post

Твоите бизнис вредности ќе ти кажат што треба да правиш

Кратенки во бизнис Многу е добро и секако поедноставно кога имаме вредности кои не водат низ животниот пат. Знаеме дека го сакаме тоа и тоа и не дозволуваме нешто да не помести.

И бизнисот бара вредности кои едноставно ќе послужат како еден знак (светлост на крај на тунелот) кои ќе му го покажува патот и ќе го насочува претприемачот да вози со полна брзина.

Дали имаш формални или неформални вредности за твојата компанија кои ги следиш и врз кои ги базираш твоите бизнис одлуки?

Дали имаш нешто што те води секојпа кога треба да донесеш одлука?

Дали имаш нешто што ти служи како референтна точка на твојот пат кон успешноста?

Доколку твојот одговор на овие прашања е ДА, тогаш ти веќе имаш воспоставено бизнис вредности.

Бизнис вредност е нешто што ќе го направи твојот претприемнички живот многу поедноставен. Тие го дефинираат онаа што треба да го направиш и она што треба да го избегнеш. Тие го дефинираат она што е прифатливо и она што не е прифатливо за твојата компанија. Тие дефинираат кога треба да запреш, а кога треба да забрзаш.

Бизнис вредностите се потребни. Тие ќе ти помогнат да ја менаџираш твојата компанија додека го патува патот кон успехот, кој пак не е прав пат.

Твоите бизнис вредности треба да одговорат на едно едноставно, но сепак важно прашање: Што е она нешто што твојата компанија го вреднува најмногу?

Размисли за овие прашања за да ги дефинираш твоите бизнис вредности:

  • Што е она нешто што твојата компанија најмногу го сака од секој вработен?
  • Кои навики твојот бизнис ги вреднува најмногу?
  • Кои односи твојата компанија ги вреднува најмногу?
  • Која е заедницата која твојот бизнис ја вреднува најмногу?
  • Кои проекти твојата компанија ги вреднува најмногу?
  • Кои компетенции и се потребни на твојата компанија најмногу?
  • Кои одговорности се најважни за твојот бизнис?
  • Копи одлуки се најважни за твојата компанија?
  • Што претставува успех за тебе како еден претприемач?
  • Што мислиш за респектот кон индивидуалците како еден претприемач?
  • Толерираш ли грешки? Ги прифаќаш ли и зошто ги прифаќаш ако ги прифаќаш?
  • Каква е твојата толеранција кон ризикот?
  • Дали ти како еден претприемач и твојата компанија сте отворени за идеи од надворешноста?

Ова не е конечна листа на прашања, но доволна за да те насочи да како еден претприемач започнеш да размислуваш за она што најмногу го вреднуваш ти и твојот бизнис. Можеш да додадеш дополнителни вредности колку што треба кои те отсликуваат тебе и твојот бизнисм како и твојата индустрија и пазарот.

Се надевам дека како еден претприемач на крајот од вежбата презентирана во овој пост ќе ги имаш дефинирано вредностите кои ќе започнеш да ги користиш како еден патоказ за тебе и за твојот бизнис.

Слободно сподели некои од нив преку коментар на постов.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*