post

Како да поттикнете висока побарувачка за вашите производи

Успехот на вашиот бизнис во голем дел ќе се базира на вашиот успех како еден претприемач да креирате доволно висока побарувачка за вашите производи и услуги. Доколку побарувачката е поголема, ќе уживате поголем успех.

висока побарувачка

Па, како можете да креирате навистина висока и предизвикувачка побарувачка за вашите производи и услуги?

Можете да креирате најдобра вредност за вашите купувачи, или пак можете да ги имате најиновативните решенија за вашите купувачи, но сето тоа нема да вреди се додека вашите купувачи нема да сакаат да ги купуваат и користат вашите производи и услуги. За да го решите овој можен проблем ќе треба сите ваши претприемачки напори да ги насочите кон креирање на навистина висока побарувачка за вашите производи или услуги.

Како да успеете во овие намери? Како можете да ги трансформирате тековните страдања во најголем успех за вас како еден претприемач? Имам забележано многу претприемачи кои мака мачат со овој проблем. Едноставно, имаат одлични производи, одлични услуги и одлични процеси во нивниот бизнис освен еден процес, процес кој континуирано ќе креира висока побарувачка за нивните производи или услуги. Тоа е најразочарувачка ситуација во која скоро секој претприемач се наоѓа набргу по започнување на бизнисот.

Да разгледаме 10 идеи кои ќе ви помогнат во вашите напори да креирате висока побарувачка за вашите и производи и услуги.

1. Решавајте вистински проблем на купувачи

Како прво нешто во што треба да бидете сигурни е вашата компанија да [креира производи или услуги] кои решаваат вистински проблеми на купувачите. Доколку не го обезбедите тоа, сите останати ваши напори ќе бидат залудни.

Потрошете некое време во анализа на вистинските потреби на вашите купувачи, нивните посакувања, нивните проблеми. Излезете надвор од вашиот бизнис и разговарајте со нив не за вашите производи, туку за нивните потреби. Понекогаш вистинскиот сопственик на проблемот ќе биде некој друг, а не личноста која вие мислите дека е.

Креирање на висока побарувачка ќе бара од вас да имате навистина беспрекорни решенија за проблем на вистински купувачи за вашата компанија.

2. Не продавајте, едуцирајте

Второто нешто кое ќе треба да го правите е да ги едуцирате вашите потенцијални купувачи за проблемот кој вие го решавате за нив. Доколку тие не знаат дека имаат проблем кој вие го решавате за нив, како можете да очекувате дека ќе постои висока побарувачка за тие производи кои го решаваат тој проблем.

Најефективен маркетинг денес е [маркетинг] базиран на едукација и навистина ќе треба да го користите во креирање на висока побарувачка за вашите производи.

3. Бидете поблиску до вашите купувачи

Секогаш бидете во близина на потенцијалните купувачи бидејќи нема да можете да откриете што тие навистина сакаат ниту пак ќе можете да ги едуцирате доколку не сте во нивна близина.

Градење на блиски релации со купувачите ќе ви помогне да креирате навистина одлична вредност за нив. Од друга страна пак ќе успеете да креирате доста повисока побарувачка за вашите производи и услуги.

4. Фидбек од купувачите

Доколку успеете да изградите силни односи со вашите купувачи и да го користите фидбекот од нивна страна во подобрување и креирање на подобра вредност за нив, ќе бидете многу поблиску до креирање на висока побарувачка за вашите производи и услуги.

Користете го фидбекот од купувачите за да ја подобрите вредноста на вашите производи и услуги. Доколку јас сум ваш купувач, и вие ме прашате да ви помогнам во подобрување на вредноста која сакате да ми ја испорачате, ќе ви дадам фидбек. Но, кога ќе ми кажете дека мојот фидбек веќе е вклучен во вашите решенија тоа ќе ме поттикне не само да продолжам да го користам вашето решение, туку и да го споделам моето искуство со сите сите мои блиски кои сметам дека ќе имаат потреба од решението. Тоа значи и автоматски зголемување на побарувачката за вашите производи и услуги.

5. Бесплатна содржина

Доколку навистина сакате да креирате висока побарувачка за вашите производи и услуги тогаш ќе треба да ја поттикнете желбата за нив. Затоа, една од најдобрите стратегии е да се користи бесплатна содржина за креирање на желба за решенија кои вие ги нудите.

Бесплатна содржина може да биде содржината која ја објавувате на вашиот бизнис блог, бесплатни е-книги, совети кои ги споделувате на социјални медиуми и се друго што ќе биде корисно за вашите потенцијални купувачи од една страна и ќе креира желба за вашите производи и услуги.

6. Фокусирајте се на таргетирање на емоции на купувачите

Во денешен свет, емоциите се нешто што ќе обезбеди успешна продажба за вашите производи или услуги. Таргетирање на емоции на вашите купувачи претставува победничка стратегија која може да доведе до висока побарувачка.

Затоа, фокусирајте се на вистинските емоции на купувачите и ќе успеете.

7. Болка наместо задоволство

Многу истражувања покажуваат дека таргетирање на болките на купувачите исто така е победничка стратегија. Како човечки суштества поемоционално сме поврзани со болките кои не сакаме да ги чусвтвуваме. Вашите купувачи секогаш ќе бидат повеќе заинтересирани за решенија кои ќе им обезбедат избегнување на болка отколку на стекнување на задоволство.

Доколку сакате да креирате навистина висока побарувачка за вашите производи, ќе треба да ги насочите вашите маркетинг напори на болка наместо на задоволстбо.

8. Креирајте големо ветување, но само доколку можете да го испорачате

[Ветувањата] продаваат, но само доколку навистина се испорача ветеното. Навистина брза побарувачка можете да изградите со вистинско ветување во вистинско време за вистински купувачи.

Доколку сте сигурни дека можете да ветите нешто и да го испорачате ветеното, тогаш користете го вистинското ветување за креирање на висока побарувачка за онаа што го продавате на вашите купувачи.

9. Докажете ја вредноста на вашата понуда

Како што веќе знаете, вашата понуда ќе биде една од првите работи која вашите потенцијални купувачи ќе ја евалвираат пред да донесат одлука за купување. Во неколку секунди, вашата понуда ќе треба да ја докаже вредноста која ја нудите. Доколку успеете во оваа, ќе креирате вистинска побарувачка за вашите производи и услуги.

10. Диференцирајте се себеси и вашиот бизнис

Кога сте различен и поуникатен од сите останати ќе ја зголемите препознатливоста на вашиот бренд и неминовно ќе се зголеми и побарувачката на вашите производи и услуги.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*