбеди се за твојот бизнис нормално да функционира. Затоа доколку планираш дека ќе работиш на иновативни работи во твојот бизнис, заборави, ќе треба да додадеш дополнителен еден час дневно за набавки на неопходни работи поребни за бизнисот.
  • Кога работев за поголем организациски систем секое утро и пладне добивав кафе од колегите кои чија работа беше да го направат и дистрибуираат кафето на вработените. Во бизнисот тоа не е случај, барем се додека е мал.
  • Во корпорации за твоето бизнис патување постои одделение или сектор кое ги процесира сите документи како карти, хотелско сместување, резервации, визи… Кога си сам свој шеф, во повеќето случаи ти ќе бидеш задолжен да ги завршиш сите тие задачи кога мора да одиш на деловно патување.

Добро, ова се само три можни случаи и споредби за некои задачи за тебе кога ќе станеш свој сопствен шеф, претприемач. Но, во реалноста тие се многу повеќе од три.

Што значи ова за тебе? Значи дека ќе мора да го зголемиш твоето работно време за неколку часа повеќе (барем во стартап фазата). Со повеќе одговорности, постои потреба од повеќе време.

Да продолжиме со бројките.

Да кажеме дека работиш 2000 часа годишно на твојата сегашно работно место и за 10 години ова изнесува 20.000 работни часови. Доколку продолжиме со заработката од примерот каде беше 4.000.000 денари за 10 години ти ќе бидеш платен 200 денари за еден час работа.

Во истиот пример твојот бизнис во следните 10 години ќе заработи за тебе 6.000.000 денари. Доколку овие дополнителни активности ти додадат само 10 часа повеќе работа на неделно ниво што претставува 520 часа повеќе на годишно ниво за 10 години ќе треба да работиш 25.200 часови. Во еден таков случај ти ќе заработуваш 238 денари за еден час.

Од овој пример забележуваш дека на часовна основа ќе заработуваш повеќе само 38 денари преку твојот бизнис.

Сега, што мислиш дали е вредно започнување на твој сопствен бизнис?

Ќе заработуваш повеќе пари, но ќе треба да вложиш и повеќе труд за тие при.

Ова е само еден приме, но она што е важно е дека ќе треба да направиш твоја сопствена калкулација кога одлучуваш помеѓу започнување на бизнис и останување на тековната работа.

Од друга страна постојат и примери на претприемачи кои успеваат да го менаџираат нивниот бизнис така што нивниот бизнис работи за нив, а не се тие кои се заложници на нивниот бизнис. Сепак, ова е еден мал дел на пример во реалноста.

post

Ти си претприемач, дали се разбираш доволно себеси?

Голем дел од твојот бизнис успех ќе биде базира на тебе како еден претприемач и на твоето разбирање на себеси.

Ти се грижиш за твоите потрошувачи бидејќи сакаш да ги разбереш и да излезеш во пресрет на нивните потреби.

Се грижиш за твоите вработени, бидејќи сакаш твојата компанија да биде одлична во исполнување на потребите на потрошувачите, а твоите вработени се дел од тоа.

Но, каде си ти тука?

Дали доволно се разбираш себеси?

Кога планираш да започнеш бизнис или да станеш претприемач мора да започнеш од себеси, бидејќи ти си централната фигура на твојата компанија. Се друго ќе биде базирано на твојата сопствена бизнис потенцијална енергија и твоите аспирации како иден претприемач.

Каде сега како личност се наоѓаш ти?

Започни со одговор на оваа прашање. Каде си сега? Колку заработуваш? Колкаво знаење и вештини имаш? Кои се твоите најдобри вештини и знаења? Што е со твоето искуство?

Овие прашања служат за да ја најдеш вистината за твојата тековна ситуација во форма на пари и бизнис потенцијална енергија складирана во тебе како вештини, знаење и искуство.

Како и да е, и тука постои ризик кој е поврзан со претприемачите и претприемништвото. Затоа е добро да знаете колкав ризик можете да толерирате.

Каде сакаш да биднеш во иднината?

 

Кога ја знаеш твојата егашна позиција како личност, ќе можеш да ја дефинираш твојата посакувана идна позиција како еден претприемач.

Колку сакаш да заработиш во иднина? Кои вештини и знаење сакаш да ги развиеш за себе за во иднина? Какво искуство сакаш да стекнеш?

На оваа ниво, ти го дефинираш твојот пат за иднината.

Знаеш каде си сега и знаеш каде сакаш да биднеш во иднина. Сега едноставно ќе можеш да го скицираш патот од сегашноста до посакуваната иднина.

Запрашај се себеси како би можел да го направиш поминувањето на патот да биде реално, остварливо. Доколку не можеш, тогаш врати се назад и промени ги сопствените таргети за твојата иднина.

Зошто е важно сето ова?

Една од најголемите грешки кои ги гледам кај стартап претприемачи е што тие градат бизнис во кој тие ќе бидат „служители“. Тие им служат на сопствените компании, а нивниот бизнис на таков начин не им служи нив. Тие се заложници на сопствениот бизнис.

Доколку се познаваш себеси, го знаеш твојот бизнис потенцијал како и твоите аспирации, лесно ќе можеш да ги направиш дел од твојот нов бизнис модел, што ќе ти помогне да изградиш компанија која ќе ти служи тебе за да ги оствариш твоите лични таргети во иднина.

Започни од крајот, од она што сакаш да го постигнеш на личен план и имплементирај ги твоите лични таргети во твојто бизнис модел.

post

Што е она што го убива твојот бизнис?

Убиство на сопствениот бизнис

Убиство на сопствениот бизнис

Дали знаеш кој навистина го убива твојот бизнис? Дали е тоа конкуренцијата? Или пак твоите потрошувачи кои едноставно не сакаат да ги купуваат твоите производи и услуги? Или пак твоите вработени?

Ништо од горенаведеното во прашањата нема вистински потенцијал да го убие твојот бизнис. Ти, како еден претприемач си личност која може и има потенцијал да ја убие сопствената компанија.

Веројатно сте го поминале чувството кога ништо не оди од рака и како претприемач се обидувате да го барате виновникот надвор од себеси, или пак надвор од твојата компанија.

Нешто не е како што треба, но треба да започнеш од себеси како некој кој има огромен потенцијал за да го убие сопствениот бизнис.

Доколку конкуренцијата направи нешто за што сметаш дека го убива твојот бизнис, ти можеш да имплементираш промени за да ја задржиш или пак повратиш сопствената конкурентска предност. Но, доколку ги игнорираш промените кои треба да ги направиш во сопствениот бизнис, тогаш ти си оној кој го убива сопствениот бизнис, а не твојата конкуренција.

Доколку твоите потрошувачи не ги купуваат твоите производи, иако ти сметаш дека тие се најдобрите на светот, ќе мора да се запрашаш следново: Дали моите производи и услуги се нешто што решаваат вистински проблеми за моите потрошувачи? Доколку не го одговориш прашањето или пак не откриеш што сакаат твоите потрошувачи, тогаш ти си тој кој ја убива сопствената компанија.

Доколку твоите вработени се нешто фатално за твојот бизнис, ти ќе можеш да ги едуцираш, да ги обучиш или пак во краен случај да ги смениш со други. Можеш да го подобриш процесот на регрутација за да ги најдеш најдобрите за твојата компанија. Ти си шефот. Ти носиш одлуки, и ти си одговорен за убивање на бизнисот, а не твоите вработени.

Што мислиш сега, кој е оној кој го убива твојот бизнис? Ти, твоите конкуренти, твоите потрошувачи, твоите вработени…?

Секој од овие гореспоменати елементи можат да допринесат во убивање на твојот бизнис, но ти си личноста која може да ги спречи.

 

post

Што еден претприемач и спајдермен имаат заедничко?

Спајдермен и претприемач

Спајдермен и претприемач

Спајдермен е вид на суперхерој кој има неверојатна моќ која едноставно ја насочува кон обезбедување на бенефити за заедницата. Еден претприемач, исто така е моќна личност која креира повеќе корисности за заедницата. Претприемачите иновираат, градат и испорачуваат вредност, креираат работни места, исполнуваат различни потреби, прават нешто од ништо…  Сите овие бенефити се за заедницата каде што функционира еден претприемач.

Пред извесен период, бев принуден од мојот петгодишен син да ги гледам сите делови од серијалот на филмови за Спајдермен.

Гледајќи ги филмовите се прашав себеси што има заедничко Спајдермен со претприемачот, или што е она што го има кај Спајдермен а е корисно за еден претприемач.

Во оваа моја мала анализа гледајќи филмови издвоив 5 заеднички карактеристики.

1. Со голема моќ доаѓа и поголема одговорност

Колку поголема моќ како претприемач имате (раст и развој на бизнисот), одговорноста за заедницата ќе ви се зголемува. Зголемувајќи ја вашата моќ, ја зголемувате и вашата одговорност кон заедницата.

2. Фокусирај се на нешто кое што вреди за фокусирање доколку сакаш да успееш

Успехот на бизнисот се базира на соодветен фокус на претприемачот за да ги направи правите работи. Доколку го загубите вашиот фокус, веројатноста за успех ќе се намали.

3. Не можеш да бидеш секаде

Поврзано со претходниот фокус е и тоа дека вие не можете да бидете секаде во исто време. Најдобриот опис на ова е цитатот од Bill Cosby:

Не го знам клучот за успехот, но клучот за неуспех е обид да се задоволат сите.

4. Еден момент понекогаш може да ти ја смени целата судбина

Понекогаш еден момент, една одлука, или пак една акција ќе може да ти ја смени целата судбина и твојот личен и бизнис живот. Биди внимателен со одлуките кои ги носиш и акциите кои ги превземаш. 

5. Секогаш избирај ја вистинската страна

Која е насоката која ја бираш за твојот бизнис? Дали тоа е онаа вистинската страна? Дали е вистинската страна која ќе гарантира успех? Знам дека секогаш имаме повеќе насоки од кои треба да избереме една. Како и да е, само една или неколку се оние вистинските за бизнис успехот.

post

10 Совети за да бидеш успешен претприемач

Претприемач во транснационални компании

10 Совети за претприемачи

Да се биде претприемач не е лесно. Многу предизвици, многу различни патишта, многу различни можности, многу закани, многу проблеми… Тоа се секојдневни предизвици на еден претприемач со кои се соочува.

Во овој пост ќе се обидеме да ги систематизираме најважните совети кои треба да бидат следени од еден претприемач.

1. Желба и фокус

Кога постои страствена желба да се постигне нешто, поголема е веројатноста дека ќе се постигне. Но, од друга страна таа желба доведува до висок степен на фокусираност на претприемачот за реализација и претворање на желбата во реалност. Сонот станува реалност.

2. Работи го она што го сакаш и знаеш најдобро, а за се останато најмувај

Никој не е специјалист за се и сешто. Секој човек има нешто во што е подобар од другите. Затоа не може да се очекува ниту од претприемачот дека ќе има капацитет и ќе може сите претприемнички активности да бидат спроведени од него.

Успешните претприемачи го работат она што го знаат најдобро, а за се останато најмуваат соработници.

3. Не се обидувај да ги задоволиш сите

Не го знам клучот за успехот, но клуч за неуспех е да се обидете да ги задоволите сите. ~ Bill Cosby

Цитатот сосема доволно кажува дека клуч за неуспех е обидување да се задоволат сите. Сите немаат потреба од ваш производ или услуга. Можеби немате капацитет да задоволите премногу потрошувачи. Сите потрошувачи немаат капацитет ниту потреба за вашите производи или услуги. Понекогаш можеби е подобро да имате еден ама вреден наместо 1000 кои не додаваат вредност на бизнисот.

Искористете го првиот совет да бидете фокусирани, и тоа фокусирани кон оние најважните потрошувачи.

4. Имај план или To-Do листа за определен период

Кога постои план вашиот фокус е на многу поголемо ниво. Со план имате скицирано патека која води кон успехот – реализација на вашата желба.

5. Обврзувај се да ги завршуваш работите

Можете да го имате најдобриот план за реализација на вашите желби. Можете целосно да бидете фокусирани он таа реализација. Но, доколку не се обврзете да ги завршувате работите испланирани за дневните активности Вашиот бизнис ќе страда.

6. Секој ден обиди се барем малку да го подобриш твојот бизнис

Подобрувањето е основа на секој успешен бизнис. Не постои нешто што не може да се подобри. Луѓето, процесите, структурата, технологијата, производите и/или услугите… Тоа се елементи кои секогаш можат да бидат подобрени.

Обидете се секој ден да барате и да најдете барем нешто со што тие елементи би се подобриле со што ќе обезбедите поголема конкурентска предност.

7. Биди лидер кој ќе биде следен од вработените

Вие и вашиот бизнис не сте сами. Тука се и вработените на кои им е потребно силно водство за да одржат висок морал и императив за завршување на работите онака како што се замислени и предвидени од ваша страна.

8. Никогаш не заборавај на готовинскиот тек

Готовинскиот тек е основниот крвоток на секој бизнис. Без готовина нема да може да се финансира тековното работење на бизнисот ниту пак идниот развој и раст на истиот.

Обиди се секојдневно да го следиш готовинскиот тек и навреме елиминирај ги сите можни застои и пречки кои се јавуваат кај него.

9. Не се плаши од технологијата

Страв од технологија може да биде голема пречка за раст и развој на еден бизнис. Од друга страна таа технологија е нешто што постојани се менува.

Користи ја технологијата, не бегај од можностите што ги нуди.

10. Обидувај се и учи од грешките

Секоја грешка е претходница на можно подобрување.

Секое големо подобрување се појавува по повторување на грешка. Буквално ништо не се изведува правилно од прв пат. Грешки, повторени грешки, се помагала на патот кон остварувањата. ~ Charles Franklin Kettering

post

Отпорот и претприемачот

Отпорот и претприемачот

Отпорот и претприемачот

Претприемач е личност која на многу начини се среќава со некаков вид на отпор. Тој отпор во ниеден случај не може да се каже дека може да биде позитивен за бизнисот, но сепак од друга страна внесува една динамичност во животот на претприемачот и во животниот циклус на бизнисот. Таа динамичност се однесува на контра акции или активности кои треба да бидат превземени од страна на претприемачот.

Каков се отпор може да се појави?

Отпорот како еден неминовен елемент во секој бизнис може да ги има следниве облици:

  • Отпор во самиот бизнис од страна на членовите на бизнисот кој се однесува на противење кон промените или противење кон нешто ново.
  • Отпор од надворешноста на бизнисот преку неприфаќање на производот и/или услугата на бизнисот.

За отпорот кон промени веќе низ повеќе постови на претприемач дискутиравме (како за она што влијае на појава на отпорот, така и за можни методи и техники за елиминација на истиот). Повеќе можете да прочитате во:

Отпор кон бизнисот од надворешноста

Да дискутираме малку за оној отпор кој доаѓа од надворешноста и кој по природа доведува претприемачот потешко да влијае во намалување или елиминирање на истиот.

Да ги разгледаме некои од причините и нчините за справување со отпорот кон вашите производи и/или услуги.

1. Луѓето се колебливи

Прво што треба да се знае е дека луѓето по природа се колебливи со што се доближуваат до нивото на појава на отпор. Врз основа на тоа зошто се колебаат ќе зависи и нивото на отпорот кој ќе го покажат. Кога станува збор за колебливоста мора да напоменеме дека денес живееме во време кога имаме многу опции за донесување н одлука и особено на одлука за купување на нешто. Само денес 3 пати се колебав дали да купам еден сервис кој е на попуст или не. Во главата се вртат прашања како што се:

  • Дали ми треба?
  • Што ќе добијам?
  • Дали ќе ми помогне?
  • Како ќе ми помогне?
  • Кога ќе ми помогне?
  • Вреди ли за таа сума на пари?
  • Го користи ли некој друг?
  • Какво е неговото искуство?

Затоа како еден претприемач секогаш мора да тргнете со разбирање на тоа зошто вашите потенцијални купувачи да бидат колебливи.

2. Некои извори на отпорот

Да разгледаме некои можни и најчести извори на отпор кон вашите производи и/или услуги:

  • Премногу опции. Секогаш кога имате премногу опции за избор потешко е да се донесе одлук за тој избор, а полесно е да се оди понатаму со изговор не ми треба. Обидете се да го намалите можниот избор на оптимално ниво за вашиот бизнис, пазар или пак индустрија.
  • Страв. Како и кај организациски промени и тука постои стрв, но страв да не се направи грешка со донесената одлука. Ваша задача како претприемач е преку маркетинг и продажна функција секогаш настојувате да го намалите тој страв.
  • Инерција. Закон на физиката за инерција кој вели дека секое тело мирува се додек на него не влијае некоја сила или друго тело во движење за да го стави и тоа тело во движење важи и тука. Многу е полесно да бидеме инертни и сме инертни се додека не видиме дека некој друг го користи и фали вашиот производ и/или услуга.
  • Недостаток на модели на однесување. Овој извор е особено истакнат кога се однесува на нов производ и/или услуга кои допрва треба да се докажуваат во корисноста.
  • Производот и/или услугата не се она што треб да бидат. И секако доколку производот и/или услугата не се она што треба да бидат ќе постои отпор кон истите.

3. Начини на надминување на отпорот

Што на еден претприемач му стои на располагање за надминување на отпор кој постои кон негов производ и/или услуга?

Првин сакам да напоменам дека нема и нема ни да постои волшебна формула која веднаш ќе влијае на намалување или елиминирање на отпорот. Намалување или елиминирање на отпорот е процес, а не поединечна акција. Да видиме некои од можности кои еден модерен претприемач би ги користел во еден ваков процес:

  • Обезбедување на социјелен доказ. Вашиот производ е вреден и решил и решава проблеми на повеќе луѓе.
  • Обезбеди примери. Примери во вид на ислустрација преку слика или видео или пак приказна се покажуваат како најуспешни во надминување на тој отпор.
  • Перцепција на недостаток. Оваа техника е нешто што отсекогаш се користело. Недостаток докажува дека нешто вреди и постои интерес и креира чувство на ургентност.
  • Пронаоѓање на предмет на интерес помеѓу двете страни. Вие како бизнис и вашите потенцијални купувачи мора да имате барем еден заеднички интерес кој не мора да е дел од бизнисот. Кога ќе го најдете се останато е полесно.
  • Пронаоѓање на влијателни ентитети (influencers). Како што напоменавме погоре за инерцијата да се надмине мора да постои друго тело или некаква сила која инертното тело ќе го стави во движење. Одличен начин e да ги пронајдете највлијателните ентитети и да ги вклучите во машинеријата за вашиот бизнис.
  • Реципроцитет. Оваа техника е првиот од 6-те принципи на влијание според Д-р Cialdini. Едноставно оваа техника значи да дадеш нешто за да земеш во иднина.

Трите точки значат дека листата може да продолжи во недоглед бидејќи постојат многу начини кои можете да ги искористите за оваа цел – надминување на отпор кон вашиот производ и/или услуга. Обидете се со овие бидејќи се највлијателни и најкорисни, а се што е плус само може да додаде вредност.