post

Учење за бизнис цели во денешни услови

Учењето е важно за вас како претприемач, но истовремено може да претставува и опасност за одолговлекување на онаа што треба да го спроведете, а да бидете претприемач значи да спроведувате, а не само да учите.

претприемачко учење

На пример, не започнувате се додека не научите како да го спроведете тоа што сакате да го спроведете. Затоа и брзината на учење претставува важен фактор кога станува збор за претприемачко учење во услови на вистински бизнис. Од друга страна, една од најдобри стратегии да се научи нешто ново е да се вкуси на сопствена кожа. Да се испроба и да се научи уште нешто од сето тоа.

Напомена: Овој пост претставува извадок од транскриптот на епизодата 5 од подкастот “претприемачки пат“, за целосна содржина можете да го симнете транскриптот или пак да ја слушате епизодата преку следниов линк: учење за бизнис цели во денешни услови.

Затоа и главната цел на овој текст е да ви помогне да креирате сопствен процес на континуирано учење за вас како еден претприемач и тоа преку неколку совети кои ќе ги презентирам.

1. Потребна ви е стратегија за учење

Тука зборуваме за лично учење, односно учење на вас како еден претприемач, а не на организациско учење во вашата компанија. Затоа, и кога зборувам за стратегија, зборувам за лична стратегија.

Започнете ја стратегијата со откривање на најважните работи кои постојано треба да ги учите. Тоа значи да започнете со дефинирање на критичните фактори за успех за вас лично, но и за вашиот бизнис преку вас како еден претприемач.

Следното клучно прашање на кое ќе треба да даде одговор оваа стратегија е што е онаа што вам најмногу ви одговара. Дали сте подобар ученик доколку читате, или пак слушате или пак гледате и слушате?

Важно е да знаете што треба да учите постојано и како вие најдобро учите. Кога знаете како најдобро учите ќе бидете мотивиран постојано да учите нови работи, се побрзо и побрзо со што постојано ќе се зголемуваат вашите перформанси.

2. Учењето претставува процес како и сите други процеси во вашиот бизнис

Зошто како процес? Затоа што учењето ќе ви биде важен и неизбежен дел од вашиот претприемачки живот.

Конзистентноста во учењето ќе ви биде обезбедена единствено доколку имате процес кој постојано го користите и кој постојано го подобрувате.

3. Како да го креирате и користите најдобриот процес за вас?

Што претставува најдобар процес за вас?

Доколку бараме одговор на оваа прашање би ги издвоил следниве елементи на најдобар процес за претприемачко учење:

  • Процесот обезбедува моментална имплементација на онаа што е научено.
  • Процесот обезбедува силен фокус на најважните подрачја во кои треба да го проширувате постојано вашето знаење.
  • Процесот обезбедува континуиран тек на разни извори на информации за учење.
  • Процесот обезбедува резултати за вас како еден претприемач и вашиот бизнис.
  • Процес кој обезбедува брзо учење за вас.
  • Процесот има интегрирано карактерситика на самоподобрување. Кога работам со клиенти на градење на процеси секогаш барам начин во самиот процес да интегрирам елементи кои ќе ја поттикнат карактеристиката на самоподобрување во самиот процес.

Па, кога веќе знаете што претставува добар процес, ајде спремни сте да го креирате.

 4. Учењето не е само складирање на информации

Можете да имате стотици или илјадници книги, но доколку не ги прочитате и не го имплементирате онаа што сте го научиле од нивното читање е исто како да не сте научиле ништо.

5. Мора да развиете ваши сопствени ритуали за учење

Учењето претставува континуиран процес кој може и да се гледа како дел од вашиот севкупен процес на постојано подобрување на вашиот бизнис. Затоа мора колку што можете повеќе да го стандардизирате и нормално да го вградите целиот процес преку ритуали во еден вид на секојдневна активност од ваша страна.

Морате да си ги определите вашите сопствени ритуали за учење кои постојано ќе си ги подобрувате.

6. Учење од туѓи грешки но и преземање на акции во кои нема да се направат истите грешки

Многу е добро да научите нешто од грешките кои другите ги прават. Но, сепак според мое мислење и некое мое искуство овој начин на учење не е нешто што ќе гарантира дека сте научиле нешто. Сигурно дека ќе ги запомните грешките кои ги направиле други, не знам можеби бизниси, конкуренти, вработени, претприемачи… Но, колку време ќе ги знаете тие грешки? Една недела, еден месец, година, пет години…? Колку е подолг периодот, толку повеќе постои опaсност од заборавање на тоа што сте го научиле, особено доколку не се обидете да го имплементирате самите во вашиот бизнис.

Доколку не учите од сопствено искуство, тогаш веројатноста дека ќе научите од туѓо искуство е доста помала, бидејќи едноставно учењето од сопствено искуство е најдоброто учење. Секогаш кога ќе научите нешто од туѓо искуство обидете се да го имплементирате наученото.

7. Обидете се постојано да ја подобрувате брзината на вашето учење

Брзината на учење е еден од клучните елементи кој ќе обезбеди секогаш да бидете еден чекор пред другите. Всушност, вистинскиот избор на онаа што треба да го научите, а потоа и брзината на учење и имплементација на наученото ќе ве направи сосема поразличен претприемач.

Еден проблем кој што го забележувам и сум го почувствувал и на сопствена кожа е потребното време кога се учи нешто ново. Брзина на читање е онаа која ја имате и не можете многу нешта да направите во моментов. Може да се подобрува, но сепак тој процес е поспор. Кога гледате видео го гледате колку што трае.

Тестирав пред некој месец читање на книга и тоа наместо текстуална аудио верзија. Ја зголемив брзината на 1,5 пати побрзо од нормалното бидејќи разбирливоста на тоа ниво ми беше најдобра и навистина ми помогна побргу да ја завршам книгата. Кога гледате видео исто така имате вакви опции. Со постојано и почесто читање се зголемува и брзината на вашето читање. Така да добро е да работите да ја зголемувате брзината на одвивањето на еден циклус во вашиот процес на учење.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*