post

Вредноста значи решавање на проблем

Многу често бизнисот го поврзуваме со вредноста која ја нуди. Една бизнис идеја претставува вредност. Она што го купуваат купувачите претставува вредност. Она што го прави бизнисот претставува вредност.

Па, што претставува вредност кога станува збор за бизнисот?

  • Вредноста ја дефинираме кога ја обликуваме бизнис идејата.
  • Вредноста е содржана во бизнис моделот кој претставува основа за развојот на нашиот бизнис.
  • Вредноста е нешто за што постојано еден претприемач размислува кога станува збор за подобрување.
  • Вредноста е нешто со што секојдневно се занимава еден бизнис, претприемачот и сите негови вработени.

Но, за вредноста постои и друга страна. Таа вредност не се вреднува од страна на бизнисот или претприемачот, туку од страна на купувачот. Затоа што вредноста значи решавање на проблем кој го има купувачот.

Од друга страна таа вредност не претставува неисцрпен елемент на еден бизнис. Може да биде со најголем потенцијал, но како одминува времето потенцијалот се намалува, а со тоа се намалува и севкупната бизнис потенцијална енергија на компанијата.

Па, како да се одржува потенцијалот на вредноста на највисоко можно ниво?

Оваа задача бара постојана, непрекидна работа на целта компанија. Оваа работа значи постојано да се поставуваат следниве прашања:

  • Какви проблеми имаат моите купувачи?
  • Какви проблеми ќе имаат во иднина?
  • Колку ќе сакаат да имаат решение за тие проблеми?
  • Како да ги решам тие проблеми?
  • Дали моето решение ќе биде она најдоброто или она што ќе го сакаат купувачите?
  • Како да го подобрам моето решение постојано?
  • Кои ќе бидат знаците кои ќе ми кажат дека мојата вредност (решението) веќе не е во согласност со вистинските потреби со купувачите?
  • Какви системи и процеси ќе ми бидат потребни за да ги реализирам овие мои намери?

Оваа се основните прашања на кои секојдневно ќе се бараат одговори. Важно е вашата вредност, односно проблемот кој го решавате на купувачите да биде:

  • оној вистинскиот проблем за нив,
  • доволно голем проблем кој предизвикува силна болка и
  • купувачите да сакаат да го решат проблемот.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*