post

Вашите идеи од идеја до реализација

Бизнис идеи како идеи на лист хартија не додаваат вредност ниту за вашиот стартап, ниту за вашиот веќе постоечки бизнис. Тие за да додадат вредност за вашиот бизнис мора да се реализираат.

Добри идеи се само оние идеи кои ќе се реализраат, но не и оние кои ќе останат во вашата глава или на лист хартија нереализирани.

Сега, не значи дека секоја бизнис идеја ќе даде добри резултати. Сепак, едно е јасно без нивна имплементација нема да знаете дали е добра или лоша, нема да можете да научите за идните чекори и можни подобрувања доколку не успее и нема да можете со сигурност да ги почувствувате придобивките доколку успее.

Како да ја трансферирате вашата бизнис идеја од вашиот мозок во реализиран проект?

Одговорот на оваа прашање е даден во следниве препораки.

Книга со бизнис идеи

Користете книга со бизнис идеи како единствен начин и алатка која ќе ви помогне идеите да не бидат заборавени, да не поминат онака како што и се појавиле во вашиот мозок.

Книга со бизнис идеи е место каде секоја бизнис идеја ќе биде запишана, образложена и за која ќе бидат дефинирани следните неколку чекори кои ќе требате да ги преземете за започнување со реализација.

Повеќе детали за книга со бизнис идеи можете да прочитате во насловот: книга со бизнис идеи.

Организирање на бизнис идеите

Неорганизирани бизнис идеи претставуваат закана дека тие нема да бидат имплементирани.

Што значи организирани бизнис идеи?

Иако книгата со бизнис идеи ви дава една база на податоци со бизнис идеи, сепак тие во книгата не се организирани и спремни за нивна имплементација. Бизнис идеите мора да ги организирате во однос на приоритет за вашиот бизнис и ургентноста од нивната имплементација.

Од друга страна многу бизнис идеи може да бидат поврзани една со друга, каде имплементацијата на едната ќе повлече имплементација друга и соодветна причинско-последична врска. Целта на организирање на бизнис идеите е да ви даде еден јасен преглед на редоследот на имплементацијата на истите.

Трансформација во проект

Кога имате книга со бизнис идеи и имате соодветна организација на истите согласно приоритетите, ургентноста и редоследот, вашата следна задача е да ја трансформирате бизнис идејата во проекти кои може да се имплементираат.

Бизнис идеја (или бизнис идеи кои ќе се имплементираат одеднаш или во соодветен причинско/последичен редослед) презентирана во вид на проект значи дека за нив има изготвено проектна документација во која најмалку ќе бидат содржани следниве елементи:

  1. Детален опис на идејата/идеите
  2. Придобивките кои ќе ги почувствува бизнисот со имплементацијата на идеите
  3. Придобивките кои купувачте ќе ги почувствуваат по имплементација на идеите
  4. Проектен план во соодветна форма:
    • тестирање на идеите
    • активности кои треба да се изведат
    • контекст во кој треба да се изведат активностите
    • одговорни лица за имплементација на секоја активност
    • рокови за имплементација
    • мерни индикатори за имплементација

На ваков начин, проектот за имплементација на бизнис идеи ќе биде веќе нешто опипливо што во голем дел ќе ја зголеми гаранцијата за успешна имплементација на проектот, односно бизнис идејата.

Пристап до проектот

Сепак, имање на проект не значи и 100% гаранција за успешна имплементација и успех на бизнис идејата. Проектот, не е нешто непроменливо во текот на имплементацијата, особено кога станува збор за бизнис идеи. Затоа, колку порано се вклучат различни идеи и различни предлози за имплементација толку побрзо и ќе се реализира проектот.

Како еден претприемач, морате да обезбедите пристап на различни стејкхолдери до проектот за имплементација на бизнис идеи. Мора да обезбедите начин да ги вклучите следниве ентитети кои може да дадат придонес уште во најрани фази:

  • членови на вашиот тим,
  • лучни купувачи за вашиот бизнис и
  • клучни партнери на вашиот бизнис.

Околина во која соработката ќе биде на високо ниво

Како што веќе видовте од претходната препорака, успешна имплементација на проект за бизнис идеја бара да вклучите повеќе ентитети од бизнисот и од околината на бизнисот. Сепак, самото вклучување на повеќе луѓе нема да ви даде 100% гаранција за успешна имплементација. Без соодветна соработка на тие различни луѓе нема да се обезбеди посакуваниот успех на проектот.

Затоа мора да изградите една работна околина во која соработката ќе биде на едно навистина високо ниво. Разликите треба да бидат предност, а не недостаток за вакви проекти.

Имплементација и купувачи

Иако веќе ги имате вклучено клучните купувачи кои на некој начин влијаат во дизајнот на проектот и самата имплементација која треба веќе да се спроведе, сепак, при конкретно започнување со имплементација доаѓа вистинското време да се вклучат повеќе купувачи од различни сегменти.

Сепак, крајниот оценувач на успехот на проектот не се мерните индикатори кои ги имате дефинирано во проектот (тие се само една водилка која треба да обезбеди дека нема да застраните од патот), туку купувачите кои треба да ги почувствуваат бенефитите од имплементацијата на вашата бизнис идеја.

Не смеете во имплементацијата да си дозволите да не ги вклучите и купувачите.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*