post

Технологија и промена на навики – Kindle

Досега веќе скоро 10 години купувам книги од Amazon. Искуството започна некаде 2000-2001 година и се сеќавам на првата нарачка кога ми беше страв да внесам кредитна картичка, но ја внесов. Потоа секој ден нервозно проверував каде се наоѓа мојата пратка со книги, па незнам сега е испорачана сега е на аеродром во САД, сега е на аеродром во Германија се додека по 2-3 недели не стигнаа книгите. Наредните нарачки веќе не постоеше страв.

Но, она што сега сакам да го покажам е моето чувство дека пред вратата ни стојат многу промени во оваа поле. Знаење е дел од вториот слој за успех на еден претприемач. Еден начин на постојано зголемување на знаење претставува и читање на книги од Вашето бизнис подрачје и нормално претприемништвото.

Веќе подолго време се мислев за купување на Kindle преку кој би можел да ги читам и нарачувам книгите, но не знаев какво е чувството и сеуште се двоумам за тоа. Па затоа еден ден едноставно направив обид преку нивната апликација за iPhone да видам како функционира и дали ќе бидат задоволени моите потреби при читање на една книга. Така првин симнав неколку книги во вид на примерок за да видам дали книгата е тоа што го барам и едноставно да проверам дали задоволството ќе биде ОК. Откако симнав три такви книги се одлучив едната да ја купам. Ова мое искуство веднаш го споделував на Twitter. Па еве што напишав во тој момент:

Мислам дека конечно ќе кажам збогум на нарачка на книги по пошта. Kindle for iPhone ги оправда моите очекувања.Првата книга ја купив.#iPhoneless than a minute ago via HootSuite

Предности на користење на Kindle

Потоа нормално откако веќе ја имав првата книга, а таа беше Making Ideas Happen од Scott Belsky за која што ќе следува еден преглед набргу бидејќи сум при крај со завршување, започнав со утвдрување на некои предности. Па така предност 1 за која напишав на Twitter беше следнава:

Kindle iPhone Предност 1: Не чекам 2-3 недели за да ги добијам и секако заштедувам на цена и деливери! #iPhoneless than a minute ago via HootSuite

Да, првото што ми се допадна што веднаш по плаќањето можев да започнам со читање. Едно нешто треба да го има во предвид секој претприемач е кога купувачот купува нешто, кај него постои возбудување и кревање на адреналинот за што побргу да го користи тоа нешто. Затоа времето од купување до конечно користењ е многу значајно и треба да се наоѓа начин на намалување.

Како предност број 2 ја напишав следнава:

Kindle iPhone Предност 2:Me изненади лесната читкост на книгата и страници но со iPad или kindle ќе биде уште подобро чувството #iPhoneless than a minute ago via HootSuite


Мислев дека ќе има проблем со читање, но навистина бев изненаден како на телефонот книгата беше лесно читлива. Еве некои слики:

Читливост на книгата преку телефонот

Читливост на книгата преку телефонот

И последната предност која ја твитнав е следнава:

Kindle iPhone Предност 3: Можност за симнување на sample примерок пред конечна одлука за купување! #iPhoneless than a minute ago via HootSuite

Ова на одреден начин дава можност да ја прелистаме книгата во скратена верзија за да се одлучиме дали ќе ја купиме или не.

Симнување на примерок пред одлука

Симнување на примерок пред одлука

Како дополнителни елементи кои ми се допаднаа беше и можноста за прилагодување на изгледот при читање како промена на боја на позадина и големина на букви.

Прилагодување на фонтот и позадината

Прилагодување на фонтот и позадината

И нешто што можеби најмногу ми се допаѓа е еден вид на социјализација и споделување при читање. Кога нешто ќе подвлечам во книгата преку нејзино Kindle издание се ажурира во мои забелешки и ознаки.

Забелешки и потцртувања

Забелешки и потцртувања

И секако во состав на ова секој кој го чита Kindle изданието на оваа книга и означи или подвлече нешто се прикажува во делот популарни ознаки. Токму затоа и сметам дека ваквото читање на книги едноставно те наведува да видиш што се допаѓа на некој друг и можеби да се навратиш на нешто што не си го прочитал со доволна концентрација. Ова го нема кај хардкопи книгите – едноставно е невозможно.

Што е најпопуларно во книгата

Што е најпопуларно во книгата

Знам дека многумина сметаат дека не може електронските изданија на книги да ги заменат хардкопи изданија. Но сепак ова е само почеток за она што следува и едноставно мене ми се допадна бидејќи имам помалку трошоци (околу 10-тина долари за транспорт и неколку долари за електронско издание) и заради горенаведените предности кои ги давам.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Александар says:

    Имам некоe просечно знаење за iPhone и сметам дека повеќето бенефиции што се добиваат со телефонот не ја оправдуваат цената (сепак, можеби тоа е поради начинот на кој го користеле сопствениците на овој телефон што ги знам). Колку што видов од screen -овите, навистина изгледа прегледно и книгата може полесно да се носи со себе и да се чита on the go. Со печатена верзија тоа секако е потешко.

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Александар сосема си во право дека има различни коментари во однос на iPhone. Но она што знам е дека за мене инвестицијата е оправдана иако сметам дека сеуште ни 10% од можностите не ги искористувам. Иако овој коментар го пишувам на iPhone додека сум излезен!
      А со книгите можам да кажам дека сум изненаден и барем досега многу побргу ја читам токму поради то што телефонот е секогаш крај мене!

Trackbacks

  1. Дополнителна карактеристика при читање со Kindle « Pretpriemac Blog напиша:

    […] претприемач пред извесен период пишував за Технологија и промена на навики за читање особено со Kindle. Во тој пост напишав неколку бенефиции […]

  2. […] Уште од самиот почеток на овој блог бизнис идеите се тема која доста ја разработуваме. Тие се основата и почетокот на секој бизнис, тие се денот Д во раѓањето на еден нов бизнис. Пред извесен период ја купив Kindle верзијата на Making Ideas Happen од Scott Belsky и моето првично искуство од овој нов начин на читање е на многу високо ниво за што повеќе пишував Технологија – промена на навики. […]

  3. […] на нови процеси, производи или услуги. Стапката на влијание на технологијата како екстерно опкружување врз бизнисот варира од […]

  4. […] читаат. Само јас во изминативе неколку месеци купув 5 Kindle изданија на книги кои ги читав на iPhone и очекував да […]

Speak Your Mind

*