post

Веб Страна – Маркетинг Средство 54

Веб страна како маркетингс средство

Веб страна како маркетинг средство

Маркетинг едноставно претставува средство кое ќе овозможи бизнисот на еден претприемач да биде присутен онаму каде што се потенцијалните потрошувачи за тој бизнис. Веќе повеќе пати тука на претприемач ја нагласувам потребата за онлајн стратегија и присуство на глобалниот интернет простор на еден бизнис. Еден од начините за оваа присутност е преку бизнис веб страна.

Еден пример!

Пред неколку месеци за еден нов бизнис започнав веб страна (на англиски), односно откупив домеин име, хостинг веќе имав и склопив за еден ден страна со неколку подстрани во вид на производи кои ги нудиме. По тој еден ден застанав, немав време да ја довршам страната, но она што беше важно што успеав да овозможам брзо индексирање на страна од Google и да ставам контакт форма на истата. Иако слабо котира, во изминатиов период од неколку месеци бевме контактирани неколку пати од потенцијални потрошувачи. Последен пат беше вчера, од една компанија во Чешка со која се надеваме да оствариме деловна соработка.

Значи еден ден работа овозможи неколку контакти со потенцијални купувачи и тоа со една толку пасивна веб страна која дури не е ни довршена, има малку текст, но има слики и табели од производната програма. Тоа значи дека инвестирање во едно вакво маркетинг средство вреди.

Зошто веб страна е мора во маркетингот?

Без разлика дали се работи за B2B или B2C потенцијалните купувачи вообичаено го користат интернетот пред да донесат одлука за купување на нешто. Тие едноставно го користат интернетот за:

  • Да најдат информација за производи и/или услуги кои им се потребни.
  • Да споредат цени на тие производи и/или услуги.
  • Да најдат информации за искуството на други корисници на тие производи и/или услуги.
  • Да најдат информации за кредибилитетот на потенцијалните снабдувачи.
  • Да контактираат со потенцијалните снабдувачи.
  • Да комуницираат со потенцијални снабдувачи.
  • Да нарачуваат производи и/или услуги.

Забележувате колку покомплексен станува бизнис светот со еден интернет и достапноста на информации. Доколку Вие како претприемач не бидете таму ќе се најдете но од страна на некој друг кој можеби ќе го пофали или пак нападне Вашиот бизнис. На интернетот сите сме голи.

Како до сопствена веб страна?

Имате повеќе можности за ова, но сепак можеби првото нешто е да го определите Вашиот буџет. Јас ако се прашувам не би штедел за оваа маркетинг средство, но сепак треба да бидеме реални дека стартап компаниите не се во можност да одделат дури и толку мала сума на пари која може да се движи од 0 до 1000 евра. Нула доколку самите ја превземетe обврската да го сработите ова преку некои од бесплатните домеини и хостинг сервиси. Но, сепак треба да бидам искрен дека потенцијалот на еден ваков начин ќе биде многу помал, а од друга страна Вие сте претприемач и би требало да се насочите во вистинските претприемнички задачи.

1000 евра е нешто што ќе ви обезбеди навистина професионално изработена веб страна и нормално поголемо импресионирање на потенцијалните купувачи.

Како еден претприемнички процес во овој дел би го издвоил следново:

  • Изработете онлајн стратегија за Вашиот бизнис. Прочитајте за тоа дали онлајн сратегија се поистоветува со бизнис стратегија.
  • Видете каква е целта и улогата на бизнис веб страната во таа стратегија.
  • Извлечете ги тактиките кои планирате да ги имплементирате и секако активностите кои произлегуваат од истите.
  • Најмете некој или едноставно самите започнете да ги спроведувате.
  • И секако не заборавајте ја целината, веб страната е само еден дел од Вашата севкупна онлајн стратегија.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Игор Мишевски says:

    Постот е одличен! Како да му докажиме на еден просечен македонски претприемач / бизнисмен да му докажиме дека Веб страната е само среднство? Со изработка на веб страна не се постигнува ништо ако не се употребуваат и другите средстства, посебно во интернет сферата – поврзани со веб страната. Јас би се вратил на овој пост http://www.pretpriemac.com/2010/05/06/online-strategija-biznis-strategija/ со кој се става на знаење дека интернет стратегијата мора да биде дел од бизнис стратегијата. Тука мора да се опфати и промоцијата и одржувањето на веб страната. Како во секој бизнис, и на интернетот најбитните три работи се: локација, локација и локација – што во превод би значело, обезбедете ја видливоста на вашата веб страна за сголемен број на посетители.
    Изработката на една веб страна, без разлика дали е тоа обична презентација, или интерактивна продавница е специфична работа и е инвестиција сама по себе. Доколку се има доволно ресурси треба да се ангажираат професионалци, бидејќи една веб страна е добра ако во неа се споени маркетинг ефектот, дизајнот и функционалноста. Доколку не, побарајте совети за вашата веб страна и обидете се сами да го направите.

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Одлично кажа треба да се убеди просечниот македонски претприемач, но и подпросечните понудувачи на услуги кои прават ршум во оваа сфера. Или едноставно тој претприемач да знае што е разликата која тој од понудите не може да ја забележи бидејќи се користат зборови кои не се до него блиски.
      Читав една понуда која еден претприемач ми ја покажа и таму стои во една од 10-те точки SEO – пријавување на Google и Yahoo. Грешка број еден, затоа што моето истражување покажа побрзо индексирање без пријавување. Но, тоа и не е SEO на крајот на краиштата. Но, од каде еден претприемач да знае? Нормално најмува професионалец и очекува дека тој ќе си ја заврши работата. Сепак ова е сосема нова проблематика кај нас во Македонија и мислам дека допрва свесноста ќе се зголемува, а сите ние на некој начин треба да дадеме свој придонес во будење на таа свесност.

  2. Анонимен says:

    Коментарот ти е на место… Нашата фирма има дури и „преработувано“ веб страни кој претходно биле направени од студенти кои сакале да си го дополнат својот студентски буџет, но и веб страни направени од фирма која важи за гигант во сферата на интернет технологијата. Затоа мислам дека едукацијата е најбитна (патем и ова ти што го правиш преку твојот блог), бидејќи кога ќе знае претприемачот што да бара од својата веб страна и од негово појавување на интернет, тој што ги нуди услугите нема да има место за импровизции.

  3. VANE SOKOLOVSKI says:

    I, sto e razlikata pomegju opcijata da se napravi besplaten web sajt(mislam) na negovo oficijaliziranje na internet i opcijata da se odi preko nekoj koj ke bara 3-5000 den za stavanje na izraboteniot sajt na internet.

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Ване, постојат многу сокриени разлики кои можеби со голо око нема да ги видиш, но во однос на посетеност и на исполнување на целта, повеќе потенцијални купувачи, поголема стапка на конверзија на потенцијални во вистински купувачи, поголема достапност… Всушност веб страна како маркетингс средство не започнува со изработка на веб страна. Ти треба првин стратегија (http://www.pretpriemac.com/2010/05/06/online-strategija-biznis-strategija) потоа склопување на коцкиците во еден вид на дизајн и постојано работење на следење на однесувања, подобрување, ажурирање…
      Инаку лесно ќе ставиш веб страна на сервер и ќе чекаш резултати во поглед на твојот бизнис. А едноставно резултатите ќе бидат мали или никакви. Но, она што во коментарите подолу го пишувавме со @mishevski е дека за 3-5000 денари нема да ги добиеш сите можности што ги нуди оваа маркетинг средство, туку едноставно ќе постоиш но сокриен од оние кои треба да го најдат твојот бизнис.

  4. Анонимен says:

    Ване, и јас се согласувам со Драган, веб страната иако е средство, не треба да биде обична презентација. Разликата помеѓу обична презентација и оптимизирана веб страна која се појавува на пребарувачите и прави интеракција со своите клиенти се како продавница во некое планинско село и продавница во центар на некој голем град. Бројот на посетители е многупати поголем, а со тоа и бројот на потенцијални клиенти.

Trackbacks

  1. Tweets that mention Веб Страна – Маркетинг Средство 54 — Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: Веб Страна – Маркетинг Средство 54 – Маркетинг едноставно претставува средство кое ќе овоз http://ow.ly/17kNwW […]

  2. […] значи и губење на посетители и намалување на моќта на веб страната како маркетинг средство. Со блог како посебен тип на веб страница содржината […]

  3. […] ова маркетинг средство требаше да биде пред веб страна или блог затоа што има директно влијание и на двете. […]

  4. […] зборувавме за онлајн маркетинг средства како блогот и веб страната кои беа лични за Вашиот бизнис, форумите се доста […]

  5. […] бизнис кој има сопствена онлајн презентација преку веб сајт или пак блог. Аутореспондерот е тој кој ќе се грижи за […]

  6. […] сообраќај всушност претставува внесување на Вашиот веб сајт во една мрежа преку обезбедувачот на еден таков […]

  7. […] сакате да имате свој рекламен простор на одреден веб сајт и наместо да плаќате констанна сума на пари по […]

  8. […] го презентираме affiliate маркетинг. Доколку имате бизнис веб сајт и доколку имате e-commerce (продавница на Вашиот веб сајт) […]

  9. […] како дел од овие онлајн маркетинг средства веќе имате бизнис веб сајт и секако бизнис блог. И на двете маркетинг средства […]

  10. […] 100 маркетинг средства. Досега ги обработивме веб сајтот, блогот и содржината како еден дел што ќе бидат […]

  11. […] да споделите и Ваша сопствена веб страна или пак некој квалитетен пост од Вашиот бизнис блог) […]

Напиши одговор на Дизајн – Маркетинг средство — Претприемач Откажи одговор

*