post

Забава – Маркетинг Средство 39

Дали сте замислиле некогаш да ги поканите вашите сегашни купувачи и некои потенцијални купувачи на забава која ќе ја организира Вашиот бизнис? Оваа маркетинг средство може да има голем потенцијал во градење на еден бренд за Вашиот бизнис кој ќе се помни и по зaвршување на забавата.

Забава како маркетинг средство

Оваа е едно маркетинг средство кое го прават големите компании кои вообичаено организираат забави на плоштади како би го зајакнеле сопствениот бренд. На тие забави вообичаено посетителите ги забавуваат естрадни уметници. Но, кога станува збор за малите бизниси воопшто не мислам на една таква забава.

Забава на каква што мислам во оваа маркетинг средство е една забава која ќе биде повеќе персонализирана, повеќе лична и повеќе пријателски настроена. Иако позадината е бизнис цел, сепак бизнисот ќе биде настрана во текот на таа забава. Поважно е посетителите да се чувствуваат пријатно и забавно.

Која е целта на забава како маркетинг средство?

Постојат повеќе цели на едно вакво маркетинг средство. Тука би ги издвоил поважните:

  • Воспоставување на еден пријателски однос со тековните купувачи.
  • Градење на доверба со купувачите.
  • Претставување во едно вистинско професионално издание.
  • Докажување дека Вашите купувачи се вредни за Вас.
  • Повторување на бизнисот во иднина.
  • Можеби најзначајното: ширење на зборови со кои ќе го промовираат Вашиот бизнис.
  • Изразување на благодарност за една успешна соработка во изминатиов период.

Каков е процесот на забава како маркетинг средство?

Немора ништо да биде сложено или претерано, важно е само да се воспостави еден сосема поинаков однос со постоечките клиенти и некои потенцијални клиенти. Ова е еден едноставен процес кој вие како претприемач би можеле да го следите:

  • Осмисли ја забавата во однос на тоа каде ќе биде, колкав ти е буџетот и колку луѓе ќе можеш да поканиш.
  • Направи листа на луѓе кои се ваши тековни купувачи и кои ќе ги поканиш.
  • Направи листа на потенцијални купувачи кои би можел да ги поканиш. Запомни дека целта е овие луѓе да ги трансформираш во твои купувачи. Затоа во овој избор нека бидат оние кои се најблиску до донесување на одлука за купување.
  • Подготви покани за забава.
  • Испрати ги поканите.
  • Подготви неколку верзии на различни теми на кои би сакал со нокој од поканетите да разговараш.
  • Спроведи ја забавата.

Доколку го применувате оваа маркетинг средство направете го постојано. Нека биде оваа маркетинг средство еден стандард кој ќе го применувате секоја година. На пример, како годишнина од постоење на Вашиот бизнис. На забавата нека присуствуваат и Вашите вработени, тоа многу ќе им значи.

Вирозен елемент во забава како маркетинг средство

Ова е една од најзначајните предности на ова маркетинг средство бидејќи добрите забави се прераскажуваат еден на друг во текот на целата година. И тогаш, повторно го направите истото сеќавање за наредната година.

Луѓето вообичаено сакаат да се пофалат дека биле поканети на некоја забава на која си поминале многу убаво. Тоа фалење го шири Вашиот бренд како вирус од уста на уста. Доколку навистина успевате да подготвите квалитетни забави, ќе има листа на луѓе кои ќе сакаат да бидат поканети. А, за да бидат поканети треба да бидат Ваши купувачи. Нели, тоа ни е конечната цел.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*