post

Ти си претприемач, дали се разбираш доволно себеси?

Голем дел од твојот бизнис успех ќе биде базира на тебе како еден претприемач и на твоето разбирање на себеси.

Ти се грижиш за твоите потрошувачи бидејќи сакаш да ги разбереш и да излезеш во пресрет на нивните потреби.

Се грижиш за твоите вработени, бидејќи сакаш твојата компанија да биде одлична во исполнување на потребите на потрошувачите, а твоите вработени се дел од тоа.

Но, каде си ти тука?

Дали доволно се разбираш себеси?

Кога планираш да започнеш бизнис или да станеш претприемач мора да започнеш од себеси, бидејќи ти си централната фигура на твојата компанија. Се друго ќе биде базирано на твојата сопствена бизнис потенцијална енергија и твоите аспирации како иден претприемач.

Каде сега како личност се наоѓаш ти?

Започни со одговор на оваа прашање. Каде си сега? Колку заработуваш? Колкаво знаење и вештини имаш? Кои се твоите најдобри вештини и знаења? Што е со твоето искуство?

Овие прашања служат за да ја најдеш вистината за твојата тековна ситуација во форма на пари и бизнис потенцијална енергија складирана во тебе како вештини, знаење и искуство.

Како и да е, и тука постои ризик кој е поврзан со претприемачите и претприемништвото. Затоа е добро да знаете колкав ризик можете да толерирате.

Каде сакаш да биднеш во иднината?

 

Кога ја знаеш твојата егашна позиција како личност, ќе можеш да ја дефинираш твојата посакувана идна позиција како еден претприемач.

Колку сакаш да заработиш во иднина? Кои вештини и знаење сакаш да ги развиеш за себе за во иднина? Какво искуство сакаш да стекнеш?

На оваа ниво, ти го дефинираш твојот пат за иднината.

Знаеш каде си сега и знаеш каде сакаш да биднеш во иднина. Сега едноставно ќе можеш да го скицираш патот од сегашноста до посакуваната иднина.

Запрашај се себеси како би можел да го направиш поминувањето на патот да биде реално, остварливо. Доколку не можеш, тогаш врати се назад и промени ги сопствените таргети за твојата иднина.

Зошто е важно сето ова?

Една од најголемите грешки кои ги гледам кај стартап претприемачи е што тие градат бизнис во кој тие ќе бидат „служители“. Тие им служат на сопствените компании, а нивниот бизнис на таков начин не им служи нив. Тие се заложници на сопствениот бизнис.

Доколку се познаваш себеси, го знаеш твојот бизнис потенцијал како и твоите аспирации, лесно ќе можеш да ги направиш дел од твојот нов бизнис модел, што ќе ти помогне да изградиш компанија која ќе ти служи тебе за да ги оствариш твоите лични таргети во иднина.

Започни од крајот, од она што сакаш да го постигнеш на личен план и имплементирај ги твоите лични таргети во твојто бизнис модел.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*