post

Процес на безхартиено работење

Кога веќе започнав да пишувам за безхартиено работење, би продолжил и оваа година со моите тестови и експерименти. Претходните два наслови од овој серијал можете да ги погледнете преку следниве линкови:

Додека во претходните наслови можевте да ги видите некои од првите резултати од имплементација на овој процес како и три основни процеси на овој процес, овој наслов претставува продолжување на овој серијал и навлегување во самите подпроцеси кои ги опишав.

На сликата подолу е претставен општиот процес од кој започнав со имплементација. Иако, моменталниот кој го користам е значително изменет, сепак ќе одам итеративно дел по дел со објавување на постовите од овој серијал.

Продолжи…

post

7 Важни прашања за продуктивноста

Кога зборуваме за нашата продуктивност, зборуваме за нашите лични и бизнис цели како и нивното остварување.

Доколку успеете да ги постигнете тие цели во времето кое што сте си го поставиле, слободно можете да кажете дека се продуктивна личност.

Едноставно започнуваме со нешто. Работиме за да ги реализираме нашите цели и ги валидираме крајните резултати согласно тие цели.

Затоа, мислам дека треба да одговориме на седум важни прашања кои ќе имаат големо влијание на нашата продуктивност. Доколку имаме јасни одговори, ќе успееме во менаџирањето на нашата работа за да бидеме попродуктивни.

Кои се тие 7 прашања?

Продолжи…

post

Изгради го твојот претприемачки фокус

Претприемачите се личности на кои навистина им е потребен поголем фокус.

Но, се чини дека фокусирањето едноставно ни избегнува од рацете, особено во денешно време кога сме опкружени со различни можности за привлекување на нашето внимание.

Како можеме да очекуваме да бидеме пофокусирани, кога нашиот претприемачки живот бара повеќе идеи, повеќе проекти, повеќе задачк и повеќе напори?

Ајде обидете се да се подобрите самите себеси со што ќе обезбедите подобар претприемачки фокус преку следниве совети.

Продолжи…

post

Имплементација на процес за безхартиено работење

Како што најавив во една од претходните статии насловена како безхартиено работење, напорно работам на воведување на еден таков процес во мојот бизнис и секако во личниот живот. Напоменав и дека ќе следуваат уште наслови од оваа област.

Првин би започнал со некои резултати како надополнување на она што тогаш го напишав.

  • Од 15 регистратори бројката се намали на 5. Оваа значи помал потребен простор, поголема продуктивност во однос на наоѓање на потребното тогаш кога ми треба.
  • Фрлен еден метар кубен хартија. Повторно поголем простор и поголема продуктивност.

Но, и тоа не е се. Процесот продолжува и допрва ќе се почувствуваат резултатите кои очекувам да имаат влијание на продуктивноста, но и на финансиски аспекти на работењето, а глобално и на екологијата.

Продолжи…

post

Премногу нереални цели е полошо од немање на цели воопшто

Понекогаш навистина претеруваме. Дали, поради недоволно самопознавање или пак поради нешто друго сепак знаеме да претераме.

Знаеме да си поставиме цели кои не се реални, кои се премногу на број и кои никако не можеме да ги реализираме.

Во една таква состојба едноставно може да се случи да почнеме премногу работи, а ниедна од нив да не биде завршена до крај.

Премногу нереални цели е полошо отколку да немаме воопшто цели. дефокусираност, стресни ситуации, конфузија… Сето тоа се резултати на премногу нереални цели кои сте ги поставиле пред вас како еден претприемач.

  • Целите претставуваат основа за остварување на вашата претприемачка визија. Ни помалку ни повеќе. Едноставно, тие треба да обезбедат чекор по чекор да се приближувате кон вашата долгорочна визија. Тие не претставуваат волшебно стапче кое утре ќе доведе до остварување на визијата.
  • Целите бараат планови. Целите само како цели без конкретни планови претставуваат само пишани или непишани зборови. Ви требаат ли цели кои ќе стојат на хартија, или едноставно во вашиот мозок и кои ќе ги гледате секојдневно без да знаете што треба да правите? Секако дека не. Премногу цели ќе бараат и премногу планови и покомплексни планови кои ниту може да се започнат со имплементацијата, ниту може да се реализираат онака како што треба.
  • Плановите содржат задачи/активности. Секој план мора да содржи активности, доколку сакате да го имплементирате. Но, премногуте цели, премногуте планови и комплексноста на плановите ќе бараат и премногу активности. Прашањето е дали ќе можете да ги спроведете во периодот за кој се однесуваат тие цели и планови.
  • Задачите/активностите бараат труд од страна на претприемачот. Секоја задача, односно активност е нешто што бара вложен труд. Не можете да очекувате дека доколку се ставени задачите на хартија тоа гарантира дека ќе бидат и реализирани. Потребно е да ги завратите ракавите и да започнете со работа. освен вложен труд ќе треба да вложите и време за секоја од задачите. Повтроно, можете ли?
post

Приоритизација на вашите задачи

Приоритизација е важен процес за секој претприемач. Мора да се знае што е поприотитетно во однос на останатото и тоа да биде првата задача која мора да се заврши во соодветниот работен ден.

За соодветна приоритизација потребно е да се инсталира и соодветен процес од страна на претприемачот. Процесот има за цел да обезбеди дека претприемачот ќе го применува и секако ќе работи согласно аутпутот од истиот.

Да разгледаме еден таков процес.

Продолжи…

post

[Видео] Зголемување на продуктивноста со QuickEver


Продуктивноста, односно зголемување на продуктивноста е важна задача на секој претприемач.

Доколку користите Evernote тука е една апликација за iPhone која едноставно го поедноставува процесот на пишување на белешки.

Погледајте го оваа кратко видео, а очекувајте повеќе вакви видео материјали на се она што ќе ми остави впечаток како корисно.

post

10 чекори да бидете попродуктивни во вашата канцеларија

Дали сте ја анализирале вашата продуктивност како еден претприемач во вашата канцеларија?

Дали ви се случило да заглавите на состанок неколку часа со вашиот тим во вашата канцеларија? Дали ви се случило да губите време да најдете нешто? Дали ви се случило додека работите на некој проект едноставно да ви заѕвони телефонот, да добиете порака на мобилен, или преку eпошта или пак преку Skype, социјални медиуми и други алатки за комуникации? Дали ви се случило да влезе некој од вашиот тим и да ве прекине во работата?

Канцеларија и работна маса на еден претприемач (и не само на еден претприемач) прикажува слика на хаос во кој само лицето кое го менаџира може да се снаоѓа. Но, снаодливоста понекогаш не е лесна. Се губи време, се бара нешто премногу време, се појавуваат стресни ситуации… Сето тоа доведува до продолжување на работното време, намалување на квалитетот на извршената работа и зголе,мување на севкупното незадоволство.

Прашањето е како да бидете попродуктивни кога работите во сопствениот хаос на вашата канцеларија.

Што еден претприемач работи во канцеларија?

Продолжи…

post

Безхартиено работење

Безхартиено работење полека но сигурно станува еден стандард во работењето на бизнисите од сите видеови.

Читаме екниги, праќаме електронска пошта, комуницираме електронски, не користиме нотеси, добиваме и испраќаме фактури електронски…

Сето тоа доведува до намалување на потребата на хартијата во еден бизнис.

Не толку одамна (пред 3-4) години се сеќавам кога сите ги печатевме пораките од епошта. Кога секој документ без разлика на страниците требаше да го имам во печатена форма за да го прочитам, означам согласно потребите и да состанчам во однос на него. Кога ги принтав деловите од книгите или копирав тие делови за да ми се најдат во иднина. Кога ќе пронајдев нешто на интернет го принтав за да го имам за во иднина.

Сето тоа е минато на кое само можам да се сеќавам.

Продолжи…

post

Алатки кои може да ви помогнат во зголемување на продуктивноста

Оваа година на претприемач темата за продуктивност се наметна како една од попотенцираните теми заедно со започнување на бизнис. Причината е што продуктивноста е доста значајна за успехот на еден претприемач.

Продуктивност значи:

  • Да се работи на вистинските работи од страна на еден претприемач.
  • Она што ќе се сработи да биде навремено и квалитетно.

За таа цел користиме различни алатки, системи, методи и помагала. Подолу се дадени основните алатки кои може да ви помогнат во зголемување на вашата лична продуктивност како еден претприемач.

Продолжи…