post

Внимание, Репутација, Доверба

Овој напис претставува едно мое видување на три многу важни елементи за секој бизнис и претприемач. Тие елементи се внимание, репутација и доверба.

Сите три елементи се важни но во исто време еден од нив е поважен а еден од нив е и најважен, а сепак би требало да функционираат како целина. Мислам, еден без друг елемент не можат да опстојат или ако опстојат успешноста на бизнисот нема да биде толку голема како доколку сите три елементи се присутни и интегрирани во самиот бизнис.

Внимание, Репутација, Доверба

Циклус на Внимание, Репутација и Доверба за еден бизнис

Соодветно внимание, репутација и доверба претставуваат основа за успешност на секаков тип на бизнис. Основната задача на еден претприемач е да ги изградат и имплементираат сите три елементи.

Внимание

Прво од трите елементи го избрав вниманието не дека е најважно, туку бидејќи е најлесно да се постигне и бидејќи претставува првиот чекор во овој циклус.

Вниманието има за цел да ги привлече потенцијалните потрошувачи кон бизнисот. Може да се постигне бесплатно во стил на вирозни маркетинг кампањи или препорака од уста до уста или пак да се плати за истото преку користење на различни маркетинг средства.

Многу е потешко да се постигне бесплатното внимание бидејќи за истото се потребни останатите два елементи од насловот: репутација и доверба. Ова е поради фактот што без да имаме соодветна репутација и без да луѓето имаат доверба во нашиот бизнис не можеме да очекуваме дека истите ќе го шират вниманието кон нас.

Еден вид на привлекување на внимание преку маркетинг средство кое го опфативме на претприемач е Piggy-Backing Маркетинг.

Репутација

Вториот елемент кој може слободно да кажам дека по хиерархија е поважен и секако елемент кој многу потешко се стекнува претставува репутација.

репутацијата ја нагласивме и како посебно маркетинг средство во Репутација – Маркетинг средство 34. Во тој напис од дефиницијата за репутација извлеков дека репутацијата претставува:

  • Јавно мислење. Какво мислење има јавноста за Вас како претприемач и за Вашиот бизнис?
  • Социјална евалуација. Како заедницата ве евалуира Вас како претприемач и Вашиот бизнис?
  • Идентитет дефиниран од страна на други луѓе. Каков идентитет ви даваат другите луѓе?

Бидејќи согласно ова репутацијата претставува едно мислење на некој друг затоа е и потешко да се влијае директно од страна на претприемачот. Иако, не е и неможно.

Не е неможно, бидејќи сепак постојат различни медиуми кои влијаат на јавното мислење. Па така доколку дизајнирате кампања за брзо градење на репутација ќе платите на влијателни медиуми врз јавното мислење и вашиот бизнис ќе се појави на истите со што многу бргу Вашата репутација ќе се зголеми. Иако, е неморално и неетички, бидејќи сепак се работи за измама на јавноста преку креирање на јавното мислење, но целта ги оправдува средствата. Поморално и поетички е доколку биде нагласено дека таа објава е спонзорирана. Доста бизниси во Македонија ја имаат искористено оваа метода на градење на репутација.

Доверба

Последниот елемент, иако последен сепак најважен во овој циклус претставува довербата. Довербата е единствениот елемент кој не се купува со пари, туку едноставно се стекнува. На доверба не може да се влијае преку посредници довербата се гради кај самиот субјект во однос на нешто.

Довербата е таа која обезбедува повторувањ ена бизнисот што обезбедува долгорочна стабилност на еден бизнис. Затоа и целта на еден претприемач е да изгради доверба кај потенцијалните и сегашните купувачи за неговиот бизнис.

Довербата е таа која ќе ја зголеми репутацијата на секој бизнис. Довербата е таа која ќе го привлече вниманието на нови потенцијални потрошувачи. Значи градењето на довербата е нешто што треба да претставува стратешка цел за еден претприемач.

Да земеме еден пример.

Со помош на некое маркетинг средство ќе привлечеме внимание за нашиот бизнис, што претставува краткорочна цел. Потенцијалниот купувач ќе стане купувач во најдобар случај. Доколку успееме уште од првиот контакт да ја градиме довербата во неговите очи тој ќе се врати и ќе купи. Доколку не успееме да ја вградиме довербата или ќе треба постојано да му го привлекуваме вниманието или тој ќе се сврти кон друг бизнис кој ќе му го привлече вниманието.

Ист пример сценарио 2:

Потенцијалниот купувач на кој ќе му го привлечеме вниманието ќе се обиде да го провери нашиот бизнис и тоа преку репутација. Доколку се увери дека бизнисот нема репутација приказната завршува и средствата потрошени за привлекување на внимание се фрлени во вода.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] бизнисите мора да започнат да градат вистинско внимание поддржано со репутација и доверба. А за тоа треба да се смени и офлајн однесувањето, […]

Speak Your Mind

*