post

Дали Вашата Бизнис Веб Страна е „Обична“ Брошура – Заборавено Поглавје

Вчера на претприемач го објавивме написот со наслов Дали Вашата Бизнис Веб Страна е Обична Брошура во кој ја претставивме сличноста помеѓу повеќе од 95% бизнис веб страни во Македонија со една „обична“ брошура.

Овој наслов го нареков „Заборавено поглавје“, не зошто нешто испуштив туку зошто некако ми помина лимитот од 1000 зборови по еден напис, а јас се заборавив со пишување. Но, една ваква тема и една таква реална анализа на една веб страна не може да се ограничи на 1000 зборови.

Во Дали Вашата Бизнис Веб Страна е Обична Брошура ги наведов некои од слабостите кои ги забележав во 5-минутната анализа, но не сублимирав што треба да направи еден претприемач за да една бизнис веб страна не изгледа како обична брошура.

Која е целта на Вашата бизнис веб страна?

Прво и основно што треба да се запрашате Вие како претприемач е за целта на Вашата бизнис веб страна или веб презентација на Вашиот бизнис.

Доколку немате одговор на оваа прашање или пак едноставно не сакате да имате соодветна бизнис веб страна или пак не сакате да ја искористите за зголемување на продажбата на Вашиот бизнис, тогаш едноставно оставете ја Вашата бизнис веб страна во вид на брошура.

Доколку целта на Вашата бизнис веб страна е една од овие:

  • Зголемена посетеност на веб страната.
  • Зголемена конверзија од обичен посетител во редовен посетител.
  • Зголемена конверзија од редовен посетител во потенцијален купувач.
  • Зголемена конверзија од потенцијален купувач во вистински купувач.
  • Зголемена конверзија од вистински купувач во редовен купувач.
  • Зголемена интеракција со потенцијалните потрошувачи.
  • Зајакнување на бизнис брендот.
  • Генерирање на поголема продажба.
  • Зголемување на можноста да Вие како претприемач и вашиот бизнис бидете поедноставно најдени (повеќе за оваа опфативме во влезен маркетинг).

тогаш морате да преминете во фазата кога Вашата веб страна не треба да биде како „обична“ брошура.

Тука се измешани примарни и секундарни цели на една бизнис веб страна. Но, за целта на овој напис мислам дека се ОК.

Како да ја замените брошурата?

Замената на Вашата веб брошура во високо ефективна и ефикасна веб страна се врши едноставно со замена на статичноста на Вашата веб страна во динамичност. Ова значи целосна промена на стратегијата на Вашата веб презентација. Ова значи постојана работа на Вашата веб страна бидејќи нормално, нема веќе да биде статична (сте ја поставиле на веб сервер и сте завршиле работа).

Презентацијата на производите останува, како и контакт деталите, но додавате еден нов елемент кој се нарекува блог кој ќе се ажурира на одреден временски еприод. За значајноста на блогот за бизнисите пишував тука на претприемач во презентација на резултати од истражување во однос на успешноста на бизнис веб страните кои имаат блог и оние кои немаат. Резултатите беа:

…бизнисите кои користат блог како едно од маркетинг средства наместо статична веб страна за презентација и промоција на бизнисот имаат 55% повеќе посетители, 97% повеќе влезни линкови (други веб страни имаат линк кон нив) и 434% повеќе индексирани страни на Google…

Мислам дека овие бројки се доволен показател да Вие како претприемач го промените Вашето досегашно размислување за Вашата бизнис веб страна.

Постојано подобрување на Вашата бизнис веб страна

Откако ќе ја замените брошурата можете да започнете со постојано подобрување на Вашата веб страна како би можеле потенцијалните клиенти полесно да ве најдат кога бараат решение за нивните проблеми кои Вие како претприемач можете да им ги решите.

За почеток не се замарајте со линкови кон Вашата веб страна, бидејќи гледам дека тоа станува една од основните преокупации. Тие се важни, во секој случај само доколку Вашата бизнис веб страна е соодветно оптимизирана. Што секако е во Ваши раце.

Следниве елементи треба постојано да ги подобрувате:

  • Квалитетна содржина – постојано објавувајте квалитетна содржина која ќе ги интересира Вашите потенцијални купувачи и ќе има вредност за истите.
  • Клучни зборови кои ќе бидат содржани во таа содржина. Се однесува и на примарни и на секундарни клучни зборови.
  • Внатрешни линкови. Интернет светот се гради на линкови, затоа е потребно соодветно да ги оптимизирате внатрешните линкови на Вашата бизнис веб страна.
  • Мета елементите на секоја страна. Ова се елементите кои не се видливи за посетителите, но видливи се за пребарувачите. Во страната која ја анализиравме во претходниот напис воопшто не се вклучени овие елементи.

За почеток ова се доволни елементи кои на Вас како претприемач ќе ви донесат зголемување на посетители, а со тоа и зголемување на потенцијални потрошувачи, и со тоа зголемување на вистински купувачи за Вашиот бизнис.

Ова беше еден мој мал прилог на она како да се искористи потенцијалот на интернетот за бизнис цели. За веб презентација имаме изготвено 10 видео материјали како до бесплатна веб презентација на вашиот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] обична брошура и дополнувањето на тој напис во вид на заборавено поглавје. Во овие написи преку еден пример и преку некои мои […]

  2. […] одлуки за Вашата веб страна. Дали сакате да имате статична веб страна или една динамична која ќе биде основа за генерирање на потенцијални […]

  3. […] Заборавено поглавје на дали Вашата бизнис веб страна е…. […]

Speak Your Mind

*