post

[Вежба] Која е целта на постоење на твојот бизнис?

Цел на постоење на бизнисот Да, дали знаеш точно која е целта на постоење на твојот бизнис?

Размисли малку, а целта на вежбата од оваа недела е следнава:

  • Доколку знаеш точно која е целта на постоење на твојот бизнис да размислиш и провериш дали таквата цел дава резултати дали е во согласност со времето во кое опстојува твојот бизнис.
  • Доколку пак не знаеш, едноставно да напишеш една реченица која ја определува целта на постоење на твојот бизнис.

Минатата недела напишав за причини заради кои се случува пад во растот. Најголемата причина е тоа што бизнисот не е дизајниран како што треба уште во раните фази на постоење, како би успеал лесно да се трансформира во време кога ќе се појават првите знаци на растот и така да го поддржи растот.

Можеби се прашуваш што има врска дизајн со вежбата за оваа недела. Но, дизајнот на твојот бизнис се и треба да се базира токму на целите на постоење на твојот бизнис.

Затоа, зошто постои твојот бизнис?

Пред да почнеш да размислуваш за оваа прашање сакам да наведам неколку препораки кои треба да ги користиш:

  • Прво, целта на постоење на твојот бизнис не е исто со целите на бизнисот. Целите на бизнисот се дел од стратешкиот менаџмент кои имаат за цел да дефинираат што треба да се постигне во наредниот период. Целите на постоење на бизнисот се основите на кои се потпира бизнисот и врз кои ќе се опредлуваат целите како дел од стратешкиот менаџмент.
  • Второ, целите на постоење на бизнисот може да бидат исти со години и треба да бидат исти. Успешни бизниси се базираат на цели за постоење кои се исти и по 100 години од постоење на бизнисот. Целите на бизнисот пак може да се менуваат годишно, месечно, па и неделно, дури и дневно. Затоа во оваа вежба размисли да поставиш цели кои ќе бидат валидни и по повеќе години, без разлика на технолошките или било кои други промени кои може да следуваат.
  • Трето, што е последна препорака, но и најважна е да започнеш од поглед на еден купувач. Бизнисот го дизајнираш така да биде една спрега меѓу твои лични цели и целите на твоите купувачи. Мора да започнеш од него.

Запомни дека она што ќе го напишеш треба да биде инспиративно, акционо ориентирано, движека сила за тебе и твојот бизнис, а од друга страна да биде трајно, односно вечно.

И секако, ако сакаш помош при оваа вежба напиши во коментарот до што си дошол и ќе добиеш одговор со препораки и совети од наша страна.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*