post

Како претприемач треба да знаете, да сакате и да наплатите

Не е доволно како еден претприемач само да знаете добро да го работите онаа што го работите, мора и да сакате да го работите тоа, но и да наплатите за вашата работа.

3 акции за претприемач

Точно така. Веќе пишував за тоа дека вие како еден претприемач сте центар на се што се одвива во и околу бизнисот. Многу работи ќе зависат од вас и само од вас. Никој друг нема да биде виновен за неуспех, единствено ако сакате да се залажувате.

Значи мора да знаете добро да го правите онаа што го правите во вашиот бизнис и без тоа нема успех. Мора и да сакате да го правите тоа што го знаете добро да го правите. Но, мора и да успеете да наплатите за се онаа што знаете добро да правите, а притоа сакате и уживате во тоа.

Но, прашањето е што се случува кога некоја алка од синџирот ќе недостига. Ајде да видиме.

1. Добро си ја знам и си ја работам работата, можам да наплатам, но едноставно не ја сакам

Замислете ја оваа ситуација. Знаете да работите нешто за што знаете и дека добро ќе наплаќате но, едноставно не сакате да го работите тоа. Како да сте од господ казнети да работите нешто што не сакате само за да заработите доволно за себе и семејството.

Акција 1

Научете да кажувате не за сите проекти, активности или идеи кои што знаете дека не сакате да ги работите.

2. Добро си ја знам и си ја работам работата, ја сакам но, не можам да наплатам

Втора ситуација исто така не е нешто што сакаме да го имаме. Знаете да работите нешто подобро од било кој друг, ќе ја сакате таа работа и ќе уживате во спроведување на тие проекти или изведување на секојдневните активности, но знаете и дека мака ќе мачите да наплатите за таа работа.

Акција 2

Не се откажувајте, но барајте начини за да успеете да си ја наплатите работата која што ја работите, сигурно постои некоја можност.

3. Сакам да го работам тоа што го работам, можам да наплатам, но не сум добар во изведување

И третата ситуација е кога навистина сакате да работите нешто, знаете и сигурни сте дека можете да наплатите од таа работа, но сепак постои еден проблем, а тоа е дека не знаете како да ја изведете таа работа.

Акција 3

Повторно не се откажувајте, едноставно време е да научите како да бидете најдобри во изведување на тие работи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*