post

Време е за одмор, но бизнисот продолжува

Се наоѓаме во еден период од годината кога полека се забавува, особено околу бизнисите. Тоа е време на одмори. Вработени, претприемачи и менаџери, сите имаат потреба од годишен одмор, од полнење на батерии и подготовка за следните подвизи.

Но, од еден претприемач зависат многу работи во бизнисот. Некои воопшто не можат да го остават бизнисот и да се опуштат барем десетина дена и да уживаат во одморот. Прашањето е како да се обезбедат услови за што поопуштена уживанција.

Еве некои можности кои можете да ги примените.

1. Колективен одмор

Многу успешни компании се базираат на принципот на колективен одмор, при што сите организациски членови во ист период се на одмор. Ова значи клуч на бизнисот во деновите кога сите ќе бидат на одмор.

Вообичаено во вакви услови уште пред започнување на одморот сите купувачи се исконтактирани, им е доставено онаа што ќе им биде потребно за периодот на одморот и така слободно можат сите да одат на заслужен годишен одмор.

2. Завршете ги работите и за периодот додека сте отсутни уште пред да тргнете.

Доколку пак природата на бизнисот е таква да не може да се организацира колективен одмор, тогаш во повеќето случаи претприемачот ќе мора да вложи повеќе напори да заврши одреден дел од работата пред да замине на домор. Тоа се вообичаено активности кои не можат да се завршат од страна на други.

Во еден таков случај ќе дојде до преклопување на тековни работни задачи со задачи кои во нормални услови би биле распоредени во периодот на одморот. Затоа ќе биде важно да бидете успешни во начинот на менаџирање и организирање на вашето време.

3. Користете технологија

Како уште една алтернатива која може да се користи доколку природата на бизнисот ви го дозволува тоа е да користите технологија и со помош на виртуелниот свет да го менаџирате вашиот бизнис од далечина.

Иако, оваа алтернатива не обезбедува соодветен одмор, сепак може да биде корисна за повеќето претприемачи кои би требало да одвојат по неколку часа дневно и додека се на одмор за да обезбедат соодветна функционалност на бизнисот и без нив.

4. Делегирајте

И секако, доколку сакате да уживате во целост, потребно е да имате соодветен систем на делегирање со што некој ќе може да ве замени и да ги завршува задачите наместо вас.

Сепак делегирање ќе бара вложување на напор многу повеќе отколку само во период на домор. Делегирањето треба да се потпре на стабилни бизнис системи, доколку сакате да ви помогне и да ве ослободи од некои обврски.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*