post

ВО КОЈА ДРЖАВА Е ВИСТИНСКАТА УЈП

УЈП е кратенка на Управа за Јавни Приходи. Служи за прибирање на даноци како јавни приходи. Освен бизнисите кои треба да прјават завршна сметка за да УЈП им пресмета данок и физичките лица се долќни согласно закон да пријават годишни приходи. Еве една вистинска случка за нашата ефикасна администрација (УЈП) која треба да „привлече“ инвестиции.

Едно физичко лице добива од работа (државна служба под исто министерство како и УЈП) потврда за исплатени плати и приходи. Таа потврда се печати од софтвер за исплатени плати, како нето така и бруто, бонуси (награди) платен данок итн. Лицето ја печати даночната пријава и ја пополнува заедно со колегите врз основа на издадената потврда. Останатите колеги ја носат во УЈП во Скопје, а лицето ја носи во УЈП во Куманово. Оние во Скопје ги прифаќаат како ОК, додека онаа во Куманово не ја прифаќаат бидејќи не била добра потврдата. Треба институцијата која е во склоп на исто министерство како УЈП да ја смени потврдата. Замислете физичко лице им служи како поштар на служби во склоп на едно миснистерство. Просто да не поверуваш, во секој град посебна државна администрација. Во која држава е УЈП Куманово, а во која УЈП Скопје. Случајно да не работат за Србија. Се надеваме не.

Вработената во УЈП во Куманово вика дека била на т.н. „СОВЕТУВАЊЕ“ и не смеела да прифаќа таква потврда. Многу е интересно што сите се т.н. „ПАМЕТНИ“, а паметот не можеш да им го измериш ниту со МИКРОСКОП. Сите одат на СОВЕТУВАЊА, ама џабе за да сфатат треба нешто повеќе од посета на советување а тоа е ПАМЕТ. Среќа што државата ни е оставена на такви ПАМЕТНИ типови и типки, бидејќи без нив десега ќе бевме многу понапред и во однос на стандардот, и вработеноста и едукацијата, па немаше да знаеме што да правиме со парите како да ги потрошиме. Но, за среќа заради такви ПАМЕТЊАКОВИЌИ сме тука каде што сме да ЖИВУРКАМЕ од денес за утре.

Но, каде е претприемништвото и претприемачот тука:

  • Кога вака се однесуваат со физички лица вработени во државни институции, како ли ќе се однесуваат со приватни компании (читај КРИМИНАЛЦИ, бидејќи секој бизнис за нив е криминал – заради незнаењето или т.н ПАМЕТ).
  • Кога вака се однесуваат со физички лица како ли ќе се однесуваат со потенцијални странски нвеститори. (Па сега ви е јасно зошто ВРИЕ од ИНВЕСТИЦИИ во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)

ЗА ЖАЛ ТОА Е МАКЕДОНИЈА И НАШАТА РЕАЛНОСТ. НО, ДА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА НА МЕСТАТА НА ВОЛКУ ПАМЕТНИ ЛУЃЕ ЌЕ ДОЈДАТ НЕКОИ ПОМАЛКУ ПАМЕТНИ КОИ ЌЕ НЕ ОПРАВАТ. ЗА МАКЕДОНИЈА СО ПОМАЛКУ ПАМЕТНИ, НАПРЕД!

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*