post

Дали Вашата Бизнис Веб Страна е Обична Брошура?

Што е веб страна, а што брошура? Дали е исто?

Дали веб страната треба да биде еден вид на онлајн брошура? Во почетокот на интернетот како место каде можете да бидете најдени и Вие како претприемач и Вашиот бизнис сите бизнис веб страни биле брошури. Ова значело дека брошурата која бизнисот ја имал на хартија се преточува во еден електронски документ кој е достапен на интернет.

Но, денес сметам дека Вашата бизнис веб страна најмалку треба да биде во форма на една брошура. Бидејќи ако е во форма на брошура нема да ги искористите полезностите кои една веб страна може да ги донесе за Вашиот бизнис. Но да тргнам по ред.

Што е веб брошура?

За брошура на претприемач веќе пишувавме како едно од маркетинг средства. Во тој напис напишав дека една солидна брошура би требало да содржи:

  • Насловна страна. Насловната страна треба да го наведе читателот да ги читаат останатите страни од брошурата каде ќе биде претставена Вашата понуда…
  • Вашата понуда. Тука давате краток опис на Вашите производи и/или услуги…
  • Ургентност. Брошурата има за цел да предизвика ургентност за акција…
  • Задна страна со информации за контакт…

Да, тоа е една брошура во неколку странички.

Погледнете го сега ова:

  • Насловна страна на брошура – Почетна страна на Вашата бизнис веб страна
  • Ваша понуда на брошура – Производи на Вашата бизнис веб страна
  • Ургентност на брошурата – Промоција како посебна страна на Вашата бизнис веб страна или пак банерче кое ќе трепка за да се преземе некоја акција од страна на посетителот
  • Информации за контакти на брошура – За нас страната на на Вашата бизнис веб страна или пак контакт форма од страна.

Дали сега Ви е јасно зошто над 95% од бизнис веб страните во Македонија претставуваат обични веб брошури. Велам „обични“ затоа што воопшто не е искористен потенцијалот на онлајн присутноста на еден бизнис.

Една Вежба од Претприемач на реален пример

Случајно кога го пишувам овој напис ми дојде на ум да пребарам на Google за зборот „кабли“ како некој потенцијален потрошувач. Резултатите беа точни на прво место се најде Фабрика за Кабли Неготино. Направив една кратка анализа од 5 минути на веб страната при што ќе ви презентирам што најдов и какво е моето мислење.

Дали оваа веб страна е „обична“ веб брошура?

Во секој случај одговорот е ДА. Ги има следниве елементи (страни):

  • Профил
  • Производи
  • Контакт инфо

Се што содржи една брошура.

Фабрика за кабли - Неготино

Дали овој бизнис сака да биде поголем извозник?

Повторно одговорот е ДА бидејќи веб страната е на неколку јазици: англиски, германски и руски како надополнување на македонскиот.

Ова ме натера да ја погледнам англиската верзија, да изберам еден производ и да побарам на Google да видам дали ќе се најде меѓу првите резултати.

Го избрав производот “Connecting Cables” кој ќе го користам во оваа вежба. Инаку сакам да напоменам дека на претходниот збор „кабли“ извршив анализа и со одредена формула ја пресметав конкурентноста (дали е тешко да се биде прв на Google) и добив дека конкуренцијата е слаба и секој може за кратко време да ја престигне оваа фабрика.

Дали за зборот “Connecting Cables” излегува на Google оваа веб страна?

Одговорот е НЕ. Пробав до 5-тата страна за овој збор и нашата Фабрика за кабли од Неготино ја нема. Нормално се откажав од понатамошен преглед бидејќи ми е здодевно.

Значи доколку овој бизнис сака да го зголеми својот извоз мора да го искористи вистинскиот потенцијал на својата веб страна која во моментов е „обична“ брошура која служи само претприемачот да се пофали дека има веб страна.

Дали е тешко да се избие прв на Google за зборот “Connecting Cables”?

Повторно одговорот е НЕ. Зборот “Connecting Cables” е поконкурентен од зборот „кабли“ но, сепак не спаѓа во група на зборови за кои конкуренцијата не може лесно да се победи. Дури на првите две места се веб страни кои се казнети од страна на Google што значи дека со малку вложен труд оваа веб страна ќе може лесно да биде прва на Google за овој збор и секој кој ќе биде заинтересиран за овие кабли во светот веднаш да ја пронајде.

Ова е само еден збор кој го проверив, но од овој еден и останатите може да произлезат и други зборови кои би можеле да се искористат за полесно да биде најдена оваа веб страна.

Дали оваа веб страна изгледа добро?

Супер изгледа во секој случај. Но, сепак е „обична“ брошура, а вообичаено на „обичните“ брошури посетителите ја разгледуваат веб страната, прават неколку клика, си заминуваат и никогаш повеќе не се враќаат.

Кои се основните недостатоци?

  • Почетна страна има една слика и една флеш анимација. Ова изгледа супер, но сепак не е препознатливо во очите на Google и останатите пребарувачи. На истата почетна страна како единствен збор стои Copyright 2004. Се добива впечаток дека на оваа веб страна ништо не е ажурирано веќе 5 години (ова истото се однесува за сите страни на дното од страните).

Дали Вашата бизнис веб страна е обична брошура?

  • Малку текст. Нема доволно текст кој би бил препознаен од пребарувачите. На една од страните со повеќе текст има само 99 збора.
  • Нема елементи кои би го натерале посетителот (потенцијалниот купувач) да се врати на веб страната.
  • Слаба оптимизација на клучни зборови. Клучните зборови по кои треба да бидат најдени навистина се слабо оптимизирани.

За 5 минути толку можев да забележам, а сигурно постојат и други, како на пример немање на нова содржина на веб страната за да биде побргу препознаена од страна на Google итн.

Добро, овој напис не се однесува на SEO (Оптимизација за пребарувачи), туку за тоа дали Вашата веб страна изгледа како „обична“ брошура.

Она што сакам да го потенцирам е дека овој бизнис може многу подобро да биде рангиран на Google (и тоа како прв без да плаќа за реклама на Google Adwords). Тоа треба да се искористи бидејќи доколку успеете да имате повеќе посетители од надвор поголема е веројатноста за нови зделки за извоз. На пример, ако имате месечно 1000 посетители од надвор и успеете со Вашата веб страна да конвертирате само 0,5% во купувачи, тоа се 5 нови зделки или договори за извоз месечно. Ако имате 10.000 посетители со истатата стапка на конверзија ќе имате 50 нови зделки месечно. Што не е неостварливо.

НАПОМЕНА: Воопшто не е злонамерно искористена Фабрика за Кабли од Неготино, ниту пак е спонзориран овој напис на претприемач, едноставно една вежба за тоа како да се подобрат бизнисите во Македонија, а со тоа и целокупната економија. Од друга страна над 95% на веб страни на македонските бизниси се вакви, а оваа е една од подобрите.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] адреса користи сопствен домен и тоа домен на бизнис веб страната. На пример, доколку акаунтите за електорнски пораки […]

  2. […] има динамична содржина што значи дека на него постојано се објавуваат нови […]

  3. […] за оптимизација наведов дека не може да се очекува тие неколку страни во вид на брошура дека ќе бидат оптимизирани за илјадници клучни […]

  4. Хостинг Компанија - 5 Елементи при избор | МКхост Блог напиша:

    […] е веќе незамисливо малите бизниси да немаат сопствена веб презентација и продажба преку интернет. За оваа намена Ви е […]

  5. […] е веќе незамисливо малите бизниси да немаат сопствена веб презентација и продажба преку интернет. За оваа намена Ви е […]

  6. Хостинг Компанија – 5 Елементи при избор напиша:

    […] е веќе незамисливо малите бизниси да немаат сопствена веб презентација и продажба преку интернет. За оваа намена Ви е […]

Speak Your Mind

*