post

Колку “да направам” листи треба да имате

Многу задачи, многу активности, многу проекти… Преплетувања и преклопувања на задачи, проекти, места…

Тоа е вистината на секој претприемач. Не е едноставно.

Многу време изгубив во различни обиди да изградам еден функционален систем кој ќе ми обезбеди поголема лична продуктивност во моментов, но и можности за подобрување на истиот.

Доколку сте како повеќето претприемачи сигурно имате повеќе видови на “да направам” листи. Тие може да бидат:

  • Дневна “да направам” листа,
  • Неделна “да направам” листа,
  • Месечна “да направам” листа,
  • Листа на проекти,
  • Следни акции,
  • “Да направам” листа за дома
  • “Да направам” листа за работа
  • Некогаш/Можеби…

Сите овие листи може да бидат комбинации во една или пак во неколку листи, или пак едноставно некои имаат пповеќе ливчиња (тевтерчиња или пак нотеси во Evernote) со такви листи. Во таква ситуација доколку некој ве набљудува одстрана може да ве праша како можете да бидете продуктивни.

Продолжи…

post

Размислување за работите кои треба да ги сработите

Претприемачкиот мозок е опкружен со многу работи кои треба да се сработат.

Некои се лесни, некои тешки.

Некои пак се приоритетни, некои неприоритетни.

Некои може да се делегираат, некои не може да се делегираат.

Но, доволна е само една одлука во неколку секунди за да се обезбеди подобар фокус на претприемачот и помалку стресни ситуации кога станува збор за нивното секојдневие.

Често пати (ако не и стандардно) ги чуваме работите во мозокот без да ја донесеме таа одлука во неколку секунди мислејќи дека само така ќе останеме фокусирани дека нешто треба да завршиме. Тоа значи и постојано зголемување на тежината на нашиот врат. Замислете секоја идеја, задача, активност или пак проект дека додава одредена тежина (на пример, по еден килограм). Пресметајте колку такви работи држите само во вашиот мозок и ќе видите која е тежината која ја носите.

Продолжи…

post

Одговорете ги следниве прашања за подобро да се организирате

Мозокот на еден претприемач е преполн со многу работи. Тука се идеите, идните проекти, сегашни и идни активности, работи кои бараат уште денес да бидат фокусирани и работи кои не бараат фокус уште денес…

Сите тие “работи” едноставно црпат од капацитетот на психичкото складиште во мозокот на еден претприемач. Тие замараат, дефокусираат, дезорганизираат и доведуваат до чувство на напнатост и стрес.

Се она што не е распределено за денес мора да биде надвор од вашиот мозок. Мозокот треба да биде насочен за она што треба да го правите денес, не утре или задутре… Ова не значи дека едноставно ги игнорирате утрешните идеи, проекти или активности. Ова значи дека едноставно го ослободувате мозокот од нив, обезбедувајќи сигурност дека утре ќе бидат започнати и завршени.

Следниве две прашања се клучни за обезбедување на подобра самоорганизација, но и обезбедување на чувство на сигурност дека нешто нема да биде отфрлено или заборавено за во иднина, а потекнува од вашиот мозок.

Продолжи…

post

[Продуктивност] 20 сигнали дека треба да преземете нешто

Продуктивноста на еден претприемач, денес станува еден од најважните елементи за успехот на бизнисот.

Сепак, се потекнува од претприемачот. Неговото однесување, неговиот начин на работа, неговите навики или пак неговите чекори целосно се вградени во самата компанија и начинот на кој ќе функционира таа компанија.

Следниве 20 точки претставуваат некои од можните сигнали дека треба да поработите на вашата продуктивност.

Продолжи…

post

Состаноци кои го прават вашиот тим непродуктивен

Состаноците се неизбежен дел од секојдневниот живот на претприемачите и менаџерите, но и членови на тимот на еден стартап, бизнис, компанија…

Тие може да дадат голем придонес во развој на бизнисот, но може и да бидат нешто штоедноставно ја црпе енергијата на секој учесник, при што тешко ќе може да се врати на нормала во следните неколку часа по завршување на истиот (нормално, доколку заврши).

Прашањето е кои состаноци не прават непродуктивни?

Побарајте ги следниве елементи во состаноците за да се обидете да ги елиминирате и зголемите вашата и продуктивноста на вашиот тим.

Продолжи…

post

Избришете се и започнете од почеток

Знаеме дека “да направам” листи може да ви помогнат во зголемување на продуктивноста. Но, процесот на изработка на “да направам” листа е многу поедноставен отколку да се имплементира самата листа.

Особено е тешко кога досега сте направиле повеќе обиди, сте користеле повеќе алатки за да организирате една таква листа и секако се да завршите. Првиот проблеме што првата таква листа ќе има премногу задачи, бидејќи едноставно се обидувате да исфрлите се од вашиот мозок надвор. Од друга страна, листата се надополнува постојано со нови идеи со нови “да направам” задачи, нови проекти… Сето тоа несредено, без соодветен контекст за имплементација, односно спроведување, без приоритети…

Самото погледнување на една таква полна листа го намалува моралот, а со тоа и вашиот потенцијал да се организирате и започнете со имплементација и расчистување на истата.

Што да направите во една таква ситуација?

Продолжи…

post

Организирајте се самите себеси поради следниве 8 бенефити

Дали сте високо организирана личност или пак некој кој остава неорганизираноста да влијае врз вашата продуктивност?

Организирање е бара инвестиција од нашето време и напор со цел да станеме поорганизирани. Инвестирајте сега, или денес и почувствувајте ги придобивките утре. Дали ни е потребна таква инвестиција?

Многумина си го поставуваат оваа прашање. Но, никогаш не можете да најдете некој вид на инвестиција која ќе ви донесе веднаш бенефиции.

Едно нешто е точно: ако стануваме се поорганизирани ќе имаме бенефити од системот што ќе не организира.

Еве некои од бенефити кои можете да ги доживеете ако инвестирате во организирање на самиот себеси и доколку станете поорганизиран.

Продолжи…

post

Зголемeте ја продуктивноста, дури и ако мислите дека не можете

Секој кој работи на нешто, секогаш ќе сака да биде попродуктивен.

Нормално е да сакаме да завршиме повеќе работа со подобар квалитет побрзо. Тоа значи подобра продуктивност. Поради тоа не сакаме да изгубиме дури ни секунда од нашиот ден особено затоа што знаеме дека денес нашето време е најскапиот ресурс.

Но, тоа е полесно да се каже отколку да се имплементира во секојдневната работа. Имаме тони задачи кои треба да се сработат. Имаме тони идеи подготвени за имплементација. Имаме тони одвлекувања на вниманието околу нас…

Како можеме да бидеме попродуктивни во таков хаотичен свет во кој што живееме? Одговорот е едноставен: треба да бидеме самодисциплинирани, подобро организирани, и подготвени да ги смениме работите околу нас, со цел да ја подобриме нашата сопствена продуктивност.

Тука сакам да ја споделам мојата листа со 33 чекори кои започнав да ги имплементирам. Ова е мојот акционен план за зголемување на сопствената продуктивност, и она што веќе го имам имплементирано ми ги дава саканите резултати.

Продолжи…

post

[Видео] Моќта на дремката во енергизирање на оргaнизмот

Напнатоста, стресот и заморот предизвикуваат намалување на нашата енергија, а со тоа и продуктивноста и квалитетот на завршена работа.

Но, понекогаш едноставно работата не ни дозволува да си дозволеми попладневна кратка дремка за да се реенергизираме.

Сигурно сте се почувствувале крајно заморено доколку се отспиете и станете по еден подолг период, а тоа станување ви е навистина тешко. Ништо не оди од рака извесен период.

Видеото подолу од ASAP Science објаснува како спиењето функционира преку три нивоа низ кои поминува:

  • Ниво 1: Кога се чувствувате релаксирано, но доколку се разбудите не ни забележувате дека сте заспале
  • Ниво 2: Кога мозокот целосно се исклучува од надворешноста
  • Ниво 3: Кога навлегуваме во длабок сон и потешко ни е да станеме. Кога навлезете во оваа фаза се чувствувате заморено и не сакате да станете.

Затоа попладневната дремка за вашето целосно ре-енергизирање е најдобро да биде до половина час, односно првите две фази.

Погледајте го видеото кое ни ја објаснува науката за дремката.

post

Истражување: 28% од работната недела на епошта

Досега знаев дека поминувам доста време во читање, праќање и средување на епоштата, но никогаш не сум размислувал колку тоа време влегува процентуално во севкупното работно време.

Проучувајќи голем број на системи за зголемување на продуктивноста во последниве неколку години, ми беше чудно што скоро сите тие системи го имаа инкорпорирано и процесот на читање и одговарање на епошта. Но, полека сфаќав дека и мене тие активности ми одземаат доста време, а според некои мои проценки продуктивното време од тоа време е некаде од 10-20%.

Едно истражување на McKinsey Global Institute објавено во Јули оваа година и насловено како “Социјална економија” вели дека вработените кои имаат одредена интерактивна работа (а дали денес постои неинтерактивна работа) 28% од нивната работна недела читаат и одговараат на епошта.

Ако имаме 40 часа работна недела, согласно овој процент излегува дека над 11 часа поминуваме пред нашата епошта. Можеби некој ќе каже нема шанса, но сигурно некој ќе каже и дека поминува уште повеќе време.

Истражувањето не е во однос на епошата, туку се однесува на користење на социјални технологии од страна на компании во однос на некои секојдневни активности, а посебно во делот на комуникациите, споделување на знаење и соработка низ самата организација како надополнување на вообичаените активности (поврзување со потенцијални купувачи, прибирање на информации за развој на нов производ, маркетинг и помош на купувачите).

Од друга страна, проценките на McKinsey Global Institute се дека со целосна имплементација на социјалните технологии ќе успеат да ја зголемат продуктивноста за 20-25%, додека во однос на читање и одговарање на епошта зголемувањето на продуктивноста би било од 25-30%.

За оваа цел ќе бидат потребни крупни промени во сегашните организации преку структурата, процесите, но и културата која сепак е нешто најтешко да се промени. Но, предизвикот е голем, особено поради фактот што социјалните технологии сеуште од поголем број на менаџери се разгледуваат како нешто што ја намалува, наместо да ја зголемува продуктивноста.

Сепак овие технологии само што започнаа да се појавуваат и ние само што започнуваме да навлегуваме во пронаоѓање на различни начини на нивно користење.

Во секој случај оваа анализа содржи доста корисни информации и насоки каде би можеле да се движиме во иднината барајќи соодветни подобрувања на сите организациски процеси.