post

Вашиот претприемачки пат не е пат од А до B

Секој претприемач ќе треба да има свој сопствен уникатен претприемачки пат кој ќе го одведе до посакуваниот успех.

Но, еден проблем кој го гледам кај повеќето претприемачи е нивното линеарно размислување во однос на тој пат. Оваа значи дека тие вообичаено го гледаат патот како една права линија што е доста опасно размислување што во повеќето случаи води до неуспех на нивните намери да изградат навистина успешен бизнис.

Секогаш започнувате со вашата изија за тоа каде сакате вашиот бизнис да биде во иднина. Едноставно знаете каде сте и каде сакате да бидете, односно конечната дестинација. Можеме да го нацртаме оваа како на следниот график. На пример, вашата тековна позиција е А, а вие сакате во иднината да бидете во позиција Б.

From-A-B.jpg

Но, претприемачкото патување не е толку едноставно. Првото нешто што ви треба е бизнис план со кој ќе се обидете да го предвидите вашето патување во најситни детали.

И сега се е ОК, веќе знаете каде сте и каде сакате да бидете, и веќе имате јасен и детален план за кој мислие дека ќе ве одведе каде што сакате да стигнете.

Но, реалноста за претприемачите не е толку едноставна. Вашиот бизнис функционира во опкружување кое се карактеризира со висока неизвесност која нема да ви овозможи да го следите вашиот план за да стигнете онаму каде што сакате да стигнете. На пример, кога ќе го започнете патувањето со вашиот бизнис план, набргу ќе откриете дека ќе треба да ја смените насоката. Оваа значи дека ќе треба да одите првин до C доколку сакате да стигнете до B. На ваков начин вашиот план ќе мора де се прилагоди доколку сакате вашиот пат да биде во согласност со реалноста.

Друго нешто што можете да откриете кога ќе започнете со имплементација на вашиот план е дека е подобро за вашиот бизнис да оди до позиција D наместо до позиција B.

Претприемачки пат

Но, тоа не е единствениот проблем со кој ќе се соочите на вашиот претприемачки пат.

На вашиот пат за да стигнете до посакуваната дестинација ќе имате различни препреки и ограничувања. Некои од нив веќе ќе бидат предвидени во вашиот план, но некои едноставно ќе се појавуваат онака како што ќе се движите по зацртаниот пат.

Не е важно дали одите од A до B, или веќе ги имате откриено промените во околината на вашиот бизнис кои бараат од вас да ја промените рутата и да одите наместо до B до C, или пак откривате дека ќе треба да одите до D првин доколку сакате да стигнете до B, вашиот пат до конечната дестинација секогаш ќе има различни видови на препреки и ограничувања кои ќе треба да ги надминете доколку сакате да стигнете онаму каде што сакате са бидете.

Вистински претприемачки пат

Затоа, вашиот план мора да биде динамичен план кој едноставно ќе еволуира онака како што се движите на вашиот пат кон конечната дестинација која значи успех за вашиот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*