post

Веројатно си одличен за нешто

Враќање во училиште за да станеш одличен Што е суштината на твојот бизнис? Дали тоа е производство и дистрибуција на најдобрите производи и услуги за твоите потрошувачи?

Дали производите и услугите се нешто суштествено за твојот бизнис и нешто што ги решава проблемите на твоите потрошувачи?

Дали се задоволни твоите потрошувачи со она што им го продаваш?

Доколку тие се задоволни или пак презадоволни при што врескаат за твоите производи и услуги (како што е случајот со Apple) тогаш најверојатно ти си одличен во однос на производство на твоите производи или услуги.

Ти како еден претприемач си започнал бизнис бидејќи знаеш дека си одличен за суштествениот предмет на твојот бизнис.

Како и да е, ова е само твое лично мислење. Ќе ја потврдиш твојата одличност само кога ќе излезеш на твојот пазар кој откако ќе ги проба твоите производи или услуги ќе ти ја даде најдобрата можна оценка.

Но, сепак постои одреден ризик во периодот на твоето сопствено мислење и оценката од пазарот. Прашањето е: дали навистина си одличен во токму тој бизнис? Како да го знаеш тоа пред да го започнеш твојот бизнис? Како можеш да го намалиш ризикот.

Тука би сакал да објаснам неколку начини кои ќе ти помогнат во зголемување на твојата самодоверба дека ти навистина си одличен и што ќе го намали ризикот твојот бизнис да пропадне поради недостаток на одличност.

1. Истражување на пазарот

Пред да заклучиш дека си одличен за тој вид на бизнис ќе мора да направиш иницијално истражување на пазарот. Што значи тоа за тебе? Ќе мора да направиш анаиза на тековниот пазар и да ги споредиш резултатите со тебе и твојата идна компанија. Одговори ги следниве прашања за да ја направиш анализата:

  • Кој е мојот целен пазар?
  • Какви проблеми ќе решавам за мојот целен пазар?
  • Кои ќе бидат моите главни конкуренти?
  • Какви видови на проблеми тие решаваат?
  • Како тие ги решаваат тие проблеми на мојот целен пазар?
  • Како јас ќе ги решавам проблемите на мојот целен пазар?
  • Дали сум подобар или полош од моите идни конкуренти?
  • Каде сум подобар, а каде сум полош?
  • Како да се подобрам онаму каде што сум подобар да бидам уште подобар и одличен?
  • Како да се подобрам онаму каде што сум полош да бидам подобар?

2. Планирај ја твојата одличност

Сега, имаш иницијално истражување на пазарот, и знаеш каде си супериорен, каде си полош и каде си одличен. Треба едноставно да направиш еден јасен пат за тебе за да станеш од полош во подобар, и од подобар во одличен.

Одговори ги следните прашања за да го исцрташ твојот пат кон одличноста:

  • Кои чекори треба да ги превземам за да станам подобар од моите главни конкуренти?
  • Кои чекори треба да ги превземам за да бидам одличен?
  • Кои чекори треба да ги превземам за да ја одржам мојата одличност во иднина?

3. Пробај се самиот себеси

Последната работа која може да ти помогне да ја зголемиш твојата самодоверба дека си одличен за овој вид на бизнис стартап е да се обидеш и пробаш на пазарот.

Побарај некој од твоето семејство или пријатели кои се најблиску до твојот целен пазар и дај им пробна верзија на твојот производ или услуга. Прашај ги за тоа што мислат и каква е споредбата помеѓу твоите производи и услуги и производите и услугите кои тие ги користеле до сега, најверојатно конкурентските.

Искористи ги твоите конекции на социјалните медиуми за да најдеш неколку волонтери кои би ги пробале твоите производи и услуги и за возврат да добиеш одговори за нивното мислење.

На ваков начин ќе добиеш еден куп на можни идеи за подобрување за да ја направиш твојата компанија навистина одлична, а од друга страна започнуваш со кревање на врева за твојата нова компанија.

Сега што мислиш? Дали си одличен за твојата нова компанија?

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*