Ќе продолжиме со праксата секоја недела да предлагаме по една вежба за претприемачите.
Минатата недела вежбата се однесуваше на твоите пораки и можните склопувања на вистински зборови. Сепак ова е нешто што континуирано ќе се очекува од твојот бизнис, постојано тестирање и постојан избор на вистинскиот склоп од зборови. Оваа вежба е за сите претприемачи кои веќе имаат бизнис и за “потенцијални” претприемачи кои се во фаза на активирање на нивниот стартап.
Од друга страна, минатата недела беше и вовед во една теорија која ја нарековме теорија на бизнис идеи. Како референтни точки за вежбата за оваа недела ќе ги дадеме линковите до насловите кои ќе треба да ги прочитате:
- Теорија на бизнис идеи
- Бизнис план во стартап фаза
- Што на еден претприемач му треба за успешно започнување?
- Бизнис модел во стартап фаза
- Теорија на бизнис: Хипотеза 1 – Постои проблем
Оваа недела обиди се да ја дефинираш твојата бизнис идеја и да започнеш со дизајн на драфт верзијата на твојот бизнис модел:
- Опиши ја бизнис идејата преку проблем кој го решава.
- Дефинирај ги сегментите на пазарот.
- Опиши ги сегментите преку демографија, психографија и социографија.
- Дефинирај ги потенцијалните сегменти на пазарот.
- Дефинирај ги сегашните решенија на таков или слични проблеми на пазарот.
- Дефинирај ги односите со купувачи и каналите кои се користат од сегашните решенија на пазарот.
- Дизајнирај ја драфт верзијата на твојот бизнис модел.
- Размисли уште еднаш за самото решение кое го предлагаш, за она што во моментов се нуди и за сегментите и нивните потреби.
- Прилагоди го предложеното решение доколку сметаш дека треба да се прилагоди.
- Внимавај особено на предностите и недостатоците на актуелните решенија кои се нудат на пазарот. Сите нивни предности нека бидат вклучени во твоето решение, додека сите нивни недостатоци избегни ги.
- Прилагодувај доколку треба и неколку пати.
На крајот од неделата ќе треба да имаш една драфт верзија за бизнис модел како што е прикажана на сликата подолу.
Сподели го твоето искуство со нас, можеби ќе обезбедиме заеднички добри насоки за идниот развој.
Speak Your Mind